Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    1.932
    Пол:
    Женски
    Епа замисли да имаш само еден слободен ден во неделата, а не 2 и замисли секоја сабота да ти е работна.
    Првиов дел што го напиша никако не можам да го спојам со вториов.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    4.146
    Пол:
    Машки
    Значи пак се сведува на тоа, кој има пари да компензира за него нема да важат ни празници ни делници, ќе си плати и нема прекин, работниците никој не ги прашува?За мене е идеална работна недела од пон-пет, со 6 работни саати во ден но тоа тука не е возможно за жал и сите помали бизниси што ги имаат луѓето ќе пропаднат, бидејќи државата не ја интересира.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.847
    Допаѓања:
    143.776
    Пол:
    Женски
    И Бит Пазар отиде... Скопје во кое израснав полека исчезнува...
     
    На Medea. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.847
    Допаѓања:
    143.776
    Пол:
    Женски
    На верските празници 90% работат приватници. Не скокајте одма.
    И еве Мицика кажа дека нема да се чепка во празниците.
     
    На Darko90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Машки
    Кааажа ли?

    Абе нема ко нашио премиер алав да му е, се грижи за нас граѓаните и да одмораме не само да работиме :clap:

    Сега уште да е таков да речи нема поместување на старосната граница за пензионирање и готово наредни избори гласот од нас му е сигурен а со тоа и победата (fingers)
     
    На Darko90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.847
    Допаѓања:
    143.776
    Пол:
    Женски
    Кажа па сега да видиме...
    https://press24.mk/mickoski-protiv-...avata-na-rabotnicite-treba-da-se-pochituvaat/
     
  7. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Машки
    Не се сомневај, зборот збор е кај него, гледаш еднаш вика ќе укиниме после не, да се вртат приказни битно да има народ шта причати, инаку ќе требаше за скапотијата на горивата, производите и протестите на земјоделците да зборваме шо се одржаа неколку пати периодов.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.424
    Допаѓања:
    169.884
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.220
    Допаѓања:
    186.452
    Пол:
    Женски
    Не морам да замислам. Знам. Имам и јас работено во Сабота (и Недела), имам работено со 1-2 дена слободни през недела ама никако за викенд и имам работено со 3 дена слободни Петок-Недела. Една мајка шо имам уште многу често работи Сабота и е со еден слободен ден неделата и јас се нервирам за неа зошто „добро му било“ каде шо е. Не морам да замислам.

    Ќе ти поможам иако не разбирам кој дел не ти е јасен и зошто.
    Првиот дел збора дека ако викенди и празници се работни мора да се компензираат соодветно. Ако не се компензираат соодветно - едноставно не се работни. Ако се укини не работење во Недела (ова беше „жешка“ дискусија пред година дена ми се чини) или ако почнат да се работат празници од старт или кратиш слободни денови на луѓе да не можат да одморат, или кратиш од плата на други луѓе кои посекако работат. Lose-lose ситуација е. Да дополнам, ова е замислена ситуација, шо ако ги укинат празниците и шо значи то за обичниот работник. Само губи. Параграфот горе, и овој сега е опис како губи тој работник. Не е моја „желба“.

    Мојата идеална работна недела (вториот дел) нема врска со работа празници или викенди. Како шо пишав погоре во мислењето пред ова шо го цитира, јас работам наши празници со ептен ретки исклучоци. И партнерот мој работи исто како мене со то шо некогаш можи да земи неколку наши празници како слободни без дополнителна компензација (јбг, работа со странци). Од таму, мојата „идеална“ работна недела се состои према моменталните мои можности (за мене).

    Значи со то шо велам дека празниците треба да останат празници и да не се намалват јас се грижам за обичниот работник шо се состои од луѓе шо ги знам, ама и од луѓе шо не ги знам. Не мора нешто да ми се случва мене во овој даден момент за да ми е грижа. Ако се дозволи да се скрати едно нешто, после многу лесно се зема и друго нешто.

    Прво - crapitalism.

    Второ - имаш избежни и неизбежни ситуации, не знам колкав си ама ако си помал ќе научиш со тек на време. То значи дека некогаш мора да избериш меѓу две зла. Ако морам да работам на празник во мк фирма - то мора да ми е компензирано. Сум потпишала договор за то. Ако не сум соодветно компензирана за работа на празник во мк фирма - државата ме штити со то шо јас не треба да работам на тој празник. Или барем треба да ме штити. Ако државата го укини тој празник и стани работен, јас нема да бидам компензирана и ќе работам на тој празник. Против то се збора кога дискутираме темава пред се.

    Трето - имаш професии кои се од итен карактер и зато имаат дури и дежурства (и сам спомна, пример болници, дури и аптеки не работат сите викенди и празници, порано бар имаше ротација ко работев то). Ама то е нешто шо прво го знајш пред вработвање и то е нешто шо можиш да го дискутираш за соодветна компензација пред вработување. Инаку си во lose-lose ситуација.
     
    Последна измена: 6 октомври 2026 во 22:04