Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.910
    Допаѓања:
    36.037
    Пол:
    Женски
    Па за сега зборам, не за тогаш.
    Сега треба да продадеш 4 ниви за да можеш една половна кола да си купиш. За стан нема.
     
    На Трагедијаупмм и FreeToGo им се допаѓа ова.
  2. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.393
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Машки
    Има и за стан, зависи каде продаваш земјиште, и каде купуваш стан.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.910
    Допаѓања:
    36.037
    Пол:
    Женски
    Ама за колкави ниви збориме? Многу ретки се тие шо имаат големи ниви. Другите имаат мали ниви, шо одат едвај по 1000е , 2000 макс.
     
  4. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.393
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Машки
    Е па еве во Скопје, во центар и околните населби, местата вредат многу. Буквално се рушат мини-згради од по 2-3 ката за да се направат поголеми од по 5-6, што значи дека местото вреди. Е сега во провинција не знам како се движат цените, затоа викам зависи каде се наоѓа тоа земјиште, може и многу да вреди.
     
    На Lilit и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.910
    Допаѓања:
    36.037
    Пол:
    Женски
    :rofl:
    Ама тоа е веќе Скопје. Дали е село или приградска населба, пак Скопје е, и таму вреди пошо се гради.
    Зборам за од внатрешните делови. Таму не вредат нивите, така да не е можно тоа шо го викаат " продале нива за да купат стан во Ск".
    И куќа со голем двор да продадеш, пак ќе немаш за стан во Ск. Оти никој не дава многу пари за куќа во "провинција".
    Си знам по себе. На татко ми куќата беше проценета на 300 000е. За тие пари никој не сакаше да чуе, па така тарко ми ја продаваше за 100 000е. И за толку не успеа да ја продаде.
    И каков стан ќе купиш во Ск за тие пари? Една гаража.

    Пс. Во Гевгелија новоизградените станови ги купувале албанци.
     
    Последна измена: 21 септември 2026
    На Трагедијаупмм, anggell, Lilit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    3.201
    Никогаш во мојот живот не сум се замарала со политика, се до момент кога гледаш како душата ти ја вадат, што со сметки, што со здравство, сега удираат и на сопствен бизнис.

    Дали нашиот опстанок во државава зависи од гласачки тела, советници, пратеници кои ги гласаат законите за кои тие не се никако компетентни?

    Дали гласаат само по основа на задржување на работно место за мизерни 40.000 денари плата, а за истото тоа работно место жртвуваат иднина на сопствени деца и внуци?

    Дали чувствуваат срам кога гласаат закони кои ги засегаат нив и нивните најблиски?

    Дали имаат кнедла во грлото кога гласаат за покачување на прехрамбени артикли, а пазаруват трето класна храна во КАМ?

    Дали чувствуваат презир кога ќе го облечат сакото без штирк и пантолот на попуст од Синсеј за на работа, бидејќи токму нивниот глас не им дозволува повеќе комфорт?

    Толку субмисивност, што и сопствениот глас им е туѓ.
     
    На Adidas888, Трагедијаупмм, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.624
    Допаѓања:
    85.963
    Пол:
    Женски
    Она кога си доаѓаш од работа, надвор врне, спушташ ролетна не целосно ама доволно за да се подзатемни собата, палиш миризлива свеќа, се покриваш со ќебе и си пушташ филмче. ^_^
     
    На Dek0, Трагедијаупмм, Oxymoron и 20 други им се допаѓа ова.
  8. @crnaovca

    @crnaovca Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2025
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Почнаа по маркети да просаат за фискални.. Човек не знае дали да се смее или да плаче...
     
    На Трагедијаупмм и Tih-ana им се допаѓа ова.
  9. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    3.820
    Пол:
    Женски
    Зошто да се смее или да плаче?
     
  10. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    9.111
    Пол:
    Женски
    СДК дека се навикнав да се разочарувам од луѓето....
     
