Форумџика на годината

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.693
    Допаѓања:
    92.709
    Пол:
    Женски
    Ова е точно за оние кои имале нормални односи со блиските.
    Оние кои имале токсични родители или блиски, нарушени односи или скриени конфликти одењето во странство и исклучувањето од битни настани додека животот минува го сметаат за бенефит.
    Но точно е дека се пропушташ, а реприза нема.
    И да родендените и сите настани на кој човек се радува се битни во животот бидејки го исполнуваат.
     
    Последна измена: 28 февруари 2026 во 18:24
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.830
    Допаѓања:
    17.902
    Никој не рече дека се помалку вредни тие што вртат плескавици од било кого.

    Не ми ја сфати поентата.

    @Cosmi единствено, како и секогаш најмногу ме разбира, што сакам да кажам.
     
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.426
    Допаѓања:
    17.374
    Па не знам, јас овде гледам лечење на фрустрации. Нека каже некој друг со која намера е кажано освен ако не во навредлив контекст, дека сите што се во странство според тебе обраќаат плескавици.
     
    На ArabellaStarfall и Dentina им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.830
    Допаѓања:
    17.902
    Еве ви нешто од Кербер...

    На четириесет години не почнуваш од нула затоа што сакаш или затоа што си инспириран, туку затоа што немаш друг избор освен да дишеш и да се влечеш низ калта додека не излезеш на цврсто. Кога ќе те стрефи развод, кога ќе погребаш најблиски, кога ќе останеш без работа и ќе се вратиш од странство со наведната глава и со тело што веќе не го препознаваш, не барај утеха во мотивациони говори бидејќи тие не плаќаат сметки и не лечат болка. Напред се тргнува на сила и со стиснати заби, така што ќе прифатиш дека стариот живот е мртов и дека овој новиот е грда борба за опстанок во која никој нема да те држи за рака. Како се почнува? Се почнува така што ќе престане да ти е гајле што мислат другите за твојот „неуспех“ и ќе сфатиш дека секој ден што си на нозе е твоја лична победа против сè што се обиде да те закопа. Против килажата и заморот не одиш со диети, туку со инает да не му дозволиш на стресот целосно да те уништи, а против празнината во џебот и во душата одиш со прифаќање на секаква работа и секаков чекор што ќе те извади од мртвата точка. Багажот што го носиш не е украс, туку тежок товар што те забавува, ама во исто време е единственото нешто што ти останало и што ти докажува дека си уште жив по сите удари. Нема магија и нема лесен пат, има само денес и имаш ти, со сите твои лузни и порази, решен дека ако веќе мора да се оди понатаму, ќе одиш по свои правила па макар тоа било и најтешкиот пат што некогаш си го одел.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.891
    Допаѓања:
    201.901
    Маче, ако не си Кербер, не разбирам што постојано го/ја влечкаш по темава безвезе.
    Темава е-Сакам да кажам. Не- Кербер сака да каже, Бетмен велит и остали туѓи фрустрации.
     
    На Adidas888, Waverly Raven, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.209
    Допаѓања:
    43.316
    Мене ми чуваат торта замрзната од родендени од внуките :D кога се гледаме љубовта и смеата е таму. Кога зборам со брат ми, близината е стално таму.
    Другарките, една од најдобрите од детството ми е тука на докторски студии 4 години, со друга која е шведска, стално сме на чет/ видео или планираме гледање.
    На тој што не му се свиѓа надвор, патот му е отворен да се врати.
    Јас за ивкови слави не патам. За нормални топли релации, со тие што сум ги имала пак си ги имам.
    Секој нека си прави како му одговара, ама ко ке се почне со плескавиците и вецеата чистење, си викам, ох, ок, можда завист зборува или шта ја знам
    . Во суштина не ми е гајле кој зеленее, таму нека му е, ама мољам ти се, не ми кажувај ЈАС како се осеќам во странција. Јас не сум на печалба, и не плаќам кирија чак :D
     
    На Waverly Raven, LiquidLuna, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.907
    Допаѓања:
    15.001
    Пол:
    Машки
    Па ќотек е најлесно да му се даде на детето, а правилно воспитување најтешко. :)
     
