Почнав често да си пуштам https://myretrotvs.com/, или поточно 90ти, а особено сакам да ги остаам рекламите да вртат дур листам тамблр или читам книга.
Сакав да направам плескавици посни од леќа, не го изгледав рецептот до крај и правев по мое.. Погрдо нешто немам јадено во животот. Ужасни се на вкус, јакото е што направив многу и утре да јадам бев влезен во филм дека ќе бидат превкусни. Утре планирам да ги дадам на улични мачки или кучиња што и да сретнам прво надвор, ама мислам дека дури ни тие нема да ги јадат. И еве сега седам и мислам што да јадам, ме мрзи пак да готвам ќе останам на ајвар. И ајвар не јадам често, ама после плескавиците мислам дека превкусен ќе ми биде.
Сдк, не е точно дека пријател/роднина се познава во тешко. Најдобро се гледа лицето на личноста кога ти е најдобро во животот. Да одглуми некој дека те жали и многу лесно, но да ја скрие љубомората и зависта е скоро невозможно. По лице му се познава на човек дека не му е мило што си постигнал или купил нешто. Освен тоа, од пуста љубомора едноставно се дистанцираат од тебе. Ај да го прават ова само туѓинци и да не ти е многу чудно ама од брат/сестра да доживееш такво нешто е баш за никаде. Сфаќаш дека им е битно само ним да им оди добро во животот а на другите баш и не мора.
Не, само манијаци лајкаат тоа и кога ќе видиш дека на некој цел алгоритам на инста му е со девојки, бегај.. Еве мене не ми ни излегуваат такви слики/видеа дека не ни гледам тоа, а гледам доста различна содржина спорт, вести, цитати,коли, животни, бебиња....
Не мора да значи само сочни слики. Има машки што си лајкаат и нормални слики од нормални девојки и тоа една по една. Не им ја сфаќам поентата.
Манијачење е пак, како сакаш врти го, манијачење е. И коа ќе земеш да отвараш и пребаруваш у срч, без разлика маж или жена си, пак е манијачење. Ако целта ти е да го 'анализираш' чоекот. Замисли социјалните мрежи да беа ко у живо и некој на ист начин те 'проверува' Тврдам дека ве утепаа социјалните мрежи! Не знаете како е да не се интересираш, преубаво е Мирна глава пред се'. Си иам време да се замарам исклучиво со мене и моите проблеми.
Нинче мила баш ми беа твоите мислења интересни дај срцка те молам кажи како си потпишана на Кајгана? Ако некој од вас драги членови има инфо за Нина нека сподели по долги години се вратив на форумов ама сум испуштила многу... по се излеа ќе треба по Нинче на кајгана да одам
Кој тоа ја? Ако за мене збориш, не не се бавам, остај на форум шо се оправам, у живо кур ме боли за сите, ама најозбилно Ако збориш за некои таму шо паламудат, нека попушат и они, само тоа им останува Сдк дека надвор преубаво мириса, ко на пролет, на свежо, и каква тишина владее на улицава моментално, одамна неам уживано вака у тишина
Сдк... некој подолг период не бев на форумот.... аииии многу работи се смениле во мое време кога бев тука активна немаше толку мажи Ова феминава многу заразна, жал ми е што сум испуштила многу работи тука
Во моментов ми треба само некој да ме прегрне и да ми каже '' не грижи се, сѐ ќе биде во ред ''. Ете, само толку барам