Длабоки мисли ми доаѓаат во ова време...реално никој пат не сум верувала во случајности така да се што се случува и секоја личност која ни влегува во нашиот живот е со некоја причина,така да мора во секоја ситуација да се вади само она позитивното и она што сме го научиле од таа личност или од самата ситуација...имајте добра нојќ и уживајте во секој момент дали е лош или добар не е битно,секое лошо за добро е така да ...
Доаѓаат празници, сите се расположени, весели, трчаат на сите страни и бараат поклони или новогодишни украси. Нешто оваа година е различно. Барем за мене. Како да се изгубила таа магија што ми ја носат празниците. Ми недостасува нешто...тој. Би сакала оваа година да ја започнам со него но за жал повторно ќе бидиме оддалечени неколку километри. Ми треба да е до мене за да ја почувствувам магијата на празнициве. Заедно да шетаме. Да се држиме за рака иако рацете ни се премрзнати од студ, а срцата никогаш потопли од љубов. Ми треба тој за да бидам среќна.
Добро утро ја подранив денес. Ова е најтешката недела, оценки се поправаат... Ако го преживеам денов, ќе живеам уште долго.
.. никогаш не се откажувајте пд своите соништа. Поради ова не ја сакам мојата природа, тивка сум и повлечена. И поради ова не можев да си го исполнам мојот сон. Почнав одлично, но некаде во текот на пубертетот ја изгубив сета храброст што порано ја имав. И еве ме по многу години, со диплома во раце што за мене ништо не вреди кога ќе помислам на она што од секогаш сакав да го работам. Стојам пред остатокот на мојот живот не знаејќи кој пат да го фатам бидејќи за исполнување на мојот сон е веќе предоцна.
Previously on СДК: Пост број 14644. @kolovoz и уште 13 други напишаа дека се многу заинтересирани што се случило и каде води приказната. Искрено и мене ме заинтригира прилично, па ветив дека ќе се обидам да дознаам. И дознав. Бидејќи работното место ми дозволува флексибилност во поглед на часот кога ќе стигнам во канцеларија, решен бев да откријам која е приказната со мајката и девојчето со кики. Мислев дека ќе ми треба многу повеќе време, но мистеријата ја открив само за два дена и морам да признаам дека е на граница на неверојатност и цело утро се мислам како најдобро да го доловам и објаснам она што го видов овие два дена. Вчера, излегов малку подоцна како што го направив тоа и во петокот, во обид да ги начекам двете утрински убавици на лулашките. Немав многу надеж дека ќе ги видам веднаш, но тие веќе беа таму и со истата насмевка уживаа во она што очигледно беше нивни личен утрински ритуал. Не знаев што би им кажал ако им пријдам, па само стоев од страна на педесетина метри и се преправав дека чепкам во телефонот и чекам некого. Повремено погледнував на рачниот часовник како некој да доцни иако телефонот го држев во рака. Како и да е, никој не се посомнева во мојот воајеризам. Мајката и девојчето останаа на лулашките цели 30 минути, а јас неверојатни 30 минути измислував нови начини да се скријам од светот. Воопшто не ме забележаа, очигледно, но кога тргнаа да си одат дома, додека мајката го подместуваше црно-белото шалче на девојчето и го умотуваше поубаво во јакничката, јас ја наведнав главата задлабочен во пишување смс порака која секако, не постоеше. Ме одминаа и се вратија назад по патот од каде секој ден ги гледав дека доаѓаат. Можеби малку претерав со манијакалното однесување, но ги следев, очигледно до дома, бидејќи влегоа во еден влез недалеку од местото на лулашките. Оставив да си заминат, не можев само да им влетам во влез и да помислат дека сум некој лудак. Следниот ден, то ест утрово, го паркирав автомобилот на паркингот спроти лулашките и почекав да дојде времето кога вообичаено пристигнуваат. Истата приказна, дојдоа, малечката се качи на лулашките, а мајка ѝ сонливо почна да ја турка напред со задоволна насмевка на своето лице. Десет минути се убедував и смислував реченица