Многу ми е жал за мачето што се грижеа вработените во дм што останало на улица. Сега поминав од таму и лежеше пред вратата, како и секогаш чека некој да отвори вратата да влезе. Му купив храна, ама кога излегов од маркет го немаше, не знам кај замина. Сепак му оставив, се надевам ќе ја најде. Мило ми е што уште некој му имаше оставено вода и храна, барем нема гладно да биде.
И јас сум христијанин, верник, што пости, чита Библија и повремено оди во црква. Ама ненормално многу ме нервираат еден тип на верници, пример : - "гледај во пост овој бурек јаде" -"моето дете ќе го учам во црква да оди нема геј да биде" -"а зошто имаш ти тетоважа, знаеш ли дека е грев" -"денес е празник не се работи господ грев ќе ти пише" -"геј луѓето заслужуваат смрт, голем грев е тоа". Прво друже ти како така безгрешен, не знаеш дека и судењето на други е грев? Второ што ти е гајле за мојот грв, јас ако не постам, имам тетоважа, лажам, крадам што и да правам јас ќе си платам за тоа ако треба, јас ќе бидам казнет не ти? Терај си го животот како мислиш и пушти секој нека си живее како му е убаво. Исто од кај знаеш детето дали ќе остане икони да бакнува кога ќе порасне или сепак ќе биде геј. И што ќе правиш ако одлучи да е геј? Јас ќе го учам на она се што мислам дека јас е праведно, а кога е доволно зрело негов избор е како ќе живее.. Што ти пречат геј луѓето? Тебе ти прават нешто? Не, си бркаат нивна работа... И ова следењето на празниците, ако ми се работи ќе работам, што треба да седнам да простам?
Донесовме одлука во временскиов период да се отселиме. Пред да ја донесеме како конечна одлука бев 10000% сигурна дека сакам да одам. Откако донесовме одлука, ме фати страв, паника, некако и МК ми стана убаво место. Ме фати анксиозност на најако!
Ми излегува сликава и немам зборови колку е одвратна. Нема подолно од родители кои потценуваат туѓи успеси во кариера, спорт, образование само зашто не родиле овие другиве. Мислам... многу јасно им се гледа несигурноста, можда и фрустрации дека они не успеале доволно па вака се тешат дека сите останати успеси се ништо. Некој што не се радува за мене оти јас сум успеала во кариера, јас не му се радувам за детето. Оти ако ти значам, ако ме поддржуваш, за сѐ ќе ме поддржуваш. ФМП
Кербер ис д босс. Жената за да се мажи треба да знае да готви, да чисти, да средува, да пречекува и испраќа, да работи, да мисли дали сите се здрави, да памти кој кога треба на лекар, да ја почитува неговата фамилија повеќе од својата, секогаш да изгледа средено, насмеано, културно, паметно, духовито, трпеливо… Да не приговара, да не крева глас, да не се смее „прегласно“. Да плаќа сметки навреме, да мисли на даноци, да закаже сервис, да смени гуми, да провери осигурување. Фрижидерот полн, куќата средена, проблемите решени уште пред да станат проблеми. И тамам кога ќе заврши сè ....се појавува ОН. Лежерно. Без грижа. И прашува: „А ти што правиш цел ден?“ Ништо, срце. Седам така… малку одржувам живот во еден свет, малку во друг. Зашто според тие „правила“, ако жената не е сè во едно тогаш не вреди. А вие? Вредите само затоа што постоите? Затоа што знаете да смените канал и евентуално да изнесете ѓубре ако ве потсети некој? Критериуми како оглас за работа: се бара совршенство, се нуди просек. И најгласни се токму тие што немаат што да понудат. Без мера, без срам, без самосвест. Не е проблемот што жените „не сакаат“. Проблемот е што веќе не прифаќаат да бидат сè додека до нив стои некој што не е ни половина од тоа.
Ако нешто мразам и ме нервира, тоа се предрасуди, многу, многу примитивно е! И самата сум родител ама добар дел од пријатели имам кои веќе се во години па не се оствариле како родители, си тераат кариера или хоби кое ги исполнува итн итн, значи нивен живот нивни правила. Мене ме радува да ги гледам среќни, здрави прави и на број. Тоа е најважно
Ќерка ми: Мамо, знаеш сикс севен? Јас се праам наудрена: Не, шо е тоа? ЌМ: Не знам, *име на дете од градинка* го кажува. И тоа е сè шо треба да знаете дека нема ти шо сакаш, контролата е само илузија. Ама ќе продолжиме да водиме битка. Патем имаат по 5 години, мојата е 4 ипол.
Да, популарно било, истото го бамкаме и тука, сикс севен сикс севееен, а шо значи? Појма немал. Ако знаеш што е хелп ми плиз
Глупост е, од некој тик ток кај што дете прави со рацете знак ко сикс севн, па поврзано со некоја песна, со некој кошаркар на натпревар. И викам на мојава дека помина тоа, лани беше, старо е, нека најдат друго нешто, главава тапан ми е.