    На Трагедијаупмм, Tih-ana, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.645
    Допаѓања:
    18.929
    Ова човек да му е страв фб да отвори, жити огласната табла за некролози што е станат. Секој ден излегуваат рандом постови за починати во Мк и тоа претежно млади луѓе. Што се случува со народов... :^)
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.604
    Допаѓања:
    30.400
    Пол:
    Женски
    Никој:
    Ама баш никој:
    Мојот мозок еднаш одамна: Дали сите брендови што имаат hub во името, инспирацијата им е од pornhub?:drunk:(facepalm)
     
    На theowndemon, Трагедијаупмм, bookslover и 3 други им се допаѓа ова.
  13. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    3.820
    Пол:
    Женски
    Тему > Шеин
     
    На Stark, Трагедијаупмм и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  14. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    6.206
    Пол:
    Женски
    Што е проблемов со цениве на становите во Скопје? Да не се мислат дека продаваат станеви во Дубаи?!
    Власта планира ли да превзема нешто?
     
    На Mumoftwo30 и anggell им се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    16.811
    Пол:
    Женски
    Да е само во Скопје..
    Малите места стигнаа квадрат 1300 евра. И тоа пак зависи од град до град. Читам огласи во Кочани нова градба стан 1300, Струмица 900 евра квадрат.
    На ништо не се води сметка. А градбите крш, комшијата како во соба да ти е.

    Ве читам за нивите..
    Каде тоа со нива стан се купува, живи смешки, така лесно да се купуваше. Колку сака нека е голема, еве и од поголемите да е може само една постара половна кола...
    Во Валандово врие ниви со лозје, тие што успеваат да продадат за ефтини пари ги даваат, поскапо никој не дава а и реално не е како пред 100 години. Во Кочани оризите, кој ги работи ги работи, добар дел така стојат запустени. Во Струмица нивите со пипер, во Ресен овоштарството со јаболка, лешник, се е за многу малце пари или така стојат нечепнати затоа што нема интерес. А и зошто да има. Сите земјоделци ги доведоа на просјачки стап. Моментално лозарите не можат грозјето да си продадат, пиперот за 15 ден им го откупуват, оризот уште ланскиот им стои, и после оди купи нива за стан, ај важи...
    Оваа година блиски се молеа за 500 евра нива да продадат, претходната година една за 400 дадоа.
    Пред 30 год моите родители продадоа нива, се сеќавам со парите дома реновираа, купуваа плочки и такви ситници за низ дома.
    Што значи ни тогаш не е било, ама ајде да речеме мала е била. А денес колку сака нека е голема освен ако не е некоја раскошна и модерна хациенда или ранч :D
     
    На Трагедијаупмм, azelea и Adidas888 им се допаѓа ова.
  16. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    6.206
    Пол:
    Женски
    Сеа баш ми излезе оглас, куќа на продавање во Гевгелија, рушевина ама важно во центар 150.000€.
    Повеќе се исплаќа во Солун стан да си купам отколку во оваа банана држава да купувам имот. :D
     
    На Gosh, Mumoftwo30, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    2.089
    Допаѓања:
    7.639
    Пол:
    Женски
    Уште што неубаво ќе се случи во оваа година аман,таман кога ќе помислиш дошло крај на глупостите |(
     
    На Mumoftwo30 и KiT им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.409
    Допаѓања:
    18.792
    Пол:
    Женски
    Има разлика и од менталитетот од град до град. Еве, струмичани и околните села како си живеат и помагаат - алал да им е. Каде има слога, има и Бога. Ова за сѐ, и да не си им фамилија, такви се луѓето. Се држат, а и цената за метар квадратен е разумна.
     
  19. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.910
    Допаѓања:
    36.037
    Пол:
    Женски
    Аха, пази да не ја продаат :rofl:
    Во Богданци скоро гледав куќа со двор за 20 000е продаваат.
    И ај купи стан во Ск со тие пари :rofl:
    Ко за Дубаи да збориме упм. И после луѓето се иселувале, албанците и турците ни го купувале имотот.... ние сами ќе се уништиме, нема потреба некој друг да го направи тоа.
     
    На Трагедијаупмм, azelea, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    2.618
    Пол:
    Женски
    Штоо 1.300 во Кочани??? Не се нормални јас во ист гејт комплексот за 1.400 квадрат земав.Не ми е јасно што прават со цениве мислев дека во другите градови се поевтини.