Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    17.825


    Зошто сите сакаат да зборуваат за крајот?
    Да пишуваат поезија, да снимат филмови, да компонираат симфонии, да профитираат од него?
    Од крајот.
    Толку ли се палат на тоа?
    На насолзени разделби, на пропаднати љубови, на изгубени пријателства и на носталгични сеќавања со меланхоличен призвук.
    Да зборуваме за почетокот.
    Кој го ебе крајот.
    Крајот секогаш зависи од почетокот.
    Почетокот никогаш од крајот!
     
    На Captain-Omni, crazylady, De-lovely и 8 други им се допаѓа ова.
  2. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Женскa логикa - Не ми пиша, не му пишувам ни јас.
    Јас слушам и трепкам.
    Машκа логиκа -Не ми пиша, ќе и пише на дρуга.
    Е сега дали ќе биде Јана или Ана не е битно...

    Инспирирана од слушањето на двата пола.
    Убав викенд:hug:
    [​IMG]
     
    На cheetah.girl, Ivy89, crazylady и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сакам да отидам некаде сама на неколку минути барем на тишина и да вриснам на цел глас, оти денес на сите им угодив а на мене никој, само срцко мој мал ме исполнува.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.925
    Пол:
    Женски
    Јас: Tато шо прајш, арен си?
    Taто: Кажи ајде, колку пари ти требаат?
    Оди после докажи дека си му пишала само затоа што си загрижена :lol::lol:
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.635
    Допаѓања:
    176.194
    Си лежиме со ќерка ми попладне ,во дневна ,двете на тросед,гледаме телевизија....
    Се стиснало сонцето во мене ,ме држи за рака ....знам дека еден ден ќе се сеќавам на моментот ,на денов...како сега што се сеќавам на синот кога беше на нејзина возраст....а сега....го чекам да заспие за да го бакнам,погалам по коса....ма не,он е голем,ќе се гушка со мајка му....како па да не....
    И лежиме така со ќеркичево и ја прашувам-Сине,среќна си?
    -Да,мамо многу.
    -А што те прави среќна?-продолжувам јас.
    -Па среќна сум што имам брат и....
    -Што друго сине?
    -Па што сме сите живи и здрави дома,а знаеш мамо тоа ми е и желба,секогаш да сме здрави,среќни,да се смееме....и тато и бато и ти мамо и јас...секогаш да сме здрави....само тоа...
    Се вратив години и години наназад...кога истиов разговор го имаше меѓу мене и мајка ми....
    Само мојата желба за здравје на родителите веќе 5 години е само пуста желба....нема спас,нема решение....
    Живот....желби....
    Толку мала ,а веќе посакува само здравје за семејството.....сонце мамино....
     
    На Bozica1980, girl-miri, Ketrin.Moon и 35 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.970
    Допаѓања:
    189.816
    Пол:
    Женски
    Оваа есен ми е далеку од само годишно време.
    Емоција ми е. Топлина ми е. Парче душа ми е. Љубов ми е.
    Да беше предмет, да можеше да се допре, чувството од тој допир ќе беше како да те гали мајчината рака, оној допир кој влева топлина, нежност, смиреност и сигурност.. допир на свила на која вредноста никогаш не може да се одреди.
    Да беше мирис па да можеше да се почувствува... ќе беше оној мирис на бебенце, нов живот, чистота, невиност, мирис на уште не изгубена наивност, на најчистата и најсилната љубов на светот.
    Да беше глас ќе беше неговиот. (оној на кој прво помислувате)
    Оној кој ти е сонце во зима, кокиче во пролет, утринска роса во лето, најчистата идила во есен. Оној кој ти е сон во ноќта а јаве во денот. Оној кој ти е желба кога го нема, страст кога го има. Оној кој ти е лек за срце, опиум за душа и љубов за Божик. Оној кој кога ќе ви ја стисне раката.. знаете дека се ќе биде во ред зошто тој е тука.
     
