Почнав често да си пуштам https://myretrotvs.com/, или поточно 90ти, а особено сакам да ги остаам рекламите да вртат дур листам тамблр или читам книга.
Сакав да направам плескавици посни од леќа, не го изгледав рецептот до крај и правев по мое.. Погрдо нешто немам јадено во животот. Ужасни се на вкус, јакото е што направив многу и утре да јадам бев влезен во филм дека ќе бидат превкусни. Утре планирам да ги дадам на улични мачки или кучиња што и да сретнам прво надвор, ама мислам дека дури ни тие нема да ги јадат. И еве сега седам и мислам што да јадам, ме мрзи пак да готвам ќе останам на ајвар. И ајвар не јадам често, ама после плескавиците мислам дека превкусен ќе ми биде.
Сдк, не е точно дека пријател/роднина се познава во тешко. Најдобро се гледа лицето на личноста кога ти е најдобро во животот. Да одглуми некој дека те жали и многу лесно, но да ја скрие љубомората и зависта е скоро невозможно. По лице му се познава на човек дека не му е мило што си постигнал или купил нешто. Освен тоа, од пуста љубомора едноставно се дистанцираат од тебе. Ај да го прават ова само туѓинци и да не ти е многу чудно ама од брат/сестра да доживееш такво нешто е баш за никаде. Сфаќаш дека им е битно само ним да им оди добро во животот а на другите баш и не мора.