Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    ^^^ Гледам нешто испити зборите :D Остајте сите тие занимации,ами времево што му текна да запече и да личи на пролет,а ние мора да седиме меѓу 4 ѕида? :D
    3 години како студирам,кога имам за учење и времето е убаво,и најдобри журки има и другари од странство си идат,абе све :D А кога завршува колоквиумска ни пиле да запее,дождови и ветришта фучат,никој ништо не му се праи и така тепаш време.Оптимистички гледано барем книга ќе прочиташ,мада баш тогаш не ти се ни чита :D
    Марфи е мудро човече,ви викам јас:lol:

    И поврзано со школото,апел до средношколците што планираат да продолжат со природни науки,не одете по кафиња за време на часовите по физика или полошо,да слушате музика :D Оти после како мене нема да знаете што е F,што е D,што е A :D
    А ќе ви треба,верујте |-)
     
    На Anabelle.Amorette, Nausicaa, Lella и 23 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.525
    Пол:
    Женски
    Се вратив од Трст и сега Скопје ми изгледа уште потажно од пред да заминам. Не сум човек што сака да избега, ама градот ме гуши во последно време.

    Нејсе, друго сакав да ви кажам.
    На пат накај Италија, на граница меѓу Србија и Хрватска начекавме полициски возила, куп луѓе што се гушкаа, општ хаос, немавме поим што се случило. Читам денес, некоја Французинка сакала да го добие старателството над нејзината ќерка, па решила да докаже дека детето не е на нејзиниот маж. Нашла дете што изгледа исто како нејзиното бебе, на иста возраст, го видела на слика на фејсбук. Од Франција дошла до Белград, го киднапирала бебето и пробала да го изнесе од државата со пасошот на нејзиното бебе, со цел да го однесе тоа бебе и да докаже дека не е на таткото.

    За среќа случајот бил пријавен, брзо се реагирало и ги фатиле на граница. Не се знае што планирала да направи таа со бебето откако ќе помине се.

    Во Србија исто така е ден на жалост, паднал хеликоптер. Шест луѓе пробувале да спасат бебе и на враќање им се урнал авионот.

    Јас сум многу емотивна, иако не ги знам луѓето, страшно ме погодија и двете случки.
    Животот е непредвидлив, колку и да си внимателен, никогаш не знаеш што те чека утре, а и ни во наредната минута. Неколку секунди невнимателност можат да чинат живот.

    Затоа, не се сфаќајте себе толку сериозно и само живејте. Затоа што никогаш не може се да е во ваша контрола.
     
    На Anabelle.Amorette, Candid, Lella и 22 други им се допаѓа ова.
  3. 702706

    702706 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    На Marossa и Prijatelot им се допаѓа ова.
  4. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Машки
    На 702706 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Мразам гости што си го присвојуваат далечинскиот управувач кога ти дојдат дома. Луѓе, разберете, кај мене не се слушаа турбо фолк, б'лгарски "поп", не се гледаат документарци за Тунгузија и натпревари од трета лига на Еквадор. Аман.]:)
     
    На Anabelle.Amorette, Candid, Nausicaa и 13 други им се допаѓа ова.
  6. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.009
    Секогаш после посетата на моите и игрите со внуками,гушкање,бакнежи,се чувствувам како преродена,среќна,,,да среќна сум:D
     
    На Anabelle.Amorette, Lella, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.473
    Допаѓања:
    183.658
    Пол:
    Женски
    Утре е одлучувачки ден.
    Ќе се решава нешто кое веќе некое време ми е јасно.. ама истовремено го буткам под тепих, и верувам дека универзумов ипак ќе даде знак. Знак нема...
    ********************************

    Конечно почнав нова серија. Vikings. Никогаш не сум ги обожавала претерано скандинавциве. Можеби се едни од најсреќните на планетава, ама мене од увек ми биле студени луѓе под дифолт, резервирани, без дефинирани face expressions... као роботи...
    И не ми се верува дека светов за нас вика дека сме варвари.. oh, the irony....
     
