Во последно време сè почесто гледам слики на улица како мажите ги носат ташните на девојките, а почна да ми излегува и на инстаграм истово, па јасно е дека оттаму е тргнато. Прочитав нешто од коментари и најголемиот дел беа како е green flag, bare minimum и сл. романтизирања Страшно како преку соц. мрежи се ставаат на пиедестал нереални, повеќе би рекла крајно исфорсирани и перформативни гестови, додека се занемаруваат суштинските критериуми. Сè повеќе се следи некоја плитка тренд култура во отсуство на критички филтер... И најлошо е што не е ограничена само на помладите генерации
Си размислувам онака... Ако е нормално да смениш дечко по неколку пати, па да си правиш пауза, па сингл, тогаш зошто работодавците гледаат како ред флег ако некој често менува работно место, или прави промена на кариера или еден период прави пауза меѓу работно искуство или едноставно цел живот пробува да се пронајде некаде. Можеби некоја криза ме фаќа, ама како знаеш на 18 години што да запишеш и што ќе работиш, а никој не очекува со истиот дечко што го имаш на 18 години да завршиш. Со оглед дека и самите секоја деценија се менуваме, само кариерата и размислувањето за она што го правиме со себе треба да е константа. После анксиозност, депресија, незадоволство. Можеби има зошто. Ние луѓето треба постојано да се менуваме и да целиме кон промени. Комфорт зона и рамна линија убива, споро, но сигурно. Искрено кога ќе видам некој на истото работно место 20 години и не мрда, мене тоа ми е ред флег. Не е лојалност, воопшто. Неамбиција и немање на цел.
Денов да го забележам како ден кога за прв пат видов лисица во живот, во дивина. Не да ја видам онака да претрча пред кола, или од далеку, туку бевме на некои 2 метра растојание. Не избега. Многу чудно искуство.
Животот не е трка против другите – тоа е трка со самиот себе. Секој нов ден е нова шанса да станеш подобра верзија од тоа што си бил вчера. Младоста е време кога се гради карактерот, кога се носат одлуки што оставаат трага за цел живот. Не мора секогаш да биде лесно. Ќе има денови кога ќе ти недостасува мотивација, кога ќе сакаш да се откажеш. Но токму тогаш се прави разликата – кога продолжуваш иако ти е тешко. Успехот не доаѓа преку ноќ, туку преку упорност, дисциплина и верба во себе. Спортот не е само физичка активност. Тој те учи на трпение, на почит, на тоа како да станеш кога ќе паднеш. Те учи дека болката е привремена, а гордоста од постигнатото трае долго. Секој тренинг е чекор напред, дури и кога изгледа мал. Младите имаат сила да го сменат светот – но прво треба да веруваат во себе. Не чекај “совршен момент”. Почни сега. Направи го првиот чекор, па вториот, па третиот. Со тек на време ќе сфатиш дека си поминал многу повеќе отколку што си мислел дека можеш. Биди храбар. Биди дисциплиниран. Биди истраен. И запомни – најголемата победа е кога не се откажуваш од себе.
Од понеделник почнувам со станување рано и пешачење, у случај на природни непогодби, да знаете дека е ради мене, минатиот пат земјотрес имаше, пошто три дена по ред си легнував у 10 вечер.
СДК не знам колку ми е до дијагнозите, а колку сум едноставно уморна. Сум имала периоди да не ми е до ништо, ама ова веќе... сама себе не се трпам. Само спијам и пошто и најпроста работа ми е overwhelming наместо да станам и да фатам бар малку, пак си легнувам. Мислам, сама на себе сум си проблем. До толку што немам волја ни основни испитувања што треба да ги направам - да ги направам. Ич се нејќам кога сум ваква.
Не е дека скроз не поддржувам естетски хируршки зафати, ама кога ќе видам како некои жени корегираат нешто што изгледа сосема нормално, навистина ми е тажно. Ајде прво да пробаме терапија, затоа што тоа се озбилни случаеви на телесна дисморфија. Имам некое општо разочарување во жени кои се перфекционисти во врска со нивниот изглед - јас многу сакам негување, дотерување, средување, не се работи за тоа - ама ме разочарува кога конкретно жени мислат дека тоа е најбитното нешто во врска со нив, и не дозволуваат да бидат видени во несовршено издание, драмат кога најмалото влакно нема да е на место. Oној тип на жени што кога ќе им пукне водењакот прво одат да се шминкаат и да си ја испеглаат косата, као, wtf. Можеби непопуларно мислење, ама малку труд за да излеземе од патријахатот, нема да е лошо.