    На Munchmallow20 и boo3 им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    27.276
    Пол:
    Женски
    Да, замисли да бараш од државата законски да ти дозволува да си го тепаш детето:drunk:
     
  9. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Е ова ми е еден од оние обрасци на однесување кои не можам едноставно да ги припишам на ,,културни разлики’’ и да ги толерирам. Марш бре таму, дете ќе ми дојде на гости и нема да го понудам со тоа ние што јадеме … безобразлук, себичност, па еве ако сакате и нечовечност. Ама од толку што имаме културолошки комплекс на инфериорност спрема развиениве земји од западниов свет и тоа го прифаќаме за нормално.
    Еден пример во контекст на муабетов.
    Живеев одредено време во таква земја. Соседите нѐ поканија на забава за вселување во новата куќа. Секој си носи пијачка, храна немаше. Сопругот буквално доби dead stares од еден пар пошо по грешка се напи од нивното вино. Се осетив мизерно.
    Кажете што сакате за Македонијава, не ја идеализирам во никој случај, ама толку ми паѓа топло и убаво на душава кога рандом мајка или баба во парк ќе го понуди моето дете со што год да отвора за нејзиното (Плазма, смоки, па и цел пауч/шмукалче се случувало.)
    Веќе сегде е животот скап, не е тоа изговор за основен гест, особено, нагласувам ОСОБЕНО дете кога е во прашање.
     
    На L.i.n.a.a и ani23 им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    9.317
    Пол:
    Женски
    Не сум под кирија, многу побрзо се доаѓа до живеалиште него во Македонија. Патем зависно колку заработуваш имаш помош од државата во однос на плаќањето кирија или рата за сопствено живеалиште. Додуша државата секако ти помага ако си купиш сопствено, без разлика на сумата која заработуваш. Во Македонија денар помош немав кога купував. Стандардот што? Кога одам во Мк ништо не купувам од продукти. Демек нели за поефтино, уствари кај мене се дупло поефтини на далеку поголема плата. Лекови од Косово и Врање се купуваат затоа што аптеките ве шурат. Облеки имаш за сечив џеб, дури има продавници кај што искрено се чудам како може да е толку ефтино. Единствено занаетчиска работа, да ти е страв мајстор да викнеш.

    Кога ќе размислам тука не ти дава државата да бидеш богат, ама не те остава ни под разно да бидеш сиромав.
     
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    9.317
    Пол:
    Женски
    Убаво му направиле. Не знам каков разум очекувате од мало човече со мозок во развој. Како се справувам јас со тодлеров, без ниту еднаш да го удрам, стварно е мистерија:drunk:. Не е тешко, има и други техники на справување. И треба време за да научи, не е тоа куче па со крекери да го учиш трикови.

    А вие како идни мајки што го поддржувате ова, секоја чест. Не знам како воопшто ви доаѓа да шамарате такви мали очиња и рачиња, што и реално толку знаат.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.574
    Допаѓања:
    17.806
    Пол:
    Женски
    Ова не е апсолутна вистина, ниту за скандинавските држави исто. Ја верувам дека се' е до тоа на каков човек ќе наидеш.
    За Америка конкретно, сум живеала кај/со американско семејство, нема врска. Сплет на околности, имало моменти кога ми требало да идам до тоалет кај непознати, или да си наполнам вода, не памтам некој да не ми дозволил.
    За Данска исто, луѓето се помили од многу други европски држави, достапни се и скоро со секој ќе се разбереш на англиски.

    Не знам каде и што читате, се обраќам на сите кои се надоврзаа и го прифатија ова како даденост за државите, не лично само кон тебе, ама државиве нема да се привлечни колку што се ако ова е баш вака.
    Сериозно.... без преовеличување, има и таму проблеми, али типов нон сенс причина за повеќето мислења последните 2 страни... е нон сенс.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.621
    Допаѓања:
    26.013
    Да нè снема луѓето, планетава со се животните ќе thrive-уваат, заеби религии, филозофии и психологии, толку е просто и едноставно. Самите ние сме ангели и демони, и планетава за некого е рај, за друг пекол, сè помеѓу се само приказки за заспивање.
     
  14. Creation

    Creation Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Машки