    На Candid, BurstBerry, anina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... некако смешни ми се возрасни по години личности, а деца во карактер и однесување. За капацитет нема коментар. Најголем престиж им е излегувањето по кафиња, клубови, муабетите за симпатии де, добиените комплименти ко седмица на лото, наивноста им е посилна страна :tmi: ... А од нив очекуваш да отворат муабет за посериозни теми, за животни предизвици и обврски, активност за проширување хоризонти, да делуваат реално и одлучно ... итн. Комплексите им се секојдневна храна.
    И си стојат укотвени во еден временски период и некако арно им е. Уствари се лажат самите дека им е. 8-|
    Од ваквите персони, подалечко ... (hollest)
     
    На Captain-Omni, Anabelle.Amorette, Rama и 11 други им се допаѓа ова.
  9. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Нема ништо по мило и единствено како бебе, чиста душа полна со живот!
    После две синчиња и внук, станав тетка на внука, девојче, нежничко
    Ах.. Кога ја видов денес се стопив, се заљубив
    Не ја пуштив од раце и само ја мирисав
    Цел ден ми мириса на неа, јас мирисам на бебушот
    Посакав и јас ќерка, можеби и некогаш ќе имам
     
    На Anabelle.Amorette, Lella, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.253
    Допаѓања:
    91.908
    Пол:
    Женски
    Не за џабе кажале : Една е мајка ..... :l:
     
    На Anabelle.Amorette, WarriorAngel, Lella и 18 други им се допаѓа ова.
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.454
    Допаѓања:
    35.073
    Пол:
    Женски
    Абе сум ослабнала! :muscle:
    До денеска, точно 1 месец ја држам диетава. Симнав 4 кила! 8-|
    Секоја недела по 1 кило. Нема поубаво нешто од тоа да се направиш самата горда. :sun:
     
    Последна измена: 15 март 2015
    На Captain-Omni, Candid, Nausicaa и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Aко глумите принципиелност, тогаш глумете ја до крај и пуштете ја темата ТРЕТА СМЕНА навремено, т.е во 00,00


    @Sesil @DesertGirl @Kukla994 @s1a1n1d1r1a1
     
    На Adina, Kukla994, IronLady и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.148
    Допаѓања:
    137.213
    Пол:
    Женски
    Јас разбирам да ти биде забранет пристап у некои теми ради кавги, навреди, ширење омраза итн ама да дискутираш на мирен начин и да ти биде забранет пристап бидејки не било соодветно време е тоа не можам да го сватам ...
     
    На Kukla994, DesertGirl, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  14. DesertGirl

    DesertGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    1.365
    Пол:
    Женски
    точно истото го мислам и јас !!! значи барем нека се тера по правила веќе е 1 часот а на темата нема никакво злоупотрбување или како шо наведе сесил ни ништо шо би требало на една мала работа да се чека за да се заклучи темата ако се има нешто против некого нека се каже директно
    а не да се игра на таков начин !!
     
    На Ketchup, Kukla994, Sawyer и 3 други им се допаѓа ова.
  15. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    знаетe какви типови на луѓе ме нервират најмногу : оние кои не ценат ништо и забораваат што сте направиле за нив и оние кои сакаат повеќе и никогаш не се благодарни за тоа што тие веќе го имаат.. бидејќи некој може да има помалку
    на пример можам да разберам ако некој не каже благодарам, кога ќе направите нешто за нив или особено ако тоа е мала ситница, ти немора да ми речеш Фала оти тоа е твој избор ако сакаш да се кажеш или не, јас го направив нештото од срце , и не ми е важно ако ми се заблагодараш или не, затоа што сакав да го направам тоа .. но она што ме ИРИТИРА НАЈМОНГУ, е кога ќе направиш нешто за некој или да кажеш нешто за да им помогнеш и после неколку време тие не ни се сеќаваат на тоа или викаат дека биле чисти глупости или викаат дека не им помогнало и ги користат твоите зборови за да се одбранат себеси .. и многу многу ме иритира зошто се чуствувам како да потрошив многу време објаснуваќии и пробувајќи да помогнам и после исто како сите тие зборови да се фрлени во канта... Ги мразам овие типови на луѓе и за жал има премногу од нив
     
    На Anabelle.Amorette, Candid, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Arwen15

    Arwen15 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Навистина има некој специфичен глас и секоја песна му е посебна :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.791
    Допаѓања:
    323.763
    СДК..дека се нервирам по форумов и ми паѓа на памет да фо затвора профилот и да се џомнам од тука
    Аздисани еден куп, нереални.
    Каде и да отворам се едни исти се знаат, делат совети секаде.
    Па кога ке видам цитирам ,,..одете во H&M има попуст и ,,нештото,, е ептен ефтино и е 35о денари,,
    А тоа ,,нешто,, во нормални дуќани е најмногу 50 денари.
    Или ,,еј.одете во Лиска има попсут, гаките се од 1400 на 800 спуштени, јас си купив 10 пара,, (8000 денари ????!!!)
    Алооо...со 8000 денари некој фамилија гледа !!
    Што го иритирате народот, незнам..

