1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Sukbob

    Sukbob Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Машки
    Точно така. Кој пости на вода, треба да нагласи и ќе види што е на располагање. Секој прави како му одговара. Некои не постат за причест, некои имаат и благослов за одредена храна поради здравствени проблеми на пример. А, тука би додал, најважното нешто за време на пост е што ќе кажеш/сториш, а не што ќе јадеш. Јадењето е можеби еден тест на воздржаност, одрекување од задоволства во вид на храна. Вистинскиот пост се случува преку духовното.
     
    На eliesaab и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  2. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Женски
    Рибата не е посна храна. Не знам од каде е ова. Јас прв пат кога почнав да постам зошто имав проблем со желудникот и не можев да постам на вода што е од понеделник до петок свештеник ми даде дозвола да постам со зејтин само ако можам среда и петок да биде на вода. Рибата ко што кажав за кој и сам ми нагласи е дека е дозволена само за Цветници и Благоец.
    Ако има правила како се пости сметам дека истите треба да се почитуваат.
    Освен храна треба да имаш и чиста мисла и чисто срце. Неспорно е тоа.
     
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    9.534
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темата фемина инстаграм за јадење и навистина некои јадења, торти, како естетски е сликано, ти иде од екран да му влезеш и се да изедеш. Ама некои шлакатарници, земено со кутлача мавнато во тањир, па прснато нешто, дури звукот на прсканицата ми искача, ау. Зошто би сакала да го сликам тоа?! А и зошто на некој тоа би му било вкусно или би побарал рецепт.

    Врвот ми беше, некоја кафеава течна смеса накипена врз ориз што и да е. Да не речам на што личеше. Што луѓево подразбираат под инстаграм? Ваљда треба да е естетско пред да биде постирано. Барем јас така мислам.
     
    На Mr.Limonko, eliesaab и Sukbob им се допаѓа ова.
  4. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    4.322
    Пол:
    Машки
    Според твоето и храната на масло не е посна ама е дозволена за викенд. :drunk:
    Инаку според типик да за овој пост дозволена е два дена, за Богородичен е дозволена секој викенд, за Петровски пост секој ден е дозволена само среда и петок не..
    Цел пост се јаде посна храна и рибата е посна, да не беше немаше да биде дозволена во ниту еден ден.. Ако не е посна која е поентата да се јаде во пост. :drunk:

    И не не секој може да издржи да пости според типикот дури и да е здрав..
    Јас масло и онака слабо јадам ама кога почнав со постот, а пред тоа во ден јадев многу протеини од месо, млеко и јајца, не издржав ни недела на овошје ми се вртеше и почнав да јадам риба и најчесто јадам туна конзервирана во вода...
     
  5. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Женски
    Океј јас зборам за Велигденскиот пост рекламава е сега не е за Богородичен пост во август или за Петровденскиот пост во јули. Значи за Велигденскиот не е дозволена. Што значи не смее да јаде.
    Тоа ако на некој му е дозволена ко што викаш ти можеби на лице кое е болно и изнемоштено меѓутоа сака да пости. Не значи дека и за здрав прав тоа важи.
    И на крај краева не ти ја сфаќам поентава да ми контрираш меѓутоа треба да се знае што е правилно а што не е.
     
  6. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.371
  7. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    4.322
    Пол:
    Машки
    Кој пости без риба нема сигурно поради рекламата да отиде и да земе риба.
    Плус и другите посни јадења може не се без масло.. И во пекара на многу производи стои дека е посно а сите имаат масло, па ако постиш без масло нема да ги земеш само затоа што така пишува.. Исто и на посни запакувани производи генерално се со масло и сигурно не амбалажата нема да пишат "посно дозволено на тие и тие датуми".
    На крај е само реклама тоа е се што имаат што е посно, ако не нека трае 3 часа рекламата па да објаснуваат кога е дозволено кое посно јадење да го јадат. :drunk:
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.331
    Допаѓања:
    27.781
    Пол:
    Женски
    Добро дали овие што шијат женски панталони, виделе уствари жена као изгледа?
    Не, не може факинг да се најшироки најгоре на половината, а доле тесни И попрактично е да бидат со ластик горе, да се прилагодува на струк. Последниве години неколку пара ми имаат пукнато, иако сум земала точен број. А малце поголеми и више стрчат и паѓаат. Зборам за онакви класични панталони. Буквално еднаш се спремам да идам на интервју за работа, се облекувам, седнувам да се шминкам, и кррц патентот чао пријатно. Среќа па бев дома уште. Сеа скоро уште два пара такви, на газ ми пукнаа. А горе у половина буквално широки.

    И сеа све зимам широки што паѓаат надоле, као шалвари, или ако се ус тело, горе у струк да се со ластик. Овие со класично закопчување више јок.
     
    Последна измена: 28 март 2026 во 20:37
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.