    На MademoiselleB, ludoto19, cheetah.girl и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Уште едни сокршени слушалки...Не е можно:|
     
  8. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.099
    Пол:
    Женски
    2014-11-14 20.47.49.png
     
    На Lella и XstrongerX им се допаѓа ова.
  9. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Денеска и е роденден на една од моите најдобри другарки со којашто не сум се видела ниту слушнала на телефон поради објективни причини дека таа се омажи и доби ќеркичка.Јас и честитав на фејсбук со песната Роденден е денот и убави желби.Малку детски,но,сепак,многу симпатично.И таа ми врати на честитката со заблагодарување и смајли.И навистина ми го разубави денот бидејќи одамна не сме контактирале,а сепак,многу ми е драга бидејќи многу сме се сложувале уште кога учевме заедно во Гимназија.Еве доказ дека вистинските другарства се ретки,но сепак постојат!:hug::*:inlove::l::l::l:
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Не би се класифицирала себеси како песимист. Јас понесена од иронијата понекогаш звучам како да имам негативни гледишта на некои животни ситуации. Сепак тоа се мои ставови и се однесуваат исклучиво на една маса нискоинтелегентни единки за кои имам фиксирани и релативно непроменливи предрасуди кои ги афирмирам одново и одново во секојдневието. Интуитивно носам заклучоци штом детално ги анализирам нивниот говор на тело и сиромашниот вокабулар, јасно ми е за што станува збор и колку е "широк" нивниот хоризонт. Не ги потценувам, само се изолирам од нивно приустсво од фобија дека ќе отупам од неаргументирани расправии на банални теми.

    Паметна мисла на денот, творба на просечен човек - Паметните луѓе не се склони кон расправија.
    Разгледајте ги сите страни на мислава, прилагодете ја на нашето поднебје и ќе разберете за што станува збор.Интелегентен родител не се дери на љубопитно дете.
     
    На Captain-Omni и SelinaKyle им се допаѓа ова.
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Не знам зошто ама никогаш не ме привлекувале директно заштитнички настроени мажи. Туку некои што суптилно биле тука за мене,набљудувале како чекорам низ животот и биле на дофат да ја пружат раката само ако се затетеравам. При тоа дозволувајќи ми слободно да бидам своја,со целата своја тврдоглавост и желба самостојно да се борам за се. Почитувале дека сакам понекогаш да си ја изгорам раката,да згрешам и да продолжам.
    И колку и индивидуалноста да ја поистоветуваме со сила,понекогаш нашата сила се мери во тоа колку сме способни да бидеме силни во пар,без да изгубиме од својата посебност.

    Така,сега го чекам моментот кога пак ќе ме погледне еден таков суптилен поглед, што мислам дека успева да го забележи моментот кога случајна трепка ми се откинува од окото. :angel:
     
    На Sexybaby86, eliesaab, do-re-mi и 7 други им се допаѓа ова.
  12. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    До каде стигна овој свет! Ќе слушам некоја малограѓанка што се омажила трудна на 18 на која само пар години подоцна една од главните преокупации во животот и се свекрви и јатрви како соли памет за нечиј капацитет и потенцијал. Госпоѓице, госпоѓо, се извинувам, да имаше мозок каков што би сакала и каков што се залажуваш дека имаш, немаше да заглавиш на начинот на кој што заглави. Чао, пријатно.
     