за која бев сигурен дека нема да ги исплаши, а потоа излегов од автомобилот и решително тргнав кон нив. На десетина чекори викнав, добрутро. Девојчето како да не ме ни забележа, а мајката не ја симна насмевката кога ме погледна и одврати, добро утро. Фатив да лажам, зашто, малце е отидено да ѝ кажам дека на форум сум пишувал за нејзе и дека неколку форумџики се заинтересирале за нејзината приказна, па сакам да ја прашам што прави тука на лулашкиве секој ден, нели? Ѝ реков дека сум новинар и дека секој ден пишувам статии за еден интернет портал, правам интервјуа со познати личности или со обични луѓе и дека секој ден ја гледам како се разминуваме и сакам да напишам убава приказна за убави мајка и ќерка кои секое утро доаѓаат на лулашкиве. Сакам да знам, ѝ реков, зошто секое утро во точно определено време е тука и сакам доколку е во ред, да ми ја раскаже својата прекрасна љубовна приказна за својата ќерка, бидејќи не секој ден може да се види толку грижлива и посветена мајка. Се плашев дека ќе ме одбие, но бев подготвен и на таа опција, па можеби и затоа делував некако самоуверено и лагата делуваше како да е вистина. Не ме одби, ми раскажа. „Не знаев дека си новинар, но те гледам секое утро како се разминуваме. Многу си сонлив, дури повеќе и од мене. Со Искра појадуваме секое утро во 7 и 30, а потоа доаѓаме тука. Сакам да ѝ создадам принцип и навика, бидејќи планирам догодина да ја запишам во училиште за нормални деца.“ Тогаш погледнав прв пат од поблиску во малечката. Даунов синдром, очигледно. За момент се сепнав дека влетав во нешто кое е поголемо од обична љубопитност и задоволување на вториот дел од приказната. Сега веќе не смеев да направам грешка, морав да се вадам и да одам до крај. Мајката продолжи да ми раскажува, како Искра е многу паметна, но едноставно нашето општество не е доволно либерално да ги прифати двете како „нормални“. Таа сепак сака да ја запише во училиште за обични дечиња и секој ден по малку вежба. Посветена ѝ е комплетно неа и целиот ден го минува во социјализација. По лулашките гледаат цртани, а потоа одат во училиштето спроти нивната зграда каде се дружат, колку е возможно, со дечињата кои излегуваат на големиот одмор. Понекогаш одат на претстави, на кино, но лулашките се омилената активност на Искра и ниеден ден не може да започне без нив. Попладне повторно доаѓаат, тогаш има и повеќе деца со кои се дружат. „Неверојатно е колку се луѓето - нелуѓе. На некои деца полесно им објаснувам што значи дауновиот синдром, отколку на нивните родители кои мислат дека е заразна болест и панично бегаат од нас. Сепак, и јас и Искра сме решени лошите луѓе и навредите да не нè обесхрабрат, секој ден ѝ објаснувам дека со вакви луѓе ќе се среќава секојдневно без разлика дали има или нема даунов синдром. Некој мисли дека е малечка, но таа уште сега точно сфаќа што ја чека во иднина, а јас не се трудам да ѝ ставам розеви очила, така нема да биде среќна. Се надевам дека и покрај ова, ќе успее во животот и ќе биде прифатена.“ Кога дојдов на ред да кажам нешто, почнав да се потам, пелтечев, ама сам сум си крив. Ѝ објаснив на мајката дека тоа е навистина неверојатна приказна, дека прва работа што ќе ја направам денес е да го убедам уредникот да пишувам за нив двете. Ѝ се заблагодарив за разговорот и ѝ реков дека е прекрасна што ми дозволила да поразговараме. Се поздравив и тргнав пеш кон работа и еве сум, изгубен во време и простор. Автомобилот си го оставив на паркингот, уште сум по малку испотен, а немам ни уредник на интернет портал. Лага до лага. Ако згора на тоа мајката ја чита Фемина, тешко мене ќе биде. Сепак, сè уште сум импресиониран од вербата, желбата и истрајноста која оваа мајка на која ни името не ѝ го разбрав. Па, ако чита, сакам да знае дека од денес е мојот идол. Само уште да научам како да се разминувам сега секое утро со неа на улица. Ќе ме изедат срамови.
