Зошто сите сакаат да зборуваат за крајот? Да пишуваат поезија, да снимат филмови, да компонираат симфонии, да профитираат од него? Од крајот. Толку ли се палат на тоа? На насолзени разделби, на пропаднати љубови, на изгубени пријателства и на носталгични сеќавања со меланхоличен призвук. Да зборуваме за почетокот. Кој го ебе крајот. Крајот секогаш зависи од почетокот. Почетокот никогаш од крајот!
Женскa логикa - Не ми пиша, не му пишувам ни јас. Јас слушам и трепкам. Машκа логиκа -Не ми пиша, ќе и пише на дρуга. Е сега дали ќе биде Јана или Ана не е битно... Инспирирана од слушањето на двата пола. Убав викенд
Сакам да кажам дека сакам да отидам некаде сама на неколку минути барем на тишина и да вриснам на цел глас, оти денес на сите им угодив а на мене никој, само срцко мој мал ме исполнува.
Јас: Tато шо прајш, арен си? Taто: Кажи ајде, колку пари ти требаат? Оди после докажи дека си му пишала само затоа што си загрижена
Си лежиме со ќерка ми попладне ,во дневна ,двете на тросед,гледаме телевизија.... Се стиснало сонцето во мене ,ме држи за рака ....знам дека еден ден ќе се сеќавам на моментот ,на денов...како сега што се сеќавам на синот кога беше на нејзина возраст....а сега....го чекам да заспие за да го бакнам,погалам по коса....ма не,он е голем,ќе се гушка со мајка му....како па да не.... И лежиме така со ќеркичево и ја прашувам-Сине,среќна си? -Да,мамо многу. -А што те прави среќна?-продолжувам јас. -Па среќна сум што имам брат и.... -Што друго сине? -Па што сме сите живи и здрави дома,а знаеш мамо тоа ми е и желба,секогаш да сме здрави,среќни,да се смееме....и тато и бато и ти мамо и јас...секогаш да сме здрави....само тоа... Се вратив години и години наназад...кога истиов разговор го имаше меѓу мене и мајка ми.... Само мојата желба за здравје на родителите веќе 5 години е само пуста желба....нема спас,нема решение.... Живот....желби.... Толку мала ,а веќе посакува само здравје за семејството.....сонце мамино....
Оваа есен ми е далеку од само годишно време. Емоција ми е. Топлина ми е. Парче душа ми е. Љубов ми е. Да беше предмет, да можеше да се допре, чувството од тој допир ќе беше како да те гали мајчината рака, оној допир кој влева топлина, нежност, смиреност и сигурност.. допир на свила на која вредноста никогаш не може да се одреди. Да беше мирис па да можеше да се почувствува... ќе беше оној мирис на бебенце, нов живот, чистота, невиност, мирис на уште не изгубена наивност, на најчистата и најсилната љубов на светот. Да беше глас ќе беше неговиот. (оној на кој прво помислувате) Оној кој ти е сонце во зима, кокиче во пролет, утринска роса во лето, најчистата идила во есен. Оној кој ти е сон во ноќта а јаве во денот. Оној кој ти е желба кога го нема, страст кога го има. Оној кој ти е лек за срце, опиум за душа и љубов за Божик. Оној кој кога ќе ви ја стисне раката.. знаете дека се ќе биде во ред зошто тој е тука.
Денеска и е роденден на една од моите најдобри другарки со којашто не сум се видела ниту слушнала на телефон поради објективни причини дека таа се омажи и доби ќеркичка.Јас и честитав на фејсбук со песната Роденден е денот и убави желби.Малку детски,но,сепак,многу симпатично.И таа ми врати на честитката со заблагодарување и смајли.И навистина ми го разубави денот бидејќи одамна не сме контактирале,а сепак,многу ми е драга бидејќи многу сме се сложувале уште кога учевме заедно во Гимназија.Еве доказ дека вистинските другарства се ретки,но сепак постојат!inlove:
Не би се класифицирала себеси како песимист. Јас понесена од иронијата понекогаш звучам како да имам негативни гледишта на некои животни ситуации. Сепак тоа се мои ставови и се однесуваат исклучиво на една маса нискоинтелегентни единки за кои имам фиксирани и релативно непроменливи предрасуди кои ги афирмирам одново и одново во секојдневието. Интуитивно носам заклучоци штом детално ги анализирам нивниот говор на тело и сиромашниот вокабулар, јасно ми е за што станува збор и колку е "широк" нивниот хоризонт. Не ги потценувам, само се изолирам од нивно приустсво од фобија дека ќе отупам од неаргументирани расправии на банални теми. Паметна мисла на денот, творба на просечен човек - Паметните луѓе не се склони кон расправија. Разгледајте ги сите страни на мислава, прилагодете ја на нашето поднебје и ќе разберете за што станува збор.Интелегентен родител не се дери на љубопитно дете.
