Најдобар бизнис во 2026та година: млада си, убава, голем плус ако доаѓаш од прилично богато семејство, наоѓаш ист таков сопруг кој може и да е геј, битно да ги има истите привилегии како тебе, само повеќе пари. Раѓаш едно-две деца, напоредно почнуваш да снимаш видеа на кои го претставуваш својот совршен традиционален живот, ги воспеваш родовите улоги, објаснуваш самоуверено како жените природно се подесени да не смеат да работат, го понижуваш феминизмот, тук - таму ќе спомнеш демони, гревови, мигранти, па после малку и мажите ги ругаш дека веќе не се провајдери...просечните конзерви со два грама мозок се палат, додека други те исмеваат ама ти зголемуваат прегледи, се акумулираат следачи. После тоа те викаат на подкасти, пак ги рециклираш истите изјави, додаваш тука и анти-вакс реторики, бигфарма, сатанизам - буквално се' што те прави да изгледаш како месија во очите на прости луѓе зависни од интернет. После тоа го правиш твојот прв ексклузивен курс што го продаваш на жените кои сакаат да научат како да станат зависни од својот сопруг, како да се вратат на своите корени-кујната и како да изгледаат женствено. Најбитно е за цело тоа време да се одржуваш со филери, ботокси и сите естетски корекции кои најмалку асоцираат на жена која по цел ден чисти со доместос по дома. Така со тек на време си заработуваш пари и од следачи, и од реклами и од курсеви. Буквално, заработуваш пари од јадење гомна.Voilà.
Лани кај мене во маало, децава што си играат надвор најдоа фрлени кутриња. Две мали, оставени во кутија надвор покрај паркинг. Па земаа им направија креветче од кутија и ќебе и договорено и со родителите ги хранеа кутрињата секојдневно. По некое време мислам некој си ги зема за чување ама барем некое време ги гледав децава со кученцата, нон-стоп некое со нив беше. Лето беше и распуст дека и таман постојано можеа да се грижат за нив. Па еве чисто ме занима дали експертите сметаат дека децава биле дома тепани и кршени од ќотек и затоа толкава љубов и хуманост према животинче? Нели деца со ќотек се учеа да сакаат и да се понашаат ко луѓе? Викате дете растено со љубов и трпение вака не се понаша а?
СДК дека насилството врз жена треба да се казни со доживотен затвор, бидејќи очигледно дури и да оди насилникот во затвор кога ќе излезе пак ќе ја најде начин да ја мачи. Сега ми излегоа видеа на тт во Пожаревац жената 6-7г трпела насилство и се решила да го пријави одлежал господинот 6 месеци затвор и имал 3г забрана да и се доближува и сега фатил снимал видеа за тт како му фалат жената и децата како да се починати и луѓе му изразуваат сочувство за да собере лајкови или за што и да користи. Мајката сега се снима и кажува дека е жива и дека ќе го пријави пак, овој дури тогаш снима видеа кај што објаснува дека е жива и и ја префрла вината на неа, неговата сестра и сојузот на жени жртви на насилство дека и помогнале. Она била среќна со него, сестра му ја свртела против со видеа што и праќала и модриците на врат кои што биле од давење не биле од него, ама он признал, излажал за иднината на децата. Не сте можни, доста ти биле 7г што си ја тепал, пушти, кога не си праќал ни алиментација, ниту си сакал да ги видиш децата, нека си живеат на мира.
Имам 34 години, навистина не би можел да се замислам со девојка помлада од 25 години. Едноставно ми има нешто предаторски во тој сооднос. Не мислам општо на разлика во години, туку на помлади од 25.
Алал да ти е. Јас нз како да му помогнам на брачед ми, 40 год има и забегав по женски над 20 год. Лајка сочни слики...
Не зборувам за братучед ти, туку општо, затоа што го има(ше) во моја околина. Имам чувство дека тоа е знак на незрелост од една страна, а од друга страна има и темна страна тоа. Има некои траги од педофилија.
Технички девојка од 23-24 не е дете, за да испаднеш 'педофил' али па знаеме какви се повеќето мажи за жал. Реално разлика е. Порано сум мислела што се 8-10 години, ама се и те како се разлика голема. За мене овие постариве 10 години станаа чичковци више, реално и тоа се. За братучедот на Грллав неам коментар. Манијакален.. Ама и морам да кажам дека и на девојките не им требаат 'сочни слики'. Многу невкусно и евтино.