Јас ќе отидам малку подалеку и ќе го наречам ова знак дека живееме во стварно дистописко време за женската убавина, полошо од било кога. Не може да биде нормално ботокс и филери да се дел од секојдневна рутина за одржување на изгледот, на исто ниво со ставање крема за лице. Просечното лице на инстаграм не е човечко лице, туку е вештачки моделирано и сите се гаслајтнуваме дека тоа е треба да е стандард за убавина за реални жени. Не би ни рекла дека сите овие имаат телесна дисморфија, туку вишок пари и сериозно многу испран мозок. А најгрдо ми е што целава оваа индустрија не' убедува дека го правиме тоа за нас.
Имав гости од странство кои прв пат ја посетуваа Македонија, и се заљубија овде, како што сите се заљубуваат кога ќе дојдат. Нашево местенце е мало, ама Господ кога давал, давал убавина отпојќе. Посебно во пролет е најубава. Е сега, нели, не е се убаво, и си има и лоши страни, како на пример фрлање на ѓубре во природа. Или пак некои луѓе што гледаат да закрпат странец, одма кога ќе видат, му наплаќаат повеќе. Па така пример таксист им наплатил далеку повеќе отколку што требаше, но и тоа не го гледаа како негативно, затоа што за нив секако е овде поевтино. Па се надоврзавме на еден челенџ од Јутјуб. Еден дечко од Англија реши да провери кај е поевтино да се шишаш. Во Лондон едно шишање е 50£, а во Тирана, Албанија е 5€ и повратен со Визер е 50€. Ама кога отиде таму, берберот му наплати 7€, и му дојде исто. Одма ми текна на една стара легенда, кога еден наш од Острелија дошол овде на шишање. Берберот не знаел колку да му наплати, колку повеќе да му побара. И го прашал колку е шишањето таму кај нив, овој му рекол 50$. Берберот му рекол: Ејјј па и тука исто е.
Не знам како можите да зборувате зад грб за другарка што живеете со години и да и се потсмевате. А, после да ја ставате сведок за регистрација и да си идете од гости на гости. Едноставно, се правдате со тоа дека мора да попуштате за да задржите пријател.. Еден бил животот. Ќе ви паднат маските, кога - тогаш. Или јас не сум одовде или нз што.
Аурум бевме на забава одвај една две песни македонски, сето српско, а во Голд Фелиција па повеќе од пола беа македонски песни. Трујам можи ама Битола секогаш пред Прилеп во секое поле, барем имаат каде да излезат, ние само работиме гиниме.
Првпат пред 12години видов лисица во град.Одев на работа сабајле жив човек немаше и слушам нешто ми шушка.Се вртам лисица.Баш чуство што опиша се погледнавме и она си продолжи да оди мене ми беше страв не знаев дали е агресивна , дали ќе ме нападне.Ама среќа ништо не се случи. Друга средба имав пред 2 години пред школото на ќерка ми.Гледам пак лисици две.А само што ја оставив пред школото.Леле кога си направив филмови како ќе ја нападне.Они не ни отишла кај децата. После толку години ми излезе еден наслов на нет пред некоја недела како лисиците во населбата кај што ја видов првпат лисицата биле многу агресивни и да внимаваат луѓето и и да си ги пазат кучињата. Изгледа им е период на новородечиња па се плашат и затоа се агресивни.Исто и гавраните се агресивни кога имат новороденчиња и напаѓаат без причина. Имам и срни и зајак видено , верверици имам гостинки секој ден на балкон .Убава е природата ние луѓето сме лоши.
А што има лошо во тоа? Дм не носи голема чанта, мала за преку рамо и сама си ја носи, ама кога носи ранец на факс и јас сум неа секогаш и го носам или куфер и никогаш немам видено дека е тренд тоа, така сакам јас.. Зошто би носела таа кога сум јас со неа, па колку и да е лесен ранецот..
Па нема лошо кога ја носи затоа што е тешка, значи не станува збор за помош туку за генеричко однесување затоа што интернетот вика така. Мала ташна за во рака или преку рамо, не куфер или ранец.