Епа замисли да имаш само еден слободен ден во неделата, а не 2 и замисли секоја сабота да ти е работна. Првиов дел што го напиша никако не можам да го спојам со вториов.
Значи пак се сведува на тоа, кој има пари да компензира за него нема да важат ни празници ни делници, ќе си плати и нема прекин, работниците никој не ги прашува?За мене е идеална работна недела од пон-пет, со 6 работни саати во ден но тоа тука не е возможно за жал и сите помали бизниси што ги имаат луѓето ќе пропаднат, бидејќи државата не ја интересира.
На верските празници 90% работат приватници. Не скокајте одма. И еве Мицика кажа дека нема да се чепка во празниците.
Кааажа ли? Абе нема ко нашио премиер алав да му е, се грижи за нас граѓаните и да одмораме не само да работиме Сега уште да е таков да речи нема поместување на старосната граница за пензионирање и готово наредни избори гласот од нас му е сигурен а со тоа и победата
Кажа па сега да видиме... https://press24.mk/mickoski-protiv-...avata-na-rabotnicite-treba-da-se-pochituvaat/
https://kajgana.com/vesti/khronika/...hwgtVlj1FknrkBS2Xg_aem_fj38WDo-PmoOHaQZyMYQdQ Е од вакви глупачки страда земјава, а не од кутриот работник. Како ли си мислеле дека нема некои да примети 80м ден? Ова ептен ептен треба да си пренајглуп!
Не морам да замислам. Знам. Имам и јас работено во Сабота (и Недела), имам работено со 1-2 дена слободни през недела ама никако за викенд и имам работено со 3 дена слободни Петок-Недела. Една мајка шо имам уште многу често работи Сабота и е со еден слободен ден неделата и јас се нервирам за неа зошто „добро му било“ каде шо е. Не морам да замислам. Ќе ти поможам иако не разбирам кој дел не ти е јасен и зошто. Првиот дел збора дека ако викенди и празници се работни мора да се компензираат соодветно. Ако не се компензираат соодветно - едноставно не се работни. Ако се укини не работење во Недела (ова беше „жешка“ дискусија пред година дена ми се чини) или ако почнат да се работат празници од старт или кратиш слободни денови на луѓе да не можат да одморат, или кратиш од плата на други луѓе кои посекако работат. Lose-lose ситуација е. Да дополнам, ова е замислена ситуација, шо ако ги укинат празниците и шо значи то за обичниот работник. Само губи. Параграфот горе, и овој сега е опис како губи тој работник. Не е моја „желба“. Мојата идеална работна недела (вториот дел) нема врска со работа празници или викенди. Како шо пишав погоре во мислењето пред ова шо го цитира, јас работам наши празници со ептен ретки исклучоци. И партнерот мој работи исто како мене со то шо некогаш можи да земи неколку наши празници како слободни без дополнителна компензација (јбг, работа со странци). Од таму, мојата „идеална“ работна недела се состои према моменталните мои можности (за мене). Значи со то шо велам дека празниците треба да останат празници и да не се намалват јас се грижам за обичниот работник шо се состои од луѓе шо ги знам, ама и од луѓе шо не ги знам. Не мора нешто да ми се случва мене во овој даден момент за да ми е грижа. Ако се дозволи да се скрати едно нешто, после многу лесно се зема и друго нешто. Прво - crapitalism. Второ - имаш избежни и неизбежни ситуации, не знам колкав си ама ако си помал ќе научиш со тек на време. То значи дека некогаш мора да избериш меѓу две зла. Ако морам да работам на празник во мк фирма - то мора да ми е компензирано. Сум потпишала договор за то. Ако не сум соодветно компензирана за работа на празник во мк фирма - државата ме штити со то шо јас не треба да работам на тој празник. Или барем треба да ме штити. Ако државата го укини тој празник и стани работен, јас нема да бидам компензирана и ќе работам на тој празник. Против то се збора кога дискутираме темава пред се. Трето - имаш професии кои се од итен карактер и зато имаат дури и дежурства (и сам спомна, пример болници, дури и аптеки не работат сите викенди и празници, порано бар имаше ротација ко работев то). Ама то е нешто шо прво го знајш пред вработвање и то е нешто шо можиш да го дискутираш за соодветна компензација пред вработување. Инаку си во lose-lose ситуација.