Кога го пиеш утринското кафе,и кога ќе те милува зимското сонце преку прозорците,и пред да почнеш со работа посакуваш да им посакаш среќен ден на сите членови на фемина. Нека Ви биде среќен денов,и кажете им на вашите најмили колку ги сакате.
Не е важно дали се случило или не, приказната е баш на место да ни ги извади на нас розевите очила и да погледнеме со отворено срце кон луѓето околу нас.
Bogami.Citav i se trudev da ne bidam skepticna ama ne odi. Ako gresam neka izgoram. Ima milion realni situacii koi mozat da ni pokazat se za rozovite ocila.I toa so svoi oci vidlivi nasekade okolu nas.
Абе јес да у асоцијалново време у коешто муабет забораивме како се праи, вакво нешто ретко се дешава, ама па сега, ако не ни` се десило, не значи дека на друг не му се десило. Непоправлив оптимист сум кога е во прашање насоката во којашто оди човештвово, не ми замерувајте.
Колку убаво ќе беше сега да врнеше снег. Кога ќе станеш и погледнеш надвор се да е бело. Ахх, фантазии.. За жал.
Neznam zosto privatnosta seuste se narekuva so istoto ime 'Privatnost'. Ma slobodno vikajte ja "Javnost" koga edinstvena rabota sto ostanuva neobjavena od privatniot zivot se raspraviite po doma.
Колку сакам да се врати она време кога акав по планините. Планинар бев сум ви кажала ли некогаш! Да појдам со воз до Богомила, па оттаму до Чеплес, па наредно Солунска глава. Сакам одозгора да ја видам убавината на Македонија, ама некогашната Македонија без толку многу грижи и бреме кое што натежнало. Да појдам до Битола, па Магарево оттаму Копанки, антена, пелистерските очи (мало и големо езеро). Сакам да ми се врати безгрижната младост и сета убавина на која што се побледо се сеќавам. Другарството, ех тоа бесценето другарство кога навечер во некој планинарски дом ќе направевме чај во еден огромен лонец, па следува внатре сол, бибер и фаците на милите ми другарчиња. Некои од нив веќе ги нема ги однесе виорот таканаречен „живот“. Тоа беше убаво време за кое што кога раскажувам децава ми се чудат како од Марс да сум паднала. Не знам зошто токму сега се сетив на тоа. Знам ми недостасуваат тогашните зими со снег до колена и веселата дружина, ми недостасуваат искрените лица кои што не беа скриени позади маските, ми недостасува сето она што беше тогаш.
Модерната технологија ми оди на нерви! Се знаеше порано - си имаш саат на батерии или олдскул будилник, па кога ќе почне да пишти, има да го расцветаш во еден потег бркајќи го низ ноќната масичка. Не знам што му се случи на мојот наместен аларм, ама ете денеска се успа и он со мене. Нејсе, сите славиме деновиве , барем среќна сум што не полагав, инаку ќе се збогував со предметов уште од сега. Некој мислел на мене - добро е, не сум сама. И што е со хелохоптерите цел Божји ден ?! Се чувствувам како да живеам во минско поле од Втората Светска. Излегов малку надвор за да ми олади главата од утринската нервоза, ама се шашардисав и си ги откажав сите планови. Не бил створен денов за она кое го испланирав синоќа, тоа е - есапот дома и на пазар не е ист, денес си докажав и во пракса, дури и во буквална смисла.