    Последна измена: 14 ноември 2014
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.034
    Не знам за вас, ама мене Нова година веќе некое време и не ми е некоја вечер многу поразлична од другите, и прашањето „Каде за Нова година“ ми стана веќе клише муабет.
    Порано толку ми беше битно каде ќе славам, со кого ќе славам, па нешто слично и за втора вечер, купување фустани специјално за тоа, замарање, претерување, преувеличување...too much.
    А сега сфатив дека сето тоа било премногу. Дека сето тоа е убаво во граници на нормала. Сега сакам да се дотерам убаво, но не и да се замарам и преоптеретувам со тоа со денови пред вечерта. Сакам да носам убав фустан, но знам дека имам и не морам да купувам нов. Сега е веќе како да се спремам за излегување низ град, ем да изгледам убаво, ем значењето на сето тоа да не биде пренагласено од потребното. И неколку часа од вечерта се, и тоа ќе поминат брзо. Веќе сум свесна во која мера треба да придадам значај на тоа, и поубаво ми е, и мило ми е.
    Многу повеќе му се радувам на јануари. Затоа што тука веќе чувствувам како да почнува ново поглавје, како да сум се отарасила од нешто старо, како да ми паднала некоја тежина од грбот... олеснување. Многу повеќе им се радувам на празниците во јануари - Божиќ, Бадник, Коледе, на именденот...итн. Исто така се радувам и што ако се ми оди по планот (а се надевам ќе оди), ќе одам пак на пракса каде што одам секоја година на лето, но овој пат и во јануари и се тоа со мерак. Ако немам обврски од факултет, ќе го користам времето паметно, деновите ќе ми бидат исполнети во банка со прекрасни луѓе, викендите ќе одам на зимувања кај што ќе има снег, затоа што обожавам снег... имам многу желби и планови, кои се надевам ќе ми се остварат. Го чекам и сакам јануари. Особено ако немам за учење. :D
     
    На Lella, Adi888, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    денес беше Експо 2014-јеее КОНЕЦНО ПОМИНА
    окапавме цел ден
    трес, тензија-не можам да ви опишам
    пред тоа успеав само да се исфенирам
    пред тоа едвај успеав крем за лице да си купам-а сакав да ме нашминкаат, секако и маникир ама не стигнаа парите
    нови фирми, нови контакти, нешто ново од комуникациски вештини
     
  15. Sedmica

    Sedmica Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    149
    Кога носите љубов во себе, товарот на животот ви станува полесен.
     
    На julie77, nevermet18 и tessie им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.653
    Допаѓања:
    82.721
    Пол:
    Женски
    Повеќе од јасно е дека роднините едноставно не можеме да си ги одбереме сами зашто тука некој друг замешал прсти, ама овие моиве со кои пораснав, исто како сама да сум ги одбрала. Дури мислам дека и кога би ги бирала, сигурно не би можела да ги составам онакви какви што се - не само спрема мене, туку и спрема луѓето околу нас.

    Со оглед на околностите (а малку и по наша вина), во последно време ни стана луксуз и да се сретнеме на улица и да промуабетиме, дури ме фаќа срам зашто нашите муабетења не се од типот: - Здраво, како си?
    - Еве добро, ти? - Еве и јас ...
    Денес како за чудо, се уклопивме со тајмингот, кој постколоквиумски, кој после работа и толку многу муабети свртевме, што дури во еден момент ме заболе глава онака, од смеење и зборување. Ете, кога човек е „осуден“ да учи и седи пред компјутер повеќе часа во текот на денот, неретко заборава дека има способност да зборува со брзината на светлината. :rofl::$
    И така, превртевме милион теми како и обично, а по навика си ги расприкажавме и бест оф моментите од нашето златно доба и се потсетивме колку нашите баби „патеа“ од нашите глупости - од што друго, ако не од јадењето. :D
    Ни фалеше само брат ми како најмал нели, ама затоа постои глупавата измислица наречена Снепчет, па за момент и јас се почувствував беспомошна како мајка ми кога седи пред вклучен Скајп и ми мавта со рацете - Ме слушаш ? Ме гледаш ?! (facepalm)

    Интересно е колку време поминало, сме се измениле што сме се измениле (иако јас пре би кажала созреале него ли измениле), ама уште сме тие - кој си останал сучка :$, кој добил седи влакна во пуцвал фризурата од многу задачи по кинематика, кој прави заби од протезите кои ги носел со години... :wasntme:
    Исти сме, тие сме, наши и свои, ги сакам и среќна сум што се мои и јас нивна, секогаш и засекогаш.
    До повеќе вакви средби, почесто. Во последно време како да подзаборавив што значеше тоа да бидеш безгрижен и да се смееш детски додека баба во кујната ви ја пржи порцијата компири и ви објаснува тебе, на твојот бато и на помалите (кои веќе и не се така мали), колку е штетно да не измиеш раце пред да седнеш да јадеш ...
     
