Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    10.261
    Пол:
    Машки
    Нема поубав душевен мир од тоа кога ќе се разбудиш наутро додека се уште е се тивко и мирно, додека нема раздвиженост и се слуша само пеењето на врапчињата и звуците на природата :music:(heidy)

    Целово ова носи некој посебен мир и спокој кој тешко се наоѓа преку денот кој е бучен и хаотичен.. Понекогаш најубавите моменти се најтивките :sun::f:
     
    Последна измена: 27 април 2026 во 11:28
    На Амаја, Polyincognito, Buttermilk и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Maelina

    Maelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Добив Мерси бомбоњера на подарок и си реков ќе ја отворам да се заблажам. Ја отворив и еве веќе недела дена секој ден си земам по 1-2 чоколатчиња, ни една четвртина не е изедена. Ова е мојот НАЈГОЛЕМ non-scale victory досега. :inlove: Во нормални случаеви целата бомбоњера ќе ја снемаше во рок од 10 минути. За некој може не е ништо посебно ова, ама за мене е преголем успех и напредок. Се има случувано јадења да ги прскам со парфем затоа што физички не сум можела да запрам.
     
    На Амаја, hermosa, Buttermilk и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.567
    Допаѓања:
    19.243
    Пол:
    Женски
    WHAT????? :o :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Викаш функционира ова?

    Да пробам, ама знаеш шо, мене ми е жал да фрлам/уништам храна, грев ми е :(

    Мерси е грда бонбоњера, посебно се грди тие со марципан :puke:
    Е да беше Фереро, нз баш дали ќе одолееше :inlove:
     
  4. Maelina

    Maelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ми е жал, ама си имав таков проблем што не можев да се запрам никако до степен на екстремна прејаденост. Во тој случај прскање храна со парфем и фрлање е далеку подобро отколку да ја изедеш. Секако дека може да ја оставиш за после или да ја дадеш на некој друг, ама кој имал таков проблем знае дека тоа не е опција. :) Најчесто тоа беше чипсови/чоколади, храна што секако не е бенефит за никој.
     
  5. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    681
    Пол:
    Женски
    Debela sum ama imam samodoverba :makeup:(hollest) za slabeenje lesno se slabee a glup i ogranicen ako si m? Nema pomoci. :*:
     
  6. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    681
    Пол:
    Женски
    Има подобра опција за тоа кога ќе ти се пријаде чипс, чоколадо или нешто такво извади ги парите што се наменети за да купиш и пред да излезеш стави ги во пиги касичка, а надвор излези да си купиш вода.
     
  7. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Летово што помина со близок пријател бевме многу кратко на четири дена во Букурешт и Темишвар. На нивниот таканаречен Универзитетски плоштад имаше еден дедо Јапонец што свиреше некој нивен традиционален инструмент. Отидовме го прашавме од каде тука и што тука го навел патот. Ни рече дека е пензионер со наполнети 78 години, доста витален на прва, двете бивши сопруги му се починати, имал четири деца, девет внуци и чекал правнуче.

    Веќе бил на залез на животот и сакал да се почасти со некоја авантура и да не биде терет на своите деца. Земал карта на Европа со главни градови и рандом со прст на прва одбрал место да го посети. Свирењето на улица му е начин да заработи за патување. Во секое место кое го посетувал одел и на риболов, затоа што тоа му е некој вид на релаксација и забава.

    Наредните денови поминувавме од таму, чисто онака да видиме дали уште е тука и свири, ни го поправаше расположението. Ќе не видеше од далеку, ќе се насмееше и мавнеше со раце и продолжуваше да свири, а ние продолжувавме понатака.

    И пред некои три недели отворам македонски портали и читам голема толпа народ се тепале за табла јајце од 300 денари. И така.
     
  8. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    12.789
    Дајте ми ги на мене, дадичка ќе ви ги чува парите за чипсови и благо :l:
    [​IMG]
     
    На Peperutce6, Малечка Малинка и Buttermilk им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.567
    Допаѓања:
    19.243
    Пол:
    Женски
    А картичката да се скрши, или Gpay да се хакне најубаво :rofl:

    Нема спас за жал, спасот е само немај пари, е тогаш и те како ќе си фит и нема да забегуваш по ништо :angel:

    Сме нашле па сме зашле.

    Баш си размислувам шо праеле луѓево порано, обичната раја која немала волку луксузи да си дозволи, а сепак посреќни си биле :smirk:
     
    На pinklipstick му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.279
    Допаѓања:
    168.196
    Потресена од настанот со шестоодделенката, можам само да кажам дека многу кажува за возрасните...
    Децава само немаат филтер, не се искалени за елегантноста во делата и како да си го покријат газот, па делуваат очекувано, не им е обликуван мозокот уште.
    Колку реално родителиве се свесни дека не треба некого да најадат со измет, за да важи тоа "дома така видел".
    Интересно што вакви социопатски и психопатски појави лесно припаѓаат во зоната "абе од дисфункцонално семејство е, очекувано", кога најгадните работи излегуваат од тн привидно мноооогу функционални семејства кои креираат деца без граници, деца за се во право, деца кои имаат дозвола да повредуваат.
    Последно сведочев една навидум безопасна појава - две деца на различни пријатели, едниот е со типичен развој, другиот е очиглесно со нетипичен (родителите за да им е поарно на душата, не го носат на проценка, но нејсе друг муабет тоа), и сега на едно место. Малиов со нетипичен, му споделува на другиов со типичен што направил, и нему му делува нешто уау што направил и што навистина е ок и за него е нешто големо, душа мила. Другиов му одбрусува дрско. Родителите на дрскиот не реагираат... никако. На само после коментираат, епа така е што? Малце глупо е, ама за него стварно тоа е бебешка работа.
    Не беа свесни колку е тоа бескруполозно и сериозно забегано и од нивна страна.
    Епа од тука почнува другари. ОД ТУКА!
    На ситното, а тек на крупното!
    Страшни генерации. Како не се запрашуваат дома, дали добро го воспитувам? Дали може нешто социолошки му фали? Не оценки, не успеси...
    Родителите станаа фокусирани само да даваат, за да ги лечат сопствените комплекси... ништо друго. Љубов без граници, НЕ Е љубов, тоа е патологија на родителот. Не за џабе викаат - излечи си ги демоните затоа што тие после ќе го воспитуваат твоето дете, а не ти.

    Навистина сум сериозно потресена. Измет да јаде, со цигари да ја горат...