Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Yuforeal

    Yuforeal Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2025
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Машки
    Сфатив дека и јас троа ко генерацијава зед сум во однос на работата, ако ми повишат тон одма мислам на отказ..мада не можам да си го дозволам оти веќе сум 30+ и сфаќам пополека дека животот не функционира така за жал.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    5.610
    Пол:
    Машки
    Најбитно е да не остануваш никаде кај што не ти е убаво. Реалност е кај нас дека тешко се наоѓа работа, ама ако сите вработени го практикуваат истово кога сум не задоволен, ми се вика на работа, напуштам, работодавците ќе останат без вработени и ќе мора да го сменат начинот на кој се однесуваат кон вработените..
    Ако молчиш прифаќаш таков однос, за било што да смениш што не ти одговара не треба да молчиш..
     
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.773
    Допаѓања:
    26.847
    Вчера и' се скрши срцето на ќерка ми по втор пат. Ја викнаа поголеми деца да игра жмурка, трчаше по 6 годишњаците како кутре, пресреќна, вика по нив да ја почекаат 2 метра поназад, битно трчка, окезена. Се пикнаа во нечиј двор, се сокрија, ама мојава зборуваше нешто. Детето што ги бркаше, ги најде, дали зошто мојата беше гласна, дали зошто јас стоев во близина, не знам. Излегоа и се жалеа дека ќерка ми ги издала. И после 2 деца и' рекоа "ај не играј со нас, ти не може да играш" и си заминаа. И мојава огромни очи, устата се тресе, кога рикна да плаче 'не ме сакаааат". Оф леле. А минатата недела најдобрата другарка и' се налути за нешто, и' викаше "не те сакам, не сум ти другарка веќе", додека мојава со крокодилски солзи одеше по неа и ја молеше 'извиниии'.
    Фак, заебано е. Ниту едните разбираат дека повредуваат, ниту другите разбираат дека не е толку сериозно.
    Ако вака продолжува да го доживува светот, не знам како ќе навигирам со воспитувањето, да не стане ниту ладна личност, ниту кревка. За комплекси да не почнувам да зборувам...
     
    На AlmaOculta, FriendOfDorothy, Milaaaaaaaaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.674
    Допаѓања:
    42.299
    Пол:
    Машки
    Кога имаш 2 кредити во банка, и фамилија која чека од тебе да преживее, и не е така едноставно да смениш работа. :)

    Не секој може да си го дозволи тој луксуз, и како времето ќе мине, и ситуацијата ќе станува полоша, се помалку ќе можат тоа да го прават.
     
    На Mumoftwo30, Raven22, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  5. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    6.021
    Копнеам за денот кога во местата за здрава храна ќе заврши опсесијата со ставање рукола во грото од салатите :envy:
     
    На sweet-cherry, Mumoftwo30, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.532
    Допаѓања:
    46.007
    Пол:
    Женски
    Зошто ли живееме во време кога ако напишеш повеќе од две реченици со правилна граматичка структура и побогат вокабулар добиваш обвинување дека користиш chatgpt :rain: :rain:

    literacy is dead
     
    На sweet-cherry, Mumoftwo30, Mr.Limonko и 2 други им се допаѓа ова.