A зошто кога некој е на боледување тое што работат за него не довибаат повеќе пари ? Затоа што работат повеќе работа од што треба?
Пффф со 50 евра никој нема да ме залаже додека си шетав по италија си уживав што ми вредат тие 50 евра дали ги имало или ги немало не прават некоја разлика нека даваат повеќе.
1. Не голтам сè што се сервира. Студирав политика. Одлично ги знам кои какви се. Многу ги познавам и лично. 2. Сега треба да се извиниш. Не ме познаваш и не знаеш кој од моето семејство какви болести има. Немам толку откривано на форумов. 3. Државата е стигната до ова дереџе и поради нас и поради нив. Сите сме дел од истото општество и систем. Ние како народ придонесуваме за нивното коруптивно однесување. Цело време има побуни. Кога не се казнуваат злоупотреби се вели зошто не се казнуваат. Кога се казнуваат злоупотреби се вели зошто се казнуваат. Едните земаат боледување, а одат на одмор. Другите бараат поклон под масата за услуга што се должни да ја обезбедат. Епа, не може така. Мора да се дојде до крајот на ова. Мора да бараме дополна, измена или промена на законите. Ништо не се решава со кукање на тастатурата и префрлање на вината само во едната насока.
Абе ич не ми е гајле чиј стап јадете. Бонус од 50 евра не ми е компензација за ништо. Девојче, ич не ми е гајле што си студирала и семејна историја на болести. Немаш етика, емпатија и работите секогаш ги гледаш само еднострано и критично.
Па зошто да не земам кога они се безобразни не ми наоѓаат плус помош ние да сме две сестри на смена да немам време да седнам да јадам нешто цел ден да боцкам да менувам инфузии да заведувам у компјутер и се тоа за исти пари на нив им е гајле работата им е завршена на таа што е на одмор скратено а јас ко будала да им работам плус работа гратис?
Така де, да не дадат поќе пари газдите. Зато и сами ќе си останат. Со што помалку кадар, да биде завршена работата. И кај нас додуша, беше строго на раб. Ако треба да извадиш боледување на работа, треба да им кажеш 4 или 5 саати пред работното време. Не дај Боже, да ти се деси нешто после тие 4 или 5 саати, е тогаш.. Одма си виновен, ама демек за ептен за итни случаеви ок беше. Напрај една грешка, прво за што се фаќаа е боледубањето оти не си кажал пред 4 или 5 саати, шо ако било демек итно и се фаќаа за правилникот. Ако ти имаш проблем со мобинг и се фатиш за правилникот и законот..... Настрана гледањњ. Ццццкаање, те викаат на состанок да кажиш и после е тишина.
Крајно безобразни се на многу места јас со таа HR многу се карав зошто многу беше манипулативна за едни е океј така за други не. Ми пукна филмот кога поради нивна грешка испадна на трета смена да има само една сестра а не смее тоа да се деси и HR ми вика мораш да останеш сама ли ќе ја оставиш и мене ми пукна филмот и кажав убаво и си отидов од сред моја смена зошто е паметна и мисли ќе ме манипулира и на крај кај таа беше сама од трета па и мојата што беше на смена ја остаив сама па нека се нервираат тие шро е нивна фирмата нема јас што да се замарам. Баш ми беше мерак што ги остаив така HR полуде од звонење пораки нервен слом доби злобницата