    На ludoto19, Giovanna, eliesaab и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.196
    Пол:
    Женски
    Некогаш толку брзо заборавам, тоа е чудо :D со брзина на светлината може да ми се избрише информација од глава, ама тоа ептен ретко, остало абе бог да чува, се ми меморира мозоков и тоа што не сакам, меморира, затоа често пати во смеа велам, тешко е човек да ми скрие нешто :D , невозможно, ќе дознаам, па што сака нека биде, нема после „ ама ја...“ , немет.
     
    На eliesaab, Lella, IronLady и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    СДК Ја викале Северина оти доаѓала од север:smoke:
     
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.397
    Допаѓања:
    92.754
    Пол:
    Женски
    Не се срамам да заплачам пред луѓе ако во моментот се осеќам така !!! :)
    Не ми е важно кој има околу мене и што се случува, какви емоции ми навираат во моментот така и се однесувам но се разбира се во нормала :D
    Се случи еднаш една девојка ми префрли зошто сум се смеела толку гласно па на неа денот и бил катастрофа,неможела да ме слуша.И кажав :неможе на сите да ни биде исто,ти терај си по твое јас по мое.
    Не кажа ништо само се насмевна на тоа.
    Се сретнавме после неколку месеци и ми кажа дека моите зборови сеуште и се вртеле во мисли и после толку време ми се извини што ми префрлила и ми кажала така.
    Ценам, рака на срце но јас таквиот муабет не си го сватив здраво за готово затоа што секогаш кажувам тоа што го мислам и нема зошто да кријам како се чуствувам и дали поради некој треба да ги кријам моите чуства.
    А светот е променет, луѓето не се како порано. Веќе на никого не му е галје дали плачете или се смеете,добро постојат исклучоци има и по некоја радознала :lol: ама ич да не ви е галје правете како што ви е на вас убаво но сепак внимавајте да не повредите некого :!:

    Добра ноќ :*
     
    На Giovanna, eliesaab и tessie им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.254
    Допаѓања:
    167.887
    Го љубам точно од овој ден.
    Го љубам секој негов здив.
    Секако последниот танц е за него.

    Тешко ми беше да тргнам по неговиот пат, не беше праведно, но секако знаев дека ќе ме чека.
    Сум трчала како улава после италијански само за да го видам скришум.
    И буквално ми крадеше први бакнежи како стих од некоја глупава балада.
    И оттогаш до денес тоа е единствената прегратка во која можам да се чувствувам свое, удобно и заштитено.
    Интересното е ... што прв пат седнавме во некогашното Лилит кафе и ништо со ништо нема врска, од случајност и мојот јузер е таков. Кога се освестив се изнасмеав и уствари - ништо не е случајно.



    Ова е албумот што ми го одбележа тој период од животот ги знам сите песни на памет.
    Во душата ми е пролет... навистина секогаш сум имала среќа во љубовта. Некогаш скршена, некогаш бесно лута, ама секогаш среќна. Никогаш не била проблем да ја имам и да ја дадам... срцето ми е цело.

    Го љубам... и се радувам на нашата заедничка дома на некое друго поубаво место од ова тука...

    Петочки филтрирам енергија и медитирам, пмс дрма, а јас за среќа - непотечена ко балон и килца со 5че пред нив...хихихи...

    И уште една песмица да ве почастам.

     
    На Barbie20, ludoto19, Sexybaby86 и 16 други им се допаѓа ова.