Словенскиот работник е 2.5 до 3.5 пати повеќе продуктивен и ефикасен од македонскиот работник. Зависно од која професија или работа или кои параметри се земаат. Има на гугл разни мерења и споредби. Да не зборувам само колку словенскиот работник е поодговорен од македонскиот. Ние цело време гураме со еден ист неефикасен економски модел и цело време мислиме дека ако додадеме уште малку уље ќе проработи и тргне напред. Не, само се залажуваме и заостануваме зад другите. Гајле им е на политичарите. Ќе ви кажат се што сакате да чуете. Чист популизам, а тие ќе си натрпаат пар милиони евра во џеб и ќе си ја збришат на страна. Ако сакаме да го менуваме политичкиот и економскиот систем во Македонија, треба да си го менуваме и личниот менталитет. Од самите себе да почнеме. Вака, црно ни се пишува
Ова со минималната плата ќе наречам волонтирање не плата, па уште по продуктивни ? Што по продуктивни бе за тие пари нека и бидат среќни што уопште некој и доаѓа на работа ,ужас.
2 godini ova stopanskava komora i rabotnicite ne mozat da se dogovorat za MINIMALNATA PLATA.. da bila 500 eur.. Ami vo crna gora od 01.01.2027 minimalnata plata ke e 1000 eur..
Секако дека сакаме да споиме продолжен викенд и да отидеме некаде со семејството, многу си ја сакам работата, ама целиот живот не се сведува само на неа. Е сега, тие што се у администрација и работен ден за нив е празник и одат на работа на два саати, останатото време у кафиќ или си маваат приватни обврски.
Мора да се смени мислењето дека за минимална плата од толку пари не се работи. Па не мора да работиш никој не те тера. Толку сме продуктивни толкава ни е платата.
Па не ни работам јас општо зборувам ми е жал за луѓе што работат се мачат за минимална. Тоа колкава ни е продуктноста толкава ни е платата каква продуктивност бе за тие пари??? Не знам како не им е срам огласи да пуштаат за 26 к. Што може со тие пари да си дозволиш бе ништо ,мизерија!!!
Епа види Словенија колкаво производство има за 3 пати поголема плата. А ние немаме никакво производство и слабо кфаликувани работници.
Сите се запнаа за условите на последниот конкурс и како докторов шо штрајкува имал понизок просек. Просекот како критериум не е единствен и апсолутен при избирање на кандидат за вработување. Тука се земаат и низа на други критериуми како работно искуство, доедукација, итн. кои беа намерно изоставени од тој што ги објавил овие податоци, со цел да изгледа дека Дарко манипулира, а Медицинскиот факултет ја кажува вистината. Воедно, информациите за просекот, работното искуство и специјализацијата и нејзинот тек се доверливи информации кои не се јавно достапни, но секако Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти(АСМЛ) на чело со Ненад Алапача Лазаров, одлучи туку-така да ги сподели со јавноста, бидејќи тие НАВИДУМ не одат во прилог со аргументот дека докторов е дискриминиран. Каде се резултатите од минатите 2 конкурси каде што не бил избран како кандидат за вработување? Зошто специјализацијата по спортска медицина не се спомува како многу голем плус кај кандидатот? Најмизерно е тоа што ниту едно здружение на лекари не застана зад него, или бар да му помогне да се справи со целата ситуација. Тоа е така, бидејќи во сите се изнапикале членови кои си гледаат само личните интереси и си бркаат лични придобивки.