Се надевам дека некогаш во некој друг свет ќе бидеме тоа што всушност треба да сме. Не треба да се бориме за еднаквост, ние секогаш ќе бидеме супериорни, во нас има и сила и елеганција. Ние сме создаватели на живот, и секој еден маж треба да го почитува тоа. Не треба да се бориме за еднакви права, треба да сме негувани и почитувани за тоа што го разубавуваме светот со носење на нов живот во него. Ние сме терапевти, масажери, готвачи, воспитувачи, чистачи, доктори, психолози, сексуално задоволство, дружба, поубавата половина….на крајот од денот само обични жени кои не се ни малку почитувани и негувани за придонесот што го прават. Нека ни е со среќа празникот.
Жена е лице од женски род. Да и децата припаѓаат тука, со оглед на тоа колку женски деца сѐ уште се жртви на секакви форми на насилство, трговија и педофилија. Феминизмот не е само за една специфична група на жени. Толку е доволно да се честита 8 Март, нема потреба од поезии и chatgpt патетики.
И тие "девојки" од 18 години се тепани дома или од партнер или силувани и со години тераат правда. И девојчињата од 9 години низ Банлагеш, Индија, Ирак, ги мажат на 9 години. И девојчиња на 3 години им сечат клиторис. И истиве девојчиња ги силуваат и продаваат. И да, празников е и за нив
(Не толку) среќен 8 Март Нема смисла славење на празников, кога сѐуште како припаднички на женскиот пол сме далеку од еднаквост, затоа што: -Сѐуште добиваме превртување со очи од претпоставен, затоа што мора да излеземе од работа кога ни се болни децата. И за истото користиме ден од одмор -Сѐуште сме прашувани на интервју дали сме во брак, и дали имаме или планираме деца. Или се бараат сексуални ,,услуги" за да добиеме унапредување. - Сѐуште на пораѓај нѝ викаат дека нѝ било убаво кога сме го правеле, па немаме право да искажеме болка. И тоа најчесто е кажано од жена. - Сѐуште сами си го бараме ако покажеме деколте или гола нога, додека комшијата го вади дворот без маица - Сѐуште куќата му припаѓа на братот, ти женско си и си туѓа среќа. - Имаш само неколку месеци право на трудничко боледување. - Од тебе се очекува да работиш, гледаш деца и водиш грижа за домот. Ако имаш среќа да имаш маж што е еднаков со тебе, добиваш коментари дека ти го малтретираш, тој е маж и му треба одмор и релаксација, скраја да е ти да одмориш - Сѐуште НЕ не се прифаќа како одговор и си силувана, тепана, па крајно и убиена. И секогаш, некако, ти си крива. И тука ќе се најдат жени да те обвинат - За 8 март имаш маркетинг на најјако за правосмукалки, тави и фенови Можам до недоглед да набројувам, ама пак, не сме, и во догледно време нема да сме еднакви. И што напиша една членка во друга тема, треба да престанеме слабите и кукавични мажи да ги нарекуваме пи*ки, затоа што од тој женски орган се создава живот.
Дали само јас немам другарки за да се собериме и да одиме негде за 8ми Март? Се прашувам дали е до мене?
Денес за прв пат имам излезено на 8мо-мартовски марш и се осетив корисно. Сакав поради ситуација кај нас да излезам во Македонија ама немав прлика па излегов тука во Србија, секако горе-доле исто е секаде на Балканот. Баш ми беше мило што беше маршот за секаква еднаквост полова, родова, етичка.. Треба повеќе вакви маршови да има не само на 8-ми март.. Сега ми излгоа видеа од маршот и ги погледнав коментарите, полни со омраза, жално што има и жени со такво мислење а благодарение на такви маршови и протестии имаат можност да седат и коментираат.. Не мора да излезеш, ама пушти нека се бори тој што сака за своите права од твоите сега што ги имаш никој не ти зема.. Спојлер: Коментарите Од нашиот марш што наидов на видеата не видов хејт коментари, што може и ми дава некоја надеж дека нешто се менува, иако знам дека и кај нас има луѓе што ги делат истиве мислења.. Ама наидов на една објава како шега за 8ми март и не е шега туку понижување.. И други години сум налетувал на истава слика и е ужасно не е смешно, мразам шали што се понижување..
Сакам само да им го честитам 8ми март на сите мажи во мојот живот кои беа поголеми жени од мене И на мојте друшки од фемина Среќен 8ми март
Се честиташе Интернационален ден на жената... Ми се гади од секоја честитка. Честита, а (коментира).. ... се на неа детето и е болно, ќе ја менувам тука. ... овие па шо раѓаат, ние шо немаме деца ги вадиме, трошок жив се. ... ја оговара колешката/другарката. ... омаловажува. ... манипулира. ... навредува. ... лаже. ... провоцира. ... мрази. ... завидува. Најнеискрените честитки дојдоа од жени.
Честит празник P.S. Знам дека читаш Не знам зошто блокови, па гледаш од кај мама тате бате . . . . Тука сум Не знам која смена си за да се јавам, иако ми пиша дека сум мајмун
Мислам дека за нас анксиозните в болница, дур чекаме пациент, некој наш близок, треба да има посебни соби... Жими се... Фала Богу, сестрата ме разбра и ми даде столче да седнам. Ми понуди апче за смирување и благо. Дефинитивно, нашиот медицински персонал треба да се обучува на оваа тематика.
Не сакам да бидам песимист, ама изгледа џабе се мучам, џабе вежбам, џабе пазам шо јадам, џабе јадам од стакло, џабе избегавам тефлон, џабе медитирам, џабе регулирам систем, џабе ќе да е сè најверојатно пошо старцине шо бомбардираат ќе ја сменат засекад планетава и ќе нè сјебат ко битија неповратно, кај и да е.
Дознав дека сум алергична на мачки и не смеам да чувам мачка , мачорот кој го чував ќе треба да се однесе на друго место подалеку од мене, пишувам и плачам , дали сум нормална..претешко ми е , уште како ме погледна сабајлево , мислам потешко ми падна ова со мачоров од колку кога сум раскинала со дечко , зашто мора вака
Го пијам кафево и мислам една работа од вчера. Ден на жената, излегов да купам цвеќе, видов многу жени што не сум ги видела со години и им честитав празник. Но, мене дали 50% од жените ми честитаа. Често ми упатуваа “ти уште не си жена да не ти честитувам”. Само поради тоа што не сум во брак. Но жената не ја прави прстенот на раката. Жена си и кога си ќерка, и кога си сестра, пријателка, колешка и кога си сама жена која што се бори за своите соништа. Затоа Среќен 8 Март на сите жени.