Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.608
    Допаѓања:
    34.394
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно ги подржувам тие шо не сакаат да имаат деца. Скроз ги разбирам.
    Земјата е пренаселена, цените само растат и ќе растат, убиства, силувања секој ден, судство за никаде, во 2050 се очекува да почне недостаток на храна.... зошто некој би сакал да доведе дете во таков свет? :)
    Јас имам две и си ги сакам, ама да бев тогаш со ист акл како сега, немаше да ги родам. Многу работи пропуштив откако се родија. Многу нервози, неспиење, многу ускратувања. Ајде едното ќе порасне и ќе се осамостали, ами другото со аутизам? Цел живот ќе го макнам со мене. Имам многу желби шо сакам да ги остварам и да постигнам ама не можам. Сакам да почнам јазик да учам, сакам да полагам за кола, сакам кола да си купам. И со години го одложувам тоа оти растам деца. Оти се чекало за во градинка. Оти асистент немале. Оти цела година го чекав асистентот и ми рекоа дека ако даде зелено светло тогаш може во градинка во август да почне. 4 години така ми поминаа. Дома седејќи, по кафичи и на шопинг. Друго ништо не направив. Ајде и на градинка и на школо да почне, ете јас и да најдам работа, кој ќе ме трпи да отсуствувам по неколку дена од работа. Де се разболеле, де треба по доктори по логопеди по специјалисти.... секоја недела, не само еден ден. Осеќам дека животот така ќе ми помине, само и само затоа шо одлучив да имам деца.
    Не се криви они, јас сум крива шо не бев спремна на таков живот.
    Дефинитивно пред да имаш дете, треба да се запрашаш дали си спремен да го гледаш тоа дете со ресурси или без / вработена или не/ со хендикеп или не/ самохрана или во брак / со баби и дедовци или без.....
    Оти јас мислам дека ако не си спремен на било шо од овие наведени работи, тогаш и не треба да имаш дете.. ќе се мачите сите вкупно.
    Затоа скроз ги подржувам тие шо не сакаат да имаат деца.
    Не е секој спремен да се откаже од убав живот за да се мачи на било каков начин со деца, ако не ги сака. А и немора да ги сака.
     
    На SummerGirl, bicycle, lovely91 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    18.186
    Навистина постои некој што толку е засегнат од тоа што вие сте решиле да немате деца?

    Или тоа е некој ваш внатрешен судир па сега се обидувате надвор да се правдате и изнесувате факти за оправдување на истата одлука?

    Терајте си го животот како сте решиле дека е правилно и свиркајте си. Не сте ништо понедосадни од оние што родиле 3 - 4 деца па напињаат дека е тоа правилниот way to go.

    Секој со свој животен пат и одлуки базирани на истиот. Зошто да ве боли патката дали некој ве смета за себичен или не спрема тоа дали сте решиле да раѓате или не, еве не знам. А цело време велите дека не се замарате со тоа што другите мислат или говорат.
     
    На ArabellaStarfall, EvAngelos и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.591
    Лето.... Време на пеколни температури, патувања, одмори, тегоби...
    Време на злокобни зборови, изговорени од нечии усти, но зборовите не се нивни, туку на крвникот. Крвник жеден за крв. За уништување, за смрт.
    Ништо не е така како што изгледа дека е. Филмот не е и никогаш не бил романтична комедија, туку хорориште. Несреќата не е „несреќа“. Зборот не е збор, туку смртоносно оружје. Оружје насочено кон најневините, најмилите. Кон секого од нас. Кон ближните. Кон сонародниците. Од една единствена причина: крвожедност и крв до колена! Страдање и смрт на сите оние кои не се по нечија обезбожена воља.
    Боже, кога конечно ќе им се „потрошат џокерите„ на белосветските ѕверови?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.090
    Допаѓања:
    11.392
    Пол:
    Машки
    Лето... Време на пеколни температури, а овие од Гостивар се налокале вода со фекалии. 1200 пријавени затруени, а 10 пати повеќе што не се пријавиле и дома се лечат сами. Нашата чудесна Македонија.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.608
    Допаѓања:
    34.394
    Пол:
    Женски
    И сега ќе биде никој ништо не видел, никој ништо не чул, одговорни нема....
     
    На SummerGirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.512
    Допаѓања:
    9.958
    Пол:
    Женски
    Цела недела ми дава алгоритамот саркастични видеа за додавањето протеини во се и сешто.
    И напомена за zero sugar на вода на пример.
    Реков ја еднаш на форумов ова е нова секта
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.