Нема поубав душевен мир од тоа кога ќе се разбудиш наутро додека се уште е се тивко и мирно, додека нема раздвиженост и се слуша само пеењето на врапчињата и звуците на природата Целово ова носи некој посебен мир и спокој кој тешко се наоѓа преку денот кој е бучен и хаотичен.. Понекогаш најубавите моменти се најтивките
Добив Мерси бомбоњера на подарок и си реков ќе ја отворам да се заблажам. Ја отворив и еве веќе недела дена секој ден си земам по 1-2 чоколатчиња, ни една четвртина не е изедена. Ова е мојот НАЈГОЛЕМ non-scale victory досега. Во нормални случаеви целата бомбоњера ќе ја снемаше во рок од 10 минути. За некој може не е ништо посебно ова, ама за мене е преголем успех и напредок. Се има случувано јадења да ги прскам со парфем затоа што физички не сум можела да запрам.
WHAT????? Викаш функционира ова? Да пробам, ама знаеш шо, мене ми е жал да фрлам/уништам храна, грев ми е Мерси е грда бонбоњера, посебно се грди тие со марципан Е да беше Фереро, нз баш дали ќе одолееше
Нормално дека ми е жал, ама си имав таков проблем што не можев да се запрам никако до степен на екстремна прејаденост. Во тој случај прскање храна со парфем и фрлање е далеку подобро отколку да ја изедеш. Секако дека може да ја оставиш за после или да ја дадеш на некој друг, ама кој имал таков проблем знае дека тоа не е опција. Најчесто тоа беше чипсови/чоколади, храна што секако не е бенефит за никој.
Debela sum ama imam samodoverba za slabeenje lesno se slabee a glup i ogranicen ako si m? Nema pomoci.
Има подобра опција за тоа кога ќе ти се пријаде чипс, чоколадо или нешто такво извади ги парите што се наменети за да купиш и пред да излезеш стави ги во пиги касичка, а надвор излези да си купиш вода.
Летово што помина со близок пријател бевме многу кратко на четири дена во Букурешт и Темишвар. На нивниот таканаречен Универзитетски плоштад имаше еден дедо Јапонец што свиреше некој нивен традиционален инструмент. Отидовме го прашавме од каде тука и што тука го навел патот. Ни рече дека е пензионер со наполнети 78 години, доста витален на прва, двете бивши сопруги му се починати, имал четири деца, девет внуци и чекал правнуче. Веќе бил на залез на животот и сакал да се почасти со некоја авантура и да не биде терет на своите деца. Земал карта на Европа со главни градови и рандом со прст на прва одбрал место да го посети. Свирењето на улица му е начин да заработи за патување. Во секое место кое го посетувал одел и на риболов, затоа што тоа му е некој вид на релаксација и забава. Наредните денови поминувавме од таму, чисто онака да видиме дали уште е тука и свири, ни го поправаше расположението. Ќе не видеше од далеку, ќе се насмееше и мавнеше со раце и продолжуваше да свири, а ние продолжувавме понатака. И пред некои три недели отворам македонски портали и читам голема толпа народ се тепале за табла јајце од 300 денари. И така.
А картичката да се скрши, или Gpay да се хакне најубаво Нема спас за жал, спасот е само немај пари, е тогаш и те како ќе си фит и нема да забегуваш по ништо Сме нашле па сме зашле. Баш си размислувам шо праеле луѓево порано, обичната раја која немала волку луксузи да си дозволи, а сепак посреќни си биле
Потресена од настанот со шестоодделенката, можам само да кажам дека многу кажува за возрасните... Децава само немаат филтер, не се искалени за елегантноста во делата и како да си го покријат газот, па делуваат очекувано, не им е обликуван мозокот уште. Колку реално родителиве се свесни дека не треба некого да најадат со измет, за да важи тоа "дома така видел". Интересно што вакви социопатски и психопатски појави лесно припаѓаат во зоната "абе од дисфункцонално семејство е, очекувано", кога најгадните работи излегуваат од тн привидно мноооогу функционални семејства кои креираат деца без граници, деца за се во право, деца кои имаат дозвола да повредуваат. Последно сведочев една навидум безопасна појава - две деца на различни пријатели, едниот е со типичен развој, другиот е очиглесно со нетипичен (родителите за да им е поарно на душата, не го носат на проценка, но нејсе друг муабет тоа), и сега на едно место. Малиов со нетипичен, му споделува на другиов со типичен што направил, и нему му делува нешто уау што направил и што навистина е ок и за него е нешто големо, душа мила. Другиов му одбрусува дрско. Родителите на дрскиот не реагираат... никако. На само после коментираат, епа така е што? Малце глупо е, ама за него стварно тоа е бебешка работа. Не беа свесни колку е тоа бескруполозно и сериозно забегано и од нивна страна. Епа од тука почнува другари. ОД ТУКА! На ситното, а тек на крупното! Страшни генерации. Како не се запрашуваат дома, дали добро го воспитувам? Дали може нешто социолошки му фали? Не оценки, не успеси... Родителите станаа фокусирани само да даваат, за да ги лечат сопствените комплекси... ништо друго. Љубов без граници, НЕ Е љубов, тоа е патологија на родителот. Не за џабе викаат - излечи си ги демоните затоа што тие после ќе го воспитуваат твоето дете, а не ти. Навистина сум сериозно потресена. Измет да јаде, со цигари да ја горат...
