Дефинитивно ги подржувам тие шо не сакаат да имаат деца. Скроз ги разбирам. Земјата е пренаселена, цените само растат и ќе растат, убиства, силувања секој ден, судство за никаде, во 2050 се очекува да почне недостаток на храна.... зошто некој би сакал да доведе дете во таков свет? Јас имам две и си ги сакам, ама да бев тогаш со ист акл како сега, немаше да ги родам. Многу работи пропуштив откако се родија. Многу нервози, неспиење, многу ускратувања. Ајде едното ќе порасне и ќе се осамостали, ами другото со аутизам? Цел живот ќе го макнам со мене. Имам многу желби шо сакам да ги остварам и да постигнам ама не можам. Сакам да почнам јазик да учам, сакам да полагам за кола, сакам кола да си купам. И со години го одложувам тоа оти растам деца. Оти се чекало за во градинка. Оти асистент немале. Оти цела година го чекав асистентот и ми рекоа дека ако даде зелено светло тогаш може во градинка во август да почне. 4 години така ми поминаа. Дома седејќи, по кафичи и на шопинг. Друго ништо не направив. Ајде и на градинка и на школо да почне, ете јас и да најдам работа, кој ќе ме трпи да отсуствувам по неколку дена од работа. Де се разболеле, де треба по доктори по логопеди по специјалисти.... секоја недела, не само еден ден. Осеќам дека животот така ќе ми помине, само и само затоа шо одлучив да имам деца. Не се криви они, јас сум крива шо не бев спремна на таков живот. Дефинитивно пред да имаш дете, треба да се запрашаш дали си спремен да го гледаш тоа дете со ресурси или без / вработена или не/ со хендикеп или не/ самохрана или во брак / со баби и дедовци или без..... Оти јас мислам дека ако не си спремен на било шо од овие наведени работи, тогаш и не треба да имаш дете.. ќе се мачите сите вкупно. Затоа скроз ги подржувам тие шо не сакаат да имаат деца. Не е секој спремен да се откаже од убав живот за да се мачи на било каков начин со деца, ако не ги сака. А и немора да ги сака.
Навистина постои некој што толку е засегнат од тоа што вие сте решиле да немате деца? Или тоа е некој ваш внатрешен судир па сега се обидувате надвор да се правдате и изнесувате факти за оправдување на истата одлука? Терајте си го животот како сте решиле дека е правилно и свиркајте си. Не сте ништо понедосадни од оние што родиле 3 - 4 деца па напињаат дека е тоа правилниот way to go. Секој со свој животен пат и одлуки базирани на истиот. Зошто да ве боли патката дали некој ве смета за себичен или не спрема тоа дали сте решиле да раѓате или не, еве не знам. А цело време велите дека не се замарате со тоа што другите мислат или говорат.
Лето.... Време на пеколни температури, патувања, одмори, тегоби... Време на злокобни зборови, изговорени од нечии усти, но зборовите не се нивни, туку на крвникот. Крвник жеден за крв. За уништување, за смрт. Ништо не е така како што изгледа дека е. Филмот не е и никогаш не бил романтична комедија, туку хорориште. Несреќата не е „несреќа“. Зборот не е збор, туку смртоносно оружје. Оружје насочено кон најневините, најмилите. Кон секого од нас. Кон ближните. Кон сонародниците. Од една единствена причина: крвожедност и крв до колена! Страдање и смрт на сите оние кои не се по нечија обезбожена воља. Боже, кога конечно ќе им се „потрошат џокерите„ на белосветските ѕверови?
Лето... Време на пеколни температури, а овие од Гостивар се налокале вода со фекалии. 1200 пријавени затруени, а 10 пати повеќе што не се пријавиле и дома се лечат сами. Нашата чудесна Македонија.
Цела недела ми дава алгоритамот саркастични видеа за додавањето протеини во се и сешто. И напомена за zero sugar на вода на пример. Реков ја еднаш на форумов ова е нова секта
Никогаш, само што ќе наидат и времиња кога ќе се примират истите, акумулирајќи џокери за наредната крвава игра. Така било и ќе биде, иако некогаш делува дека злото е надмоќно. Тоа не е вистина, инаку човештвото не би ни постоело повеќе. Истовремено се одвиваат и среќни настани во многу мали животи, многу луѓе даруваат добрина, многу и се молат. Невидливо е тоа денес, бидејќи се работи преку заплашување и страв. Манипулацијата треба да ни го пороби срцето, да ни ги замрзне чувствата. Јас верувам дека една подадена рака кон другиот е посилна од куршумот кај противникот. Треба само да се сакаме и да го чуваме она што ни е дадено на дар.
Како беше муабетот, многу сум ја плукала Македонија... Се прашувам зашто... Али еј, барем нафта не пиеме.
Само два патииииииии???? Една партија не ми е испод 3 пати па ти сеа види Минутажата колку препорачуваш? Ко вашите по 10 мин и вади го? Испод саат време нишо не праиме срц, ма малку е и тоа.
Богами ако трошите цел ден на препукување за Меси и Роналдо, и тоа како не ви е земена или погодена терапијата. Прво, светот има поголеми проблеми од головите на овие двајца. Второ, во реалноста овие двајца немаат проблем еден со друг и веројатно не им е гајле што мислат останатите. Трето, прашање на вкус е. Џабе смарате.
А како тоа некоја жена која не сака да биде мајка е себична према сама себе. каде пишува дека жена мора да се оствари како мајка? И да не ми е ни мене совршен животот ама јас не се пикам во туѓи матки и не нарекувам жени кои свесно не сакаат да имаат деца дека се себични и да им солам памет дека треба да родат Тоа е исто како јас тебе да те прашам - А зашто не го абортира? Зашто го роди? Или само ако жената роди е вреднувана како личност. @mKdevojce само да занеш колку прост народ има. Би се зачудила.