Не знам зошто ама никогаш не ме привлекувале директно заштитнички настроени мажи. Туку некои што суптилно биле тука за мене,набљудувале како чекорам низ животот и биле на дофат да ја пружат раката само ако се затетеравам. При тоа дозволувајќи ми слободно да бидам своја,со целата своја тврдоглавост и желба самостојно да се борам за се. Почитувале дека сакам понекогаш да си ја изгорам раката,да згрешам и да продолжам. И колку и индивидуалноста да ја поистоветуваме со сила,понекогаш нашата сила се мери во тоа колку сме способни да бидеме силни во пар,без да изгубиме од својата посебност. Така,сега го чекам моментот кога пак ќе ме погледне еден таков суптилен поглед, што мислам дека успева да го забележи моментот кога случајна трепка ми се откинува од окото.
До каде стигна овој свет! Ќе слушам некоја малограѓанка што се омажила трудна на 18 на која само пар години подоцна една од главните преокупации во животот и се свекрви и јатрви како соли памет за нечиј капацитет и потенцијал. Госпоѓице, госпоѓо, се извинувам, да имаше мозок каков што би сакала и каков што се залажуваш дека имаш, немаше да заглавиш на начинот на кој што заглави. Чао, пријатно.
Не знам за вас, ама мене Нова година веќе некое време и не ми е некоја вечер многу поразлична од другите, и прашањето „Каде за Нова година“ ми стана веќе клише муабет. Порано толку ми беше битно каде ќе славам, со кого ќе славам, па нешто слично и за втора вечер, купување фустани специјално за тоа, замарање, претерување, преувеличување...too much. А сега сфатив дека сето тоа било премногу. Дека сето тоа е убаво во граници на нормала. Сега сакам да се дотерам убаво, но не и да се замарам и преоптеретувам со тоа со денови пред вечерта. Сакам да носам убав фустан, но знам дека имам и не морам да купувам нов. Сега е веќе како да се спремам за излегување низ град, ем да изгледам убаво, ем значењето на сето тоа да не биде пренагласено од потребното. И неколку часа од вечерта се, и тоа ќе поминат брзо. Веќе сум свесна во која мера треба да придадам значај на тоа, и поубаво ми е, и мило ми е. Многу повеќе му се радувам на јануари. Затоа што тука веќе чувствувам како да почнува ново поглавје, како да сум се отарасила од нешто старо, како да ми паднала некоја тежина од грбот... олеснување. Многу повеќе им се радувам на празниците во јануари - Божиќ, Бадник, Коледе, на именденот...итн. Исто така се радувам и што ако се ми оди по планот (а се надевам ќе оди), ќе одам пак на пракса каде што одам секоја година на лето, но овој пат и во јануари и се тоа со мерак. Ако немам обврски од факултет, ќе го користам времето паметно, деновите ќе ми бидат исполнети во банка со прекрасни луѓе, викендите ќе одам на зимувања кај што ќе има снег, затоа што обожавам снег... имам многу желби и планови, кои се надевам ќе ми се остварат. Го чекам и сакам јануари. Особено ако немам за учење.