А не, исфрустрирани се од дома, ја тепа таткото мајката и и' дава гомна да јаде, затоа им текнува Истово 'правдање' за убијците го имаат, па сеа види ти. Тие магарици не се мали деца веќе, да не знаат шо е добро, а шо лошо и гадно, туку намерно го прават пошо се хранат преку злобата тие ѓаволи. Леле колку сум бесна коа е у прашање булинг и малтретирање, утре на мое дете така да прават живи има да горат жими све, крв ќе плукаат ич нема да ми е гајле за никого. Неуспешни абортуси, кај се котат вакви гадотии, пичка им материна
Не реагирале зашто позади грб и они го оговараат другото дете колку е поразлично и "чудно". Секогаш било така и ќе биде, возрасни луѓе кои немаат вистински пораснато одгледуваат деца.
Wow некој изгледа му е досадно па чепка низ форумот за да најде да критикува.. Дека има вакви коментари на форумот има, дека има глупи теми има.. Ама од оној другиот форум чудно како никогаш не сум видел нешто да се критикува, не знам дали само јас.. На форумот има многу што да се прочита и многу е од корист за секојдневниот живот.. Најголем проблем на луѓето не им е форумот како форум, туку што е женски форум и вака си бараат постови од 2018 за да го искритикуваат.. Ај вклучете се на машкиот форум, еднаш во животот имам отворено, ај што е непрегледно, се нема ни 2% од културата на овој форум..
Децата се такви и зашто родителите ги воспитуваат така како што нив им одговара. Да е мирно пред нив, да ги слуша нив, да им е нив раат главата. Не ги учат како да се однесуваат према друго дете, према животинче, према дрво, према урбаната опрема. Него прај што ќе ти кажам јас, да не морам да викам по тебе и дец ит. Немаат емпатија никаква зашто освен родителите дома што ги моделираат по калап кој е САМО од нивна корист, немаат никаква појдовна точка, стандард за однесување.
Сплотени сме ние жените бе, се си правиме заедно, за се се советуваме, за се си имаме инструкции, се учиме, се вежбаме... а не ко оние таму да безделничиме ко маалски пијаници.
Не сме, жена на жена е волк, змии, кучкетини се поише и поише. Се мразиме, си љубомориме.. Нека не те лаже тоа шо се лигават, правење лице е. Во догледно време се покажува сосема спротивното. Мажите за разлика од жените се мноооогу посолидарни еден спрема друг. Треба да учиме од нив.
Можеби е вака насекаде, но за едно мало парче земја, толку трул народ, мислам дека нема. Семејни насилства, сеири кога некој укажува на нешто што може да загрози нечив живот, страшен булинг. Што народ живее таму, а битно во коментари сите знаат што е најправилно. Па кои се тие луѓе што ја каменуваат слоницата, што ги отруја коњите, што пикаат кучешки гомна во нечива уста, што креваат рака на женско. Најискрено, најголем кошмар би ми било да се вратам во МК. Ни ВМРО, ни СДСМ не ми е криво, како што си мислев, трулеж од луѓе има. Морници ме лазат, да требаше детето да си го растам во МК. Пу пу, скраја да е.
Не помислив воопшто дека би можела да биде агресивна и да ме нападне. Не е голема на раст, колку мало кученце, па не верувам да може да направи нешто повеќе. Единствено, најлошото што може е да те касне, па да мора да примаш инекција против беснило. Јас ја сретнав во дивина, околу 1 час подалеку од последното поголемо место со амбуланта, па верувам тоа може да е критично. Не би сакал да сретнам волк, или пак не дај боже мечка. Е тоа е веќе сериозно. Никогаш не сум забележал да идат во град. Во села, сигурно знаат да се симнат и нападнат кокошки или друг ситен добиток, но јас не сум имал можност да живеам на село, ниту да видам. Кај вас сигурно и градот е доста блиску до шума, па знаат по потреба да идат и во урбана средина. А за верверички сум видел многу. Штета, бегаат од луѓе, па секој обид да им се приближиш е неуспешен. Баш се мили животинки. Ги има по нашите паркови.
Давид Давидовски најавил (малку повеќе драматично) повлекување од јавната сцена, браво за тоа се надевам и други неталентирани како него ќе ја следат неговата постапка и ќе се повлечат да не изиграваат кловнови повеќе јавно.