Точно така. Кој пости на вода, треба да нагласи и ќе види што е на располагање. Секој прави како му одговара. Некои не постат за причест, некои имаат и благослов за одредена храна поради здравствени проблеми на пример. А, тука би додал, најважното нешто за време на пост е што ќе кажеш/сториш, а не што ќе јадеш. Јадењето е можеби еден тест на воздржаност, одрекување од задоволства во вид на храна. Вистинскиот пост се случува преку духовното.
Рибата не е посна храна. Не знам од каде е ова. Јас прв пат кога почнав да постам зошто имав проблем со желудникот и не можев да постам на вода што е од понеделник до петок свештеник ми даде дозвола да постам со зејтин само ако можам среда и петок да биде на вода. Рибата ко што кажав за кој и сам ми нагласи е дека е дозволена само за Цветници и Благоец. Ако има правила како се пости сметам дека истите треба да се почитуваат. Освен храна треба да имаш и чиста мисла и чисто срце. Неспорно е тоа.
Ја отворив темата фемина инстаграм за јадење и навистина некои јадења, торти, како естетски е сликано, ти иде од екран да му влезеш и се да изедеш. Ама некои шлакатарници, земено со кутлача мавнато во тањир, па прснато нешто, дури звукот на прсканицата ми искача, ау. Зошто би сакала да го сликам тоа?! А и зошто на некој тоа би му било вкусно или би побарал рецепт. Врвот ми беше, некоја кафеава течна смеса накипена врз ориз што и да е. Да не речам на што личеше. Што луѓево подразбираат под инстаграм? Ваљда треба да е естетско пред да биде постирано. Барем јас така мислам.
Според твоето и храната на масло не е посна ама е дозволена за викенд. Инаку според типик да за овој пост дозволена е два дена, за Богородичен е дозволена секој викенд, за Петровски пост секој ден е дозволена само среда и петок не.. Цел пост се јаде посна храна и рибата е посна, да не беше немаше да биде дозволена во ниту еден ден.. Ако не е посна која е поентата да се јаде во пост. И не не секој може да издржи да пости според типикот дури и да е здрав.. Јас масло и онака слабо јадам ама кога почнав со постот, а пред тоа во ден јадев многу протеини од месо, млеко и јајца, не издржав ни недела на овошје ми се вртеше и почнав да јадам риба и најчесто јадам туна конзервирана во вода...
Океј јас зборам за Велигденскиот пост рекламава е сега не е за Богородичен пост во август или за Петровденскиот пост во јули. Значи за Велигденскиот не е дозволена. Што значи не смее да јаде. Тоа ако на некој му е дозволена ко што викаш ти можеби на лице кое е болно и изнемоштено меѓутоа сака да пости. Не значи дека и за здрав прав тоа важи. И на крај краева не ти ја сфаќам поентава да ми контрираш меѓутоа треба да се знае што е правилно а што не е.
Кој пости без риба нема сигурно поради рекламата да отиде и да земе риба. Плус и другите посни јадења може не се без масло.. И во пекара на многу производи стои дека е посно а сите имаат масло, па ако постиш без масло нема да ги земеш само затоа што така пишува.. Исто и на посни запакувани производи генерално се со масло и сигурно не амбалажата нема да пишат "посно дозволено на тие и тие датуми". На крај е само реклама тоа е се што имаат што е посно, ако не нека трае 3 часа рекламата па да објаснуваат кога е дозволено кое посно јадење да го јадат.
Добро дали овие што шијат женски панталони, виделе уствари жена као изгледа? Не, не може факинг да се најшироки најгоре на половината, а доле тесни И попрактично е да бидат со ластик горе, да се прилагодува на струк. Последниве години неколку пара ми имаат пукнато, иако сум земала точен број. А малце поголеми и више стрчат и паѓаат. Зборам за онакви класични панталони. Буквално еднаш се спремам да идам на интервју за работа, се облекувам, седнувам да се шминкам, и кррц патентот чао пријатно. Среќа па бев дома уште. Сеа скоро уште два пара такви, на газ ми пукнаа. А горе у половина буквално широки. И сеа све зимам широки што паѓаат надоле, као шалвари, или ако се ус тело, горе у струк да се со ластик. Овие со класично закопчување више јок.
Сега ова што го збориш нема благе везе ама океј . Сакам да кажам луѓето што не постат и што не знаат што се јаде а што не мислат дека рибата е посна ама не е. Знам бидејќи еве јас постам и многу пријатели и роднини што не постеле никогаш ми понудиле риба да јадам бидејќи сметале дека смее да се јаде а сепак не смее. Ама добро човек тука не смее да каже ништо зошто мора одма некој да контрира .
Јас не сум зависник од благо и ретко правам торти, ама и кога правам воопшто не ми се естетски убави ама убави ми се бидејќи ги правам од здрави состојки и размислувам што јадам. Не значи дека се што е убаво сликано е исто така квалитетно ,се знае какви се повеќето торти со еден тон шеќер и ова не е реален инстаграм што знам....
Навреда ли треба да биде ова Не мора да ставаш слики, за да знаеш нештото што се прикачува дека треба да изгледа малку барем привлечно. Не ни приметив нешто твое таму, така да не знам што скокаш. Ако на тебе ти е естетски да сликаш натепано све во тањир, размачкано, очигледно е дека имаме различни вкусови за естетика.
Кој? Арабелка ли? Арабелка да намали со ругање, доволно беше за чепкалките и влошките. За тоа се слагам и ја. Секој не го бива за готвач и слаткар и да знае да декорира. Нити секој има јака пара ко неа. Ако имала талент ќе се пофалеше
Нормално дека не очекувам од секого да прави професионални слики или да декорира јадење. На крај краева, ова е форум и темата служи за забава и да си покажеш што си зготвила. Но, не е ни се за да се става на интернет. Сакаш да ми кажеш дека се ти изгледа убаво и вкусно во таа тема? Лажи ме.
Знам дека не беше за мене, прво не објавувам таму многу често, друго, знам дека сликите не ми се толку лоши. Ми смета што непотребно навредуваш. Темата е повеќе за споделување што готвиме и јадеме, и некој може ќе праша за рецепт за домашна неестетска компир чорба. Мислам, не се сите Аника55 и никаде не е услов да е се средено убаво, со ружи во позадина, ливче магданос за декорација и професионално осветлено. Ако некој нема око за убава слика, нека постира како сака, не е натпревар. Многу ружно што ти текнало да искоментираш воопшто. Мрчатор.
Не. А за вкусно, па не знаеме тоа. Шо ако баш тоа шо ти е непривлечно е највкусно од све? Тортине се добри, али едино фотогенични за сликање, иначе шо убавина има у 5кг фондан и шеќеришта?
Подобро е јадењето да не изгледа естетски привлечно, но да е вистинска лична слика на членка. Отколку да изгледа естетски привлечно, но да е слика копирана од moirecepti, sezahrana или некој странски вебсајт. Или уште полошо, направена со употреба на ВИ. Фемина Инстаграм не е вистинскиот Инстаграм, чил малце. А и таму не е секоја слика реална.