денес беше Експо 2014-јеее КОНЕЦНО ПОМИНА окапавме цел ден трес, тензија-не можам да ви опишам пред тоа успеав само да се исфенирам пред тоа едвај успеав крем за лице да си купам-а сакав да ме нашминкаат, секако и маникир ама не стигнаа парите нови фирми, нови контакти, нешто ново од комуникациски вештини
Повеќе од јасно е дека роднините едноставно не можеме да си ги одбереме сами зашто тука некој друг замешал прсти, ама овие моиве со кои пораснав, исто како сама да сум ги одбрала. Дури мислам дека и кога би ги бирала, сигурно не би можела да ги составам онакви какви што се - не само спрема мене, туку и спрема луѓето околу нас. Со оглед на околностите (а малку и по наша вина), во последно време ни стана луксуз и да се сретнеме на улица и да промуабетиме, дури ме фаќа срам зашто нашите муабетења не се од типот: - Здраво, како си? - Еве добро, ти? - Еве и јас ... Денес како за чудо, се уклопивме со тајмингот, кој постколоквиумски, кој после работа и толку многу муабети свртевме, што дури во еден момент ме заболе глава онака, од смеење и зборување. Ете, кога човек е „осуден“ да учи и седи пред компјутер повеќе часа во текот на денот, неретко заборава дека има способност да зборува со брзината на светлината. И така, превртевме милион теми како и обично, а по навика си ги расприкажавме и бест оф моментите од нашето златно доба и се потсетивме колку нашите баби „патеа“ од нашите глупости - од што друго, ако не од јадењето. Ни фалеше само брат ми како најмал нели, ама затоа постои глупавата измислица наречена Снепчет, па за момент и јас се почувствував беспомошна како мајка ми кога седи пред вклучен Скајп и ми мавта со рацете - Ме слушаш ? Ме гледаш ?! Интересно е колку време поминало, сме се измениле што сме се измениле (иако јас пре би кажала созреале него ли измениле), ама уште сме тие - кој си останал сучка , кој добил седи влакна во пуцвал фризурата од многу задачи по кинематика, кој прави заби од протезите кои ги носел со години... Исти сме, тие сме, наши и свои, ги сакам и среќна сум што се мои и јас нивна, секогаш и засекогаш. До повеќе вакви средби, почесто. Во последно време како да подзаборавив што значеше тоа да бидеш безгрижен и да се смееш детски додека баба во кујната ви ја пржи порцијата компири и ви објаснува тебе, на твојот бато и на помалите (кои веќе и не се така мали), колку е штетно да не измиеш раце пред да седнеш да јадеш ...
Некогаш толку брзо заборавам, тоа е чудо со брзина на светлината може да ми се избрише информација од глава, ама тоа ептен ретко, остало абе бог да чува, се ми меморира мозоков и тоа што не сакам, меморира, затоа често пати во смеа велам, тешко е човек да ми скрие нешто , невозможно, ќе дознаам, па што сака нека биде, нема после „ ама ја...“ , немет.
Не се срамам да заплачам пред луѓе ако во моментот се осеќам така !!! Не ми е важно кој има околу мене и што се случува, какви емоции ми навираат во моментот така и се однесувам но се разбира се во нормала Се случи еднаш една девојка ми префрли зошто сум се смеела толку гласно па на неа денот и бил катастрофа,неможела да ме слуша.И кажав :неможе на сите да ни биде исто,ти терај си по твое јас по мое. Не кажа ништо само се насмевна на тоа. Се сретнавме после неколку месеци и ми кажа дека моите зборови сеуште и се вртеле во мисли и после толку време ми се извини што ми префрлила и ми кажала така. Ценам, рака на срце но јас таквиот муабет не си го сватив здраво за готово затоа што секогаш кажувам тоа што го мислам и нема зошто да кријам како се чуствувам и дали поради некој треба да ги кријам моите чуства. А светот е променет, луѓето не се како порано. Веќе на никого не му е галје дали плачете или се смеете,добро постојат исклучоци има и по некоја радознала ама ич да не ви е галје правете како што ви е на вас убаво но сепак внимавајте да не повредите некого Добра ноќ
Го љубам точно од овој ден. Го љубам секој негов здив. Секако последниот танц е за него. Тешко ми беше да тргнам по неговиот пат, не беше праведно, но секако знаев дека ќе ме чека. Сум трчала како улава после италијански само за да го видам скришум. И буквално ми крадеше први бакнежи како стих од некоја глупава балада. И оттогаш до денес тоа е единствената прегратка во која можам да се чувствувам свое, удобно и заштитено. Интересното е ... што прв пат седнавме во некогашното Лилит кафе и ништо со ништо нема врска, од случајност и мојот јузер е таков. Кога се освестив се изнасмеав и уствари - ништо не е случајно. Ова е албумот што ми го одбележа тој период од животот ги знам сите песни на памет. Во душата ми е пролет... навистина секогаш сум имала среќа во љубовта. Некогаш скршена, некогаш бесно лута, ама секогаш среќна. Никогаш не била проблем да ја имам и да ја дадам... срцето ми е цело. Го љубам... и се радувам на нашата заедничка дома на некое друго поубаво место од ова тука... Петочки филтрирам енергија и медитирам, пмс дрма, а јас за среќа - непотечена ко балон и килца со 5че пред нив...хихихи... И уште една песмица да ве почастам.