    Нашле па зашле...аво земјава се збори за некоја си криза, за некои си низок стандард, за немање, за задолженост....

    Или можеби важи она ,,није злато све што сија,,...може ке си купи гаќи за 8000 ама струјата не и е платена за два месеци па фрчат опомени

    Незнам...ај објаснете ми, Ве молам.
     
    На kukla21, НаталиЛили, Candid и 8 други им се допаѓа ова.
  18. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Деновите ми се се понапорни и понапорни.(за учење зборувам) Абее сум се фатила на оро,мора да се доигра. Вчера ко сум и седнала на биохемијата уште малку партал ќе ја направев :D
    Но ако,да поминат колоквиумите,празниците ќе си шетниме така на три дена до Паралија на журче. Имало некоја понуда преку Балкан фан три дена имало журки некои,како што ми кажа дечко ми ефтино било стварно.
    Ама додека да дојде тој 1ви мај, охооооооооооооо,има илјадници страни да се прочитаат :D :D :D
    Имајте убав ден!
    Оној кој има избор-избира!Оној кој нема принуден е на едно! Бај
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    И поминуваат месеци и години, и некако..како да престанал животот, затоа што живот ли е една монотона програма на секојдневие? Знаете, никогаш не е предоцна за ништо, за целосен пресврт, за комплетно нов живот. Ама ние сме си така мали, исплашени човечиња што ги голта времето


    или едноставно, јас не сум за големите нешта. Не е едноставниот живот толку...црн? Среќата во него е битна. А ако не сме среќни, зошто сме толку смотани да побараме повеќе? Пливање во плиткото, тоа е тоа.
    полека ги раширувам рацете и се впуштам
     
    На eliesaab, WarriorAngel, Cataleya и 8 други им се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.098
    Пол:
    Женски
    Утро... Навидум обично, поставено во редот на рутинските активности.
    Стрелките на часовникот означуваат почеток на новиот ден. Тишината се подготвува за брз и динамичен старт на градот. Сонцето се порешително се протнува меѓу облаците во обидот за превласт над облачноста. Малите жители на природата громогласно ја поздравуваат сончевата светлина со својата милозвучна химна уште в рани зори.
    Енергичен звук ми допира до сетилата со повик за добра организација во чекорите. Со трепкања во погледот ја следам хармоничната и неповторлива игра на птиците развлечена на синото платно. Ладниот воздух се уште се противи да и отстапи место на повисокита временска температура на термометарот.
    Некои се како луѓето, одлетуваат и колебливо се враќаат во јатото со намера да бидат дел од случувањата... Никаде и ништо без нив не е целосно.
    Ладниот воздух се уште се противи да и отстапи место на повисоката временска температура на термометарот, оставајќи водени траги на прозорецот.
    Секој бара причина за нешто и приговара за се што не е во домен на неговиот хир... Па и природата...

    Мирисот од свежа овошна напивка и вкусна храна ми пробива до длабочината на утробата за да ми го навести утринското мени во режија на некој извикан здрав начин на исхрана.
    И кога секојдневниот ритуал ќе заврши со првото кафе, па и единствено во текот на денот, како и многу други работи во мојот живот, ми причинува големо задоволство секоја испиена кофеинска голтка што има моќна инспиративна вибрација врз мислите.
    Ја сакам онаа дозирана умереност во секој аспект од опстојувањето што ме прави поразлична од останатите. Убаво е чувството кога тоа што го правам, другите го доживуваат на специфичен начин.
    Овој пат, сама ќе си го поставам прашањето што честопати ми го поставува сопругот.
    - Дали сум среќна?
    - Да!
    -Среќна сум!
     
    На eliesaab, cresa-jagoda, Mahidevranfan и 5 други им се допаѓа ова.