Големите хуманитарци што прават куќарки за кучиња во изолирани места каде не приоѓаат директно луѓе, ама кучињата слободно шетаат на блиски учици, да земат да чукнат малце главата. Кај мене во маало има една широка површина што е само обрасната и тука на едно 50-100 метри од улица некој им направил 5-6 куќарки на кучињата и ги храни. Е супер, браво златен за тебе. Уште да знаеше кој кретен си со ова. Во јуријава никој не оди, нема зошто, само треви и грмушки е. Ама кучињата излегуваат накај улица и пошто не им приоѓаат луѓе постојано во тоа тревите, не се социјализирани, агресивни се и напаѓаат. А тек што се во чопор, едно да с'сне, идат сите у напад. Прееска си шета дечково мало куче на улицата, некое пудле, му се пуштија 3-4, овој зема кутрето во раце и дим да го њама пред да ги задават двајцата. Можеш да ги храниш и да им помогнеш и тоа да го направиш на начин кој е безбеден за сите.
Кај мене во градот кај што израснав баш во центарот има куќички вакви една е пред дуќан за деца (играчки, алишти) и куќата едно куче си ја има присвоено и тоа омиленото на децата, баш ме потсети на него со муабетот за куќарки. Инаку кучето мислам дека е едно од најстарите улични во градот јас основно бев се сеќавам и ние го храневме и секоја наредна генерација, на секој одмор беше во школски двор. Се сеќавам баш додека траеше школската година беше дебело и тоа баш дебело, а после летен распуст беше слабо ребрата му се познаваа, жал да ти е да го гледаш. Не знам дали некаде чувам слики од него, баш ќе проверам. И мило ми е кога ќе отидам и го видам дека уште е живо.
Еуфорија за кренат Кутлеш на концерт у Скопје, економска поддршка и редици возила за у Грчка на лето, фиромска класика.
Ќерка ми денес, надвор, со раширени раце, затворени очи: "Многууу ми еее убавоооо сонцеетооооо". И на мене ќерко, и на мене. После изнатрчано утро, и изнавозено со точак попладне, еве ја сеа со кока кола зеро, кисели гумени црвчиња, нова фроузен боенка и нови шарени пенкала, living her best life.
Фамилиите од двете страни со исти размислувања, ставови, навики - се знае што е машко, што женско. Типично размислување дека иде све на братот, дека ти со путката меѓу нозе идеш кај мажот, дека ти си девојче и ќе готвиш и миеш садовите. Така било, така и морало да биде. Генерации бркани жени за да има место за братот, генерации жени со исушени раце од домашна работа. Генерации мажи кои јајце не знаат да спржат или добиваат аплауз ако го спржат. Тетки и братучеди - сите исто - братот останува, сестрата сиктер. И мене ме учеа исто. И со години се мразев ради тоа што женско сум се родила. Покрај другото, огромен страв ми беше дека ќе завршам со иста судбина, дека освен кај мажот дома, потчинета и без свое јас, друга опција немам. Уште како тинејџерка помислава ме плашеше премногу ама премногу. Си викам поарно да умрам него тоа. И иако бев просечно дете, имав некоја внатрешна желба дека јас сакам да го променам светот. Онака детска желба, си викав ќе бидам хумана и ќе помагам, ќе бидам можеби научник, не знам. Ама сакам да бидам причината што некој некаде ќе биде среќен, зошто видов како е да не бидеш. Ама учев област која некогаш не можеле да ја учат жени, правев работи кои некогаш не смееле да бидат направени од жени. И така засега променив еден свет, својот. Не го попримив никогаш истиот менталитет дека јас сум помалку. А денес си викам ако утре имам ќерка, јас ќе ја учам дека она ко жена може многу, дека вреди повеќе од секој углед, збор, традиција. Дека луѓето ќе ги цени по тоа колку направиле за тебе, а не што ти биле на тебе. Да знае да сака ама и да стави стоп кога нејзе не ја почитуваат. Па се надевам ќе создадам таков убав свет и за некој друг.
Убав сончев ден за да испаднеш надвор и на сончева светлина да се чупаш.. Стоиш пред огледало, се чупаш, се загледуваш, и сфаќаш дека лицето ти е во тотална катастрофа. Се гледаш, секој пор, секоја бубулица, секоја неправилност, не мислев дека толку ми е критично лицето.. Се изнервирав..
Не знаев дека во зградава станарите имаат Viber група каде што комуницираат. Толку сум антисоушал што на татко ми, уз муабет, му побарале број од мене за да ме додадат. Понекогаш мислам дека многу малку луѓе имаат прилика вистински да ме запознаат. Гарант сите мислат дека сум ,,леш" у живо, а и така делувам пред непознати ств. Најјакиот момент беше што додека одев на работа, се собрале сите колеги во некоја биртија, а мене никој не ме викнал, дознав од fb. Ова е стварно тажничко, али јас се израдував кога дознав, ако ми се јавеа ќе морав да измислувам причини зошто нема да одам.