Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Fraxinus

    Fraxinus Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2021
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    1.391
    Пол:
    Женски
    Во животот треба да си го гледате само својот ќеиф.
     
    На eliesaab, Aleks.mar и franca им се допаѓа ова.
  2. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.711
    Допаѓања:
    6.655
    Пол:
    Женски
    Во последно време сè почесто гледам слики на улица како мажите ги носат ташните на девојките, а почна да ми излегува и на инстаграм истово, па јасно е дека оттаму е тргнато. Прочитав нешто од коментари и најголемиот дел беа како е green flag, bare minimum и сл. романтизирања :tmi: Страшно како преку соц. мрежи се ставаат на пиедестал нереални, повеќе би рекла крајно исфорсирани и перформативни гестови, додека се занемаруваат суштинските критериуми. Сè повеќе се следи некоја плитка тренд култура во отсуство на критички филтер... И најлошо е што не е ограничена само на помладите генерации :x
     
    На M&M, Gosh, FriendOfDorothy и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    9.969
    Пол:
    Женски
    Си размислувам онака...
    Ако е нормално да смениш дечко по неколку пати, па да си правиш пауза, па сингл, тогаш зошто работодавците гледаат како ред флег ако некој често менува работно место, или прави промена на кариера или еден период прави пауза меѓу работно искуство или едноставно цел живот пробува да се пронајде некаде.

    Можеби некоја криза ме фаќа, ама како знаеш на 18 години што да запишеш и што ќе работиш, а никој не очекува со истиот дечко што го имаш на 18 години да завршиш:drunk:.

    Со оглед дека и самите секоја деценија се менуваме, само кариерата и размислувањето за она што го правиме со себе треба да е константа. После анксиозност, депресија, незадоволство. Можеби има зошто. Ние луѓето треба постојано да се менуваме и да целиме кон промени. Комфорт зона и рамна линија убива, споро, но сигурно.

    Искрено кога ќе видам некој на истото работно место 20 години и не мрда, мене тоа ми е ред флег. Не е лојалност, воопшто. Неамбиција и немање на цел.
     
    На Abel, Raven22, Mari7 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    42.106
    Пол:
    Машки
    Денов да го забележам како ден кога за прв пат видов лисица во живот, во дивина.

    Не да ја видам онака да претрча пред кола, или од далеку, туку бевме на некои 2 метра растојание. Не избега.
    Многу чудно искуство. :)
     
    На M&M и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  5. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    2.289
    Пол:
    Машки
    Животот не е трка против другите – тоа е трка со самиот себе. Секој нов ден е нова шанса да станеш подобра верзија од тоа што си бил вчера. Младоста е време кога се гради карактерот, кога се носат одлуки што оставаат трага за цел живот.

    Не мора секогаш да биде лесно. Ќе има денови кога ќе ти недостасува мотивација, кога ќе сакаш да се откажеш. Но токму тогаш се прави разликата – кога продолжуваш иако ти е тешко. Успехот не доаѓа преку ноќ, туку преку упорност, дисциплина и верба во себе.

    Спортот не е само физичка активност. Тој те учи на трпение, на почит, на тоа како да станеш кога ќе паднеш. Те учи дека болката е привремена, а гордоста од постигнатото трае долго. Секој тренинг е чекор напред, дури и кога изгледа мал.

    Младите имаат сила да го сменат светот – но прво треба да веруваат во себе. Не чекај “совршен момент”. Почни сега. Направи го првиот чекор, па вториот, па третиот. Со тек на време ќе сфатиш дека си поминал многу повеќе отколку што си мислел дека можеш.

    Биди храбар. Биди дисциплиниран. Биди истраен.
    И запомни – најголемата победа е кога не се откажуваш од себе.
     
    На Raven22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.649
    Допаѓања:
    19.027
    Пол:
    Машки
    Море море море времево убајна :sun:
     
    На eliesaab и Raven22 им се допаѓа ова.