Па за сега зборам, не за тогаш. Сега треба да продадеш 4 ниви за да можеш една половна кола да си купиш. За стан нема.
Ама за колкави ниви збориме? Многу ретки се тие шо имаат големи ниви. Другите имаат мали ниви, шо одат едвај по 1000е , 2000 макс.
Е па еве во Скопје, во центар и околните населби, местата вредат многу. Буквално се рушат мини-згради од по 2-3 ката за да се направат поголеми од по 5-6, што значи дека местото вреди. Е сега во провинција не знам како се движат цените, затоа викам зависи каде се наоѓа тоа земјиште, може и многу да вреди.
Ама тоа е веќе Скопје. Дали е село или приградска населба, пак Скопје е, и таму вреди пошо се гради. Зборам за од внатрешните делови. Таму не вредат нивите, така да не е можно тоа шо го викаат " продале нива за да купат стан во Ск". И куќа со голем двор да продадеш, пак ќе немаш за стан во Ск. Оти никој не дава многу пари за куќа во "провинција". Си знам по себе. На татко ми куќата беше проценета на 300 000е. За тие пари никој не сакаше да чуе, па така тарко ми ја продаваше за 100 000е. И за толку не успеа да ја продаде. И каков стан ќе купиш во Ск за тие пари? Една гаража. Пс. Во Гевгелија новоизградените станови ги купувале албанци.
Никогаш во мојот живот не сум се замарала со политика, се до момент кога гледаш како душата ти ја вадат, што со сметки, што со здравство, сега удираат и на сопствен бизнис. Дали нашиот опстанок во државава зависи од гласачки тела, советници, пратеници кои ги гласаат законите за кои тие не се никако компетентни? Дали гласаат само по основа на задржување на работно место за мизерни 40.000 денари плата, а за истото тоа работно место жртвуваат иднина на сопствени деца и внуци? Дали чувствуваат срам кога гласаат закони кои ги засегаат нив и нивните најблиски? Дали имаат кнедла во грлото кога гласаат за покачување на прехрамбени артикли, а пазаруват трето класна храна во КАМ? Дали чувствуваат презир кога ќе го облечат сакото без штирк и пантолот на попуст од Синсеј за на работа, бидејќи токму нивниот глас не им дозволува повеќе комфорт? Толку субмисивност, што и сопствениот глас им е туѓ.
Она кога си доаѓаш од работа, надвор врне, спушташ ролетна не целосно ама доволно за да се подзатемни собата, палиш миризлива свеќа, се покриваш со ќебе и си пушташ филмче.
Ова човек да му е страв фб да отвори, жити огласната табла за некролози што е станат. Секој ден излегуваат рандом постови за починати во Мк и тоа претежно млади луѓе. Што се случува со народов...
Никој: Ама баш никој: Мојот мозок еднаш одамна: Дали сите брендови што имаат hub во името, инспирацијата им е од pornhub?
Што е проблемов со цениве на становите во Скопје? Да не се мислат дека продаваат станеви во Дубаи?! Власта планира ли да превзема нешто?
Да е само во Скопје.. Малите места стигнаа квадрат 1300 евра. И тоа пак зависи од град до град. Читам огласи во Кочани нова градба стан 1300, Струмица 900 евра квадрат. На ништо не се води сметка. А градбите крш, комшијата како во соба да ти е. Ве читам за нивите.. Каде тоа со нива стан се купува, живи смешки, така лесно да се купуваше. Колку сака нека е голема, еве и од поголемите да е може само една постара половна кола... Во Валандово врие ниви со лозје, тие што успеваат да продадат за ефтини пари ги даваат, поскапо никој не дава а и реално не е како пред 100 години. Во Кочани оризите, кој ги работи ги работи, добар дел така стојат запустени. Во Струмица нивите со пипер, во Ресен овоштарството со јаболка, лешник, се е за многу малце пари или така стојат нечепнати затоа што нема интерес. А и зошто да има. Сите земјоделци ги доведоа на просјачки стап. Моментално лозарите не можат грозјето да си продадат, пиперот за 15 ден им го откупуват, оризот уште ланскиот им стои, и после оди купи нива за стан, ај важи... Оваа година блиски се молеа за 500 евра нива да продадат, претходната година една за 400 дадоа. Пред 30 год моите родители продадоа нива, се сеќавам со парите дома реновираа, купуваа плочки и такви ситници за низ дома. Што значи ни тогаш не е било, ама ајде да речеме мала е била. А денес колку сака нека е голема освен ако не е некоја раскошна и модерна хациенда или ранч
Сеа баш ми излезе оглас, куќа на продавање во Гевгелија, рушевина ама важно во центар 150.000€. Повеќе се исплаќа во Солун стан да си купам отколку во оваа банана држава да купувам имот.
Има разлика и од менталитетот од град до град. Еве, струмичани и околните села како си живеат и помагаат - алал да им е. Каде има слога, има и Бога. Ова за сѐ, и да не си им фамилија, такви се луѓето. Се држат, а и цената за метар квадратен е разумна.
Аха, пази да не ја продаат Во Богданци скоро гледав куќа со двор за 20 000е продаваат. И ај купи стан во Ск со тие пари Ко за Дубаи да збориме упм. И после луѓето се иселувале, албанците и турците ни го купувале имотот.... ние сами ќе се уништиме, нема потреба некој друг да го направи тоа.
Штоо 1.300 во Кочани??? Не се нормални јас во ист гејт комплексот за 1.400 квадрат земав.Не ми е јасно што прават со цениве мислев дека во другите градови се поевтини.