Убаво е што постојат вакви личности, но поубаво е пред се што ти се фокусираш да ги приметиш овие убави нешта. Јас кога ми се случи таа непријатна случка за која спомнав бев ептен потиштена. За несреќа па една блиска по интервенцијата во болница наместо да ми е поддршка ми ги набројуваше сите можни компликации. Тогаш мислев ми прави добро и се грижи додека не сфатив ме тера да се фокусирам на се негативно. Ставив граница и јас како тебе откако започнав да се фокусирам кон истото како тебе се повеќе забележувам луѓе со позитивни намери и убави нешта. @perlaa1 нормално е да се грижиш, мајчинското во тебе зборува, но се надевам се ќе помине во најдобар ред.
Дури сега те прочитав дека си била нападната од кучиња, ако добро разбрав. Опасно е надвор и за кучиња и за луѓето, ама најголеми виновници што тие кучиња се надвор и што напаѓаат се луѓето. Жално е што најчесто настрадаат луѓе што мравките ги пазат да не ги нагазат дур одат поради некој што од омраза ги тепа. Треба да се средат скитниците кучиња, не се знае кога ќе му текне на некое куче да те нападне таква му е природата едно од што инстинктот им вели дека треба да си ја штитат територијата, друго од што ќе те смета за потенцијална опасност.. Плус жално е и за нив така да скитаат по улици, колку пати ќе видиш само некое прегазено па се мачи, едно е ако претставува опасност да се успие на смирен начин со инекција друго да трпи болка и после да стане агресивно ако преживее.. И џабе им се оние на ушите закачени дека се вакцинирани, добро е тоа, ама кога можат да ги фатат да ги вакцинираат можат и да ги приберат дел нека се вдомат, дел нека се успијат и нека стават строги закони за напуштање миленици, по можност затвор.
Да се надоврзам самата: Никакви креми, препарати, чистачи, (серуми и чуда неам користено), али убедена сум дека НИШТО не ме оправа како коа укинувам благо, доволни се 2-3 дена, разликата е очигледна Ќе му се намочам на благото, не го јадам више!!!!!! Ми се згади, одвратно е.
Значи не може на секој што го мрзи да уклучи мозок да спои 1+1 да треба да земам сѐ посебно да му цртам, за бејсик секојдневна комуникација, ништо комплицирано. Стварно п р е т е р а н о ме заморува да се објаснувам три пати кога може од прва да е сфатено, нормално под услов другата страна да има волја за тоа.
А да прекинеш и благо и леб, за неколку недели огромна разлика ќе видиш. И чисто лице и помалку надуено, и помала тежина... На истово бев до пред некој ден, ама сега во пмс сум, ждерам како невидена... Рацете и нозете сами ми одат накај фрижидерот.
Неколку дена прекинав, не гладувам, но прекинато е, како беше, ухххх иде на поарно. Лошо ми беше цела недела, решив да се уозбилам Само да те здрма нешо, инаку тешко иде памет Ја пак си јадам, нема диета нема нишо, но контролирано, здравје само, не друго Пмс, ја треба да сум у пмс, но кај мене тоа све испореметено е, така да неам поим дал сум, или не. Според претходниот месец треба да сум, апетит нема, за упола ко да ми се скрати, може и више. Обиди се да не ждереш толку, да не си го квариш редот За жал нишо корисно нема од тоа, не е задоволство, ниту смирувало вистински.
Се сретнав со професорка од средно. Со години ја немав видено. Женава ми го погреши прво името, после се сети и си направивме краток муабет. Си ја олесни душата во тие неколку минути што ѝ се случува во животот, ме праша и мене каде и што работам сега, како ми оди. Уз муабет 10 пати ми се извини за името, дури мене ми падна жал. Нејзиниот предмет ми беше еден од омилените и иако не го студирав тоа, жената беше еден од оние професори што ми ја задржа љубовта кон науката и што веруваше во мене кога и јас не верував во себе. И не знае за тоа, дека буквално ми помогна индиректно да дојдам до ова денес. Имаше огромна надеж дека ќе го студирам тој предмет и иако се одлучив за друго, сепак од нејзе научив многу. Ми беше професор за пример. И во тој краток муабет и нејзиното извинување ради името, сфаќам дека некогаш хероите во живо изгледаат вака. Тивки, принципиелни луѓе што си ги оставаат душата и срцето во работата и не се некогаш свесни колку некого поттикнуваат да биде подобра верзија. Ама никогаш не се фалат, не викаат ЈАС те научив, ЈАС ти помогнав. Извира знаење и самодоверба од нив, но и тивка скромност. И сѐ најубаво им посакувам.
Ми се чини со поткастиве одиме во удолница. Единствен добар поткаст е тој на Ландов. Давид Давидовски фаќа женски за цицки, во емисија вика манијаци, се заебава со КТ и Лара. Оној женскиот дечко се уплаши од земјотресот повеќе од баба ми. Катастрофа невидена.
Иако сме истиот човек, различни личности сме. Исто ко да живееме различни животи. На 12 години живеев на друго место со други луѓе, одев во школо, играв фудбал и се дружев со луѓе што денес не знам ни дали се живи. На 22 години живеев на сосема друго место со други луѓе, одев на факс, цепав кантер, искачав, правев што сакам, водев други битки. На 32 години живеев на сосема трето место со сосема други луѓе, работев, имав мал милион обврски, кафе во тишина ми било единствен одмор, водев сосема други битки. Поврзани сме само затоа што сме истиот човек, истото битие. Но како да сме живееле скроз други животи, неповрзани. Истото е и со градот. Градот беше сосема друг кога имав 12 години. Сеа кај што е спомен куќата на мајка Тереза и црквата Константин и Елена, јас го поминав цело детство, таму играв фудбал секој ден на плочникот и тревникот, возев точак, играв жмурка и граница, во кино Вардар ги гледав сите филмови, во Ескимо и Малага јадев сладолед, во палата играв Плејстејшн, во тунелчето до кино Култура одев во Сетнет за да цепам кантер 1.6, кај кафулето Мистер Џек одев на флипери, на плоштад имаше многу дрвја и беше убаво за седење, во декември на ул Македонија имаше тунел од тезги за пазарење, Краш на Даме Груев улицата постоеше од пред да се родам, а од спротива се отвори Улкер продавница, а од другата страна на Даме Груев кај шо порано беше Академска Книга се отвори првиот Тинекс... кој е роден у 21 век не го знае Скопје во оваа форма на постоење (како што јас не го знам во уште постара). Многу ми е чудно сето ова...
Кога не знаев многу нешта ми беше поедноставно живеењето, немав увид во некои нешта. Сега кога знам, пак не се, но многу повеќе нешта од порано ништо не е исто како некогаш. Изгледа навистина е точно кога велат ignorance is bliss.
И потоа глеа како да ти го заби ножот во грб Тоа е македончето, чим нема интерест те предава, навидум пријател а позади тебе гроб ти копа. Мада не само македончето, на балканов сите се исти ама македончето е special за овие работи.