Форумџика на годината

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.030
    Допаѓања:
    16.972
    Пол:
    Женски
    СДК, ај се смеевме на ромите и стана што стана. Него што правиме со оваа (загрозена) елита.

    ..ако не па да им донираме и ние обичните граѓани, да не им се осети. Бар сме солидарни во делот донации. ^_^
     
    На MacenceEna, Miss666 и Gosh им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    8.229
    Пол:
    Машки
    Па јас не мислам така. Нашиот народ е најгостопримлив од сите народи на Балканот. Ти кажувам од искуство. Е сега, има исклучоци каде што некој сака да ти забие нож во грб, но повеќето од народот овде не е таков. :shake:

    Имам многу познанства низ Македонија и можам да кажам дека не е таков народот тука, каков што мислиш, секако, со чест на исклучоци. :angel:

    А тоа што народот е многу лековерен, е сосема друга работа. :(
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    15.473
    Тоа ,,топол народ", брачо Срби ни го залепија како етикета, пошто нашиве искомплексирани небитни ликови, кога ќе дојде некој нивен, секое факинг интервју со Србин е - Какве су Македонце и Македонке, каква је публика, шта волите у Македонију?

    Па они су у фазону - Јаооо, како волим Македонију, људи су тако топли, дивни (истото го вика и у Босна кога гостува), Македонке су прелепе, хехе, најубаво девојче, волим вашу храну, гравчето на тавчето, хехе.

    Ние на ова снесуваме јајце од ној како едни докажани србомани со тапија, а он уствари кешот го сака, пошто само тука и у Српска има тезги, и тоа дебело платени. Кој друг вика Срби на плоштади за компиријади и државни празници? Хрватите и Словенците сигурно не, само фиромците.

    И мене у Бангладеш ќе ми се топли ако ми даваат 50.000 евра за да им гракам таму еден саат. Боље ладен и искрен Германец/Полјак/Швеѓанин, него ли лицемерен балканец, мрш. Ќе те угостат за куќна слава, ама ќе ти ебат матер кога ќе се дели имот или не дај боже сосед да си им. Горам од топлината, еве се стопив.
     
    Последна измена: 14 февруари 2026 во 11:29
    На M&M, theowndemon, zemzela91 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. pinklipstick

    pinklipstick Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е само од Србите доделено тоа топол/гостопримлив народ, сум го слушала од доста националности. Генерално Македонскиот народ има склоност да се клања на странци и у суштина е
    многу фејк народ, огромен дел, нормално со ретки исклучоци кои што се автентично љубезни.
    Типичен приказ за волк во јагнешка кожа се македонците, префини со странци а помеѓу својот народ или во склоп на семејството им се гледа вистинското лице. :mm:
     
    На Biljarkata, Bitter-Sweet, FriendOfDorothy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    8.229
    Пол:
    Машки
    Многу лоша перцепција. Многу. :puke:
     
  6. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    15.473
    У реду е просрпска компир манџо.:lol:
     
    На Gosh, theowndemon, pinklipstick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.163
    Допаѓања:
    83.098
    Пол:
    Женски
    Можеби е гостопримлив ама тоа за странци важи само. Инаку со комшии, со роднини, со сите очи си вади.
     
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.988
    Допаѓања:
    24.687
    Пол:
    Женски
    Јас порано мислев дека сме гостопримлив народ, ама дефинитивно ми се смени мислењето.

    Имав гости од Америка, и кажете што сакате, ама Американците се многу friendly со непознати луѓе, ја имаат таа култура кај нив, да прават муабет со благајник, со келнери, кои исто обавезно се тренирани да имаат насмевка од увце до увце кога работат. И многу е нормално да започнеш разговор на улица со некој кој прв пат го видуваш.

    И доаѓаат у Македонија, со најотворен ум што постои, затоа што убаво ги спремив, во секоја секунда зборат и се однесуваат со почит кон се што гледаат и со најголема желба да прават муабет со локалците.

    И што ги дочекува? Најнепријатни особи што постојат на светот, видоа колку ги мрзи луѓето да работат ко што треба, келнери исплашени што у кафиќ им дошле странци од Америка, газдарицата на АирБнБ им прави скем за пари... го видоа онака најлошото, скроз се разочарав, најутепан народ на свет сме. А они двете беа као две топки позитивна енергија, се ги интересираше и милион пати пробаа да разговараат, срам ме фати.

    Немаме појма ни од угостителство, ни туризам, ни од правење муабет, многу ми се згади од се што сме. Може сме гостопримливи ако некој дојде кај нас дома, ама дека имаме некоја таква култура, не би рекла.
     
    На Gosh, M&M, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.271
    Допаѓања:
    27.064
    Пол:
    Женски
    Кога со платава уредувам дом, многу добро гледам кои трошоци се и колку време треба.
    Ама исто така сфаќам дека има луѓе што се расфрлаат со непотребни работи, а притоа се жалат.
    Не е луксуз да отидеш на кафе или ручек у кафана, тоа фала богу. Ама кој qr ќе ти е да купуваш кујнски робот, пекач за леб и апарат за ориз (а имаш функционален шпорет), дајсон усисивач од 1000 евра, кујна од 3000 евра, а после кукаш дека немаш до 1ви? Стварно познавам куп вакви. И ме боли паткава дали утре ќе немаш за да преживееш, еве најсериозно.

    Знам дека сиромашниот двапати плаќа и не викам да зимаш поевтино али некои работи што не ти требаат, нема да ги купиш.

    Нит до роботи, нит до пекачи, нит до ајфони ми е дојдено кога раатот ми е најбитен и мирна глава дека ќе имам што да јадам
     
    На Gosh, Miss666, M&M и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    8.229
    Пол:
    Машки
    Па не само за странци, туку и за наши. На пример оди во Гевгелија од друг град, прошетај низ градот, комуницирај со локалците и ќе видиш дека народот е гостопримлив.

    Во Скопје може не сме толку гостопримливи, ама тука најмалце скопјани има, бидејќи има инвазија од другите градови.
     
  11. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    Дојди слободно да видиш како те гледат под око сите.
    Измешан е и народот во Гевгелија, гости јок, дури ако седиш на кафе повеќе од 1h почнуваат сите да мрдат, да ти ја собираат чашата со пола испиено кафе.

    Се досели цел Валандово тука, ја донесоа пола проста раја и го посраа градот.