Убаво е што постојат вакви личности, но поубаво е пред се што ти се фокусираш да ги приметиш овие убави нешта. Јас кога ми се случи таа непријатна случка за која спомнав бев ептен потиштена. За несреќа па една блиска по интервенцијата во болница наместо да ми е поддршка ми ги набројуваше сите можни компликации. Тогаш мислев ми прави добро и се грижи додека не сфатив ме тера да се фокусирам на се негативно. Ставив граница и јас како тебе откако започнав да се фокусирам кон истото како тебе се повеќе забележувам луѓе со позитивни намери и убави нешта. @perlaa1 нормално е да се грижиш, мајчинското во тебе зборува, но се надевам се ќе помине во најдобар ред.
Дури сега те прочитав дека си била нападната од кучиња, ако добро разбрав. Опасно е надвор и за кучиња и за луѓето, ама најголеми виновници што тие кучиња се надвор и што напаѓаат се луѓето. Жално е што најчесто настрадаат луѓе што мравките ги пазат да не ги нагазат дур одат поради некој што од омраза ги тепа. Треба да се средат скитниците кучиња, не се знае кога ќе му текне на некое куче да те нападне таква му е природата едно од што инстинктот им вели дека треба да си ја штитат територијата, друго од што ќе те смета за потенцијална опасност.. Плус жално е и за нив така да скитаат по улици, колку пати ќе видиш само некое прегазено па се мачи, едно е ако претставува опасност да се успие на смирен начин со инекција друго да трпи болка и после да стане агресивно ако преживее.. И џабе им се оние на ушите закачени дека се вакцинирани, добро е тоа, ама кога можат да ги фатат да ги вакцинираат можат и да ги приберат дел нека се вдомат, дел нека се успијат и нека стават строги закони за напуштање миленици, по можност затвор.
Да се надоврзам самата: Никакви креми, препарати, чистачи, (серуми и чуда неам користено), али убедена сум дека НИШТО не ме оправа како коа укинувам благо, доволни се 2-3 дена, разликата е очигледна Ќе му се намочам на благото, не го јадам више!!!!!! Ми се згади, одвратно е.
Значи не може на секој што го мрзи да уклучи мозок да спои 1+1 да треба да земам сѐ посебно да му цртам, за бејсик секојдневна комуникација, ништо комплицирано. Стварно п р е т е р а н о ме заморува да се објаснувам три пати кога може од прва да е сфатено, нормално под услов другата страна да има волја за тоа.
А да прекинеш и благо и леб, за неколку недели огромна разлика ќе видиш. И чисто лице и помалку надуено, и помала тежина... На истово бев до пред некој ден, ама сега во пмс сум, ждерам како невидена... Рацете и нозете сами ми одат накај фрижидерот.
Неколку дена прекинав, не гладувам, но прекинато е, како беше, ухххх иде на поарно. Лошо ми беше цела недела, решив да се уозбилам Само да те здрма нешо, инаку тешко иде памет Ја пак си јадам, нема диета нема нишо, но контролирано, здравје само, не друго Пмс, ја треба да сум у пмс, но кај мене тоа све испореметено е, така да неам поим дал сум, или не. Според претходниот месец треба да сум, апетит нема, за упола ко да ми се скрати, може и више. Обиди се да не ждереш толку, да не си го квариш редот За жал нишо корисно нема од тоа, не е задоволство, ниту смирувало вистински.