A зошто кога некој е на боледување тое што работат за него не довибаат повеќе пари ? Затоа што работат повеќе работа од што треба?
Пффф со 50 евра никој нема да ме залаже додека си шетав по италија си уживав што ми вредат тие 50 евра дали ги имало или ги немало не прават некоја разлика нека даваат повеќе.
1. Не голтам сè што се сервира. Студирав политика. Одлично ги знам кои какви се. Многу ги познавам и лично. 2. Сега треба да се извиниш. Не ме познаваш и не знаеш кој од моето семејство какви болести има. Немам толку откривано на форумов. 3. Државата е стигната до ова дереџе и поради нас и поради нив. Сите сме дел од истото општество и систем. Ние како народ придонесуваме за нивното коруптивно однесување. Цело време има побуни. Кога не се казнуваат злоупотреби се вели зошто не се казнуваат. Кога се казнуваат злоупотреби се вели зошто се казнуваат. Едните земаат боледување, а одат на одмор. Другите бараат поклон под масата за услуга што се должни да ја обезбедат. Епа, не може така. Мора да се дојде до крајот на ова. Мора да бараме дополна, измена или промена на законите. Ништо не се решава со кукање на тастатурата и префрлање на вината само во едната насока.
Абе ич не ми е гајле чиј стап јадете. Бонус од 50 евра не ми е компензација за ништо. Девојче, ич не ми е гајле што си студирала и семејна историја на болести. Немаш етика, емпатија и работите секогаш ги гледаш само еднострано и критично.
Па зошто да не земам кога они се безобразни не ми наоѓаат плус помош ние да сме две сестри на смена да немам време да седнам да јадам нешто цел ден да боцкам да менувам инфузии да заведувам у компјутер и се тоа за исти пари на нив им е гајле работата им е завршена на таа што е на одмор скратено а јас ко будала да им работам плус работа гратис?
Така де, да не дадат поќе пари газдите. Зато и сами ќе си останат. Со што помалку кадар, да биде завршена работата. И кај нас додуша, беше строго на раб. Ако треба да извадиш боледување на работа, треба да им кажеш 4 или 5 саати пред работното време. Не дај Боже, да ти се деси нешто после тие 4 или 5 саати, е тогаш.. Одма си виновен, ама демек за ептен за итни случаеви ок беше. Напрај една грешка, прво за што се фаќаа е боледубањето оти не си кажал пред 4 или 5 саати, шо ако било демек итно и се фаќаа за правилникот. Ако ти имаш проблем со мобинг и се фатиш за правилникот и законот..... Настрана гледањњ. Ццццкаање, те викаат на состанок да кажиш и после е тишина.
Крајно безобразни се на многу места јас со таа HR многу се карав зошто многу беше манипулативна за едни е океј така за други не. Ми пукна филмот кога поради нивна грешка испадна на трета смена да има само една сестра а не смее тоа да се деси и HR ми вика мораш да останеш сама ли ќе ја оставиш и мене ми пукна филмот и кажав убаво и си отидов од сред моја смена зошто е паметна и мисли ќе ме манипулира и на крај кај таа беше сама од трета па и мојата што беше на смена ја остаив сама па нека се нервираат тие шро е нивна фирмата нема јас што да се замарам. Баш ми беше мерак што ги остаив така HR полуде од звонење пораки нервен слом доби злобницата
Е од една таква како тебе што идеше на работа настината и болна и се смееше Леле ама сум настината ќе ве заразам сега јас и мајка ми 72 годишна жена сме дома со температура. Јас сум на боледување и ќе ми скратат од плата.
Има многу од страв не користат боледување, без разлика колку и да се болни. Има и од оние што доаѓаат болни колку да докажат дека се лојални и дека и болни може на работа да доаѓаат. Најчесто тие се тастерите кај оние кои се повисоко во хиерархијата. Болен на работа никогаш не се оди без разлика колку кратат од платата. За тие што одат болни на работа треба симболично по 10% од платата да ги казнат поради неодговорност. Па после да видиме дали ќе одат болни на работа.
И кај нас имаше лажни херои... И пуфкачи в гради... Па јас идам со температура на работа, не можеле некој да идат. Прво, ако имаше 38,39,40 не е можно да стоиш на нозе. Второ, сакаат да покажуваат сила, колку се јаки и за работата ќе направат СЕ. Трето, мож се договорено со фирмата нарочно да прават некои работи и да провоцираат. Дајте троа реално гледајте ги работите. И после ќе не омаловажуваат работодавците, и тоа со право бе. Ехх амеби едни. Јас за синузитис имам отворено боледување оти ме фати и ларингит. И тоа секој месец ми се случуваше. И тие што имаат хронични болести знаат што зборувам. Психички состојби и тие требаат да се третираат со прошетки во природа, па и на море бе зш да не. Природа е. Еве и секој со синузитис му одговара море.
Фала богу не сум единствена. Не спијам веќе неколку ноќи по ред како човек. Пијам магнезиум и легнувам,абе џабе до 3 саат сабајле дремам не можам да спијам. Не знам што е проблемот.
Ова онлајн продавнициве нека бидат јеботе искрени и нека пишат достава до три улици оддалеченост од дома, а не достава до дома. Им плаќа човек достава, им праќаш факинг локација и братов ќе ти рече ај дојди ваму излези, земи ја пратката, не можам да се снајдам. Ај мрш
Па ќе имате кога ми вршеле пресинг од менаџмент под никој услов да не земам боледување. Да ми мавнеле коктел од системи на болница и да се вратам на работа. Лебот ми зависел. Јас многу сакав со стрептокока да одам да работам. Крај краева, деца ги праќате у градинка болни, зашо сакате на раат кафе да испиете, мене ми се фати зашто сум идела болна на работа пред пола декада.
Па ти си винова, кој може бе да одлучува за мое здравје? Менаџмент? Толку живи ќе останат. Нема да одам и точка и ќе им отворам боледување. Поарно да ме избркаат отколку да се влечам по доктори и да се лечам , гледаш какво е здравствово кај нас.... Така ќе си ќутиш и ќе си ќутиш и ќе ти прсне и психа и се. Ти си знаеш, голема си. Не знам дали ги носат со стрептокока и ако ги носат ќе ги зарази и другите, то е то. Исто и јас и ти на работа.
Ударот е секогаш врз работникот. Имаме пратеници кои се на редовен список со 2000 евра плата а не се појавуваат у Влада, и тоа е океј, ама затоа удри по Петранка која жали боже земала некој ден боловање со 20 и кусур години стаж, нека работи додека не цркне.