Најдобар бизнис во 2026та година: млада си, убава, голем плус ако доаѓаш од прилично богато семејство, наоѓаш ист таков сопруг кој може и да е геј, битно да ги има истите привилегии како тебе, само повеќе пари. Раѓаш едно-две деца, напоредно почнуваш да снимаш видеа на кои го претставуваш својот совршен традиционален живот, ги воспеваш родовите улоги, објаснуваш самоуверено како жените природно се подесени да не смеат да работат, го понижуваш феминизмот, тук - таму ќе спомнеш демони, гревови, мигранти, па после малку и мажите ги ругаш дека веќе не се провајдери...просечните конзерви со два грама мозок се палат, додека други те исмеваат ама ти зголемуваат прегледи, се акумулираат следачи. После тоа те викаат на подкасти, пак ги рециклираш истите изјави, додаваш тука и анти-вакс реторики, бигфарма, сатанизам - буквално се' што те прави да изгледаш како месија во очите на прости луѓе зависни од интернет. После тоа го правиш твојот прв ексклузивен курс што го продаваш на жените кои сакаат да научат како да станат зависни од својот сопруг, како да се вратат на своите корени-кујната и како да изгледаат женствено. Најбитно е за цело тоа време да се одржуваш со филери, ботокси и сите естетски корекции кои најмалку асоцираат на жена која по цел ден чисти со доместос по дома. Така со тек на време си заработуваш пари и од следачи, и од реклами и од курсеви. Буквално, заработуваш пари од јадење гомна.Voilà.
Лани кај мене во маало, децава што си играат надвор најдоа фрлени кутриња. Две мали, оставени во кутија надвор покрај паркинг. Па земаа им направија креветче од кутија и ќебе и договорено и со родителите ги хранеа кутрињата секојдневно. По некое време мислам некој си ги зема за чување ама барем некое време ги гледав децава со кученцата, нон-стоп некое со нив беше. Лето беше и распуст дека и таман постојано можеа да се грижат за нив. Па еве чисто ме занима дали експертите сметаат дека децава биле дома тепани и кршени од ќотек и затоа толкава љубов и хуманост према животинче? Нели деца со ќотек се учеа да сакаат и да се понашаат ко луѓе? Викате дете растено со љубов и трпение вака не се понаша а?
СДК дека насилството врз жена треба да се казни со доживотен затвор, бидејќи очигледно дури и да оди насилникот во затвор кога ќе излезе пак ќе ја најде начин да ја мачи. Сега ми излегоа видеа на тт во Пожаревац жената 6-7г трпела насилство и се решила да го пријави одлежал господинот 6 месеци затвор и имал 3г забрана да и се доближува и сега фатил снимал видеа за тт како му фалат жената и децата како да се починати и луѓе му изразуваат сочувство за да собере лајкови или за што и да користи. Мајката сега се снима и кажува дека е жива и дека ќе го пријави пак, овој дури тогаш снима видеа кај што објаснува дека е жива и и ја префрла вината на неа, неговата сестра и сојузот на жени жртви на насилство дека и помогнале. Она била среќна со него, сестра му ја свртела против со видеа што и праќала и модриците на врат кои што биле од давење не биле од него, ама он признал, излажал за иднината на децата. Не сте можни, доста ти биле 7г што си ја тепал, пушти, кога не си праќал ни алиментација, ниту си сакал да ги видиш децата, нека си живеат на мира.
Имам 34 години, навистина не би можел да се замислам со девојка помлада од 25 години. Едноставно ми има нешто предаторски во тој сооднос. Не мислам општо на разлика во години, туку на помлади од 25.