^^^ Гледам нешто испити зборите Остајте сите тие занимации,ами времево што му текна да запече и да личи на пролет,а ние мора да седиме меѓу 4 ѕида? 3 години како студирам,кога имам за учење и времето е убаво,и најдобри журки има и другари од странство си идат,абе све А кога завршува колоквиумска ни пиле да запее,дождови и ветришта фучат,никој ништо не му се праи и така тепаш време.Оптимистички гледано барем книга ќе прочиташ,мада баш тогаш не ти се ни чита Марфи е мудро човече,ви викам јас И поврзано со школото,апел до средношколците што планираат да продолжат со природни науки,не одете по кафиња за време на часовите по физика или полошо,да слушате музика Оти после како мене нема да знаете што е F,што е D,што е A А ќе ви треба,верујте
Се вратив од Трст и сега Скопје ми изгледа уште потажно од пред да заминам. Не сум човек што сака да избега, ама градот ме гуши во последно време. Нејсе, друго сакав да ви кажам. На пат накај Италија, на граница меѓу Србија и Хрватска начекавме полициски возила, куп луѓе што се гушкаа, општ хаос, немавме поим што се случило. Читам денес, некоја Французинка сакала да го добие старателството над нејзината ќерка, па решила да докаже дека детето не е на нејзиниот маж. Нашла дете што изгледа исто како нејзиното бебе, на иста возраст, го видела на слика на фејсбук. Од Франција дошла до Белград, го киднапирала бебето и пробала да го изнесе од државата со пасошот на нејзиното бебе, со цел да го однесе тоа бебе и да докаже дека не е на таткото. За среќа случајот бил пријавен, брзо се реагирало и ги фатиле на граница. Не се знае што планирала да направи таа со бебето откако ќе помине се. Во Србија исто така е ден на жалост, паднал хеликоптер. Шест луѓе пробувале да спасат бебе и на враќање им се урнал авионот. Јас сум многу емотивна, иако не ги знам луѓето, страшно ме погодија и двете случки. Животот е непредвидлив, колку и да си внимателен, никогаш не знаеш што те чека утре, а и ни во наредната минута. Неколку секунди невнимателност можат да чинат живот. Затоа, не се сфаќајте себе толку сериозно и само живејте. Затоа што никогаш не може се да е во ваша контрола.
kjora brojce strikes again http://www.crnobelo.com/zivot/moda-...omci-i-devojki-teksas-jakna-na-30-nacini-foto наместо пролетен шик прочитав полнолетен шик cmon baby enough of the weed
Мразам гости што си го присвојуваат далечинскиот управувач кога ти дојдат дома. Луѓе, разберете, кај мене не се слушаа турбо фолк, б'лгарски "поп", не се гледаат документарци за Тунгузија и натпревари од трета лига на Еквадор. Аман.
Секогаш после посетата на моите и игрите со внуками,гушкање,бакнежи,се чувствувам како преродена,среќна,,,да среќна сум
Утре е одлучувачки ден. Ќе се решава нешто кое веќе некое време ми е јасно.. ама истовремено го буткам под тепих, и верувам дека универзумов ипак ќе даде знак. Знак нема... ******************************** Конечно почнав нова серија. Vikings. Никогаш не сум ги обожавала претерано скандинавциве. Можеби се едни од најсреќните на планетава, ама мене од увек ми биле студени луѓе под дифолт, резервирани, без дефинирани face expressions... као роботи... И не ми се верува дека светов за нас вика дека сме варвари.. oh, the irony....
СДК ... некако смешни ми се возрасни по години личности, а деца во карактер и однесување. За капацитет нема коментар. Најголем престиж им е излегувањето по кафиња, клубови, муабетите за симпатии де, добиените комплименти ко седмица на лото, наивноста им е посилна страна ... А од нив очекуваш да отворат муабет за посериозни теми, за животни предизвици и обврски, активност за проширување хоризонти, да делуваат реално и одлучно ... итн. Комплексите им се секојдневна храна. И си стојат укотвени во еден временски период и некако арно им е. Уствари се лажат самите дека им е. Од ваквите персони, подалечко ...
Нема ништо по мило и единствено како бебе, чиста душа полна со живот! После две синчиња и внук, станав тетка на внука, девојче, нежничко Ах.. Кога ја видов денес се стопив, се заљубив Не ја пуштив од раце и само ја мирисав Цел ден ми мириса на неа, јас мирисам на бебушот Посакав и јас ќерка, можеби и некогаш ќе имам
Абе сум ослабнала! До денеска, точно 1 месец ја држам диетава. Симнав 4 кила! Секоја недела по 1 кило. Нема поубаво нешто од тоа да се направиш самата горда.
Aко глумите принципиелност, тогаш глумете ја до крај и пуштете ја темата ТРЕТА СМЕНА навремено, т.е во 00,00 @Sesil @DesertGirl @Kukla994 @s1a1n1d1r1a1
Јас разбирам да ти биде забранет пристап у некои теми ради кавги, навреди, ширење омраза итн ама да дискутираш на мирен начин и да ти биде забранет пристап бидејки не било соодветно време е тоа не можам да го сватам ...
точно истото го мислам и јас !!! значи барем нека се тера по правила веќе е 1 часот а на темата нема никакво злоупотрбување или како шо наведе сесил ни ништо шо би требало на една мала работа да се чека за да се заклучи темата ако се има нешто против некого нека се каже директно а не да се игра на таков начин !!
знаетe какви типови на луѓе ме нервират најмногу : оние кои не ценат ништо и забораваат што сте направиле за нив и оние кои сакаат повеќе и никогаш не се благодарни за тоа што тие веќе го имаат.. бидејќи некој може да има помалку на пример можам да разберам ако некој не каже благодарам, кога ќе направите нешто за нив или особено ако тоа е мала ситница, ти немора да ми речеш Фала оти тоа е твој избор ако сакаш да се кажеш или не, јас го направив нештото од срце , и не ми е важно ако ми се заблагодараш или не, затоа што сакав да го направам тоа .. но она што ме ИРИТИРА НАЈМОНГУ, е кога ќе направиш нешто за некој или да кажеш нешто за да им помогнеш и после неколку време тие не ни се сеќаваат на тоа или викаат дека биле чисти глупости или викаат дека не им помогнало и ги користат твоите зборови за да се одбранат себеси .. и многу многу ме иритира зошто се чуствувам како да потрошив многу време објаснуваќии и пробувајќи да помогнам и после исто како сите тие зборови да се фрлени во канта... Ги мразам овие типови на луѓе и за жал има премногу од нив
СДК..дека се нервирам по форумов и ми паѓа на памет да фо затвора профилот и да се џомнам од тука Аздисани еден куп, нереални. Каде и да отворам се едни исти се знаат, делат совети секаде. Па кога ке видам цитирам ,,..одете во H&M има попуст и ,,нештото,, е ептен ефтино и е 35о денари,, А тоа ,,нешто,, во нормални дуќани е најмногу 50 денари. Или ,,еј.одете во Лиска има попсут, гаките се од 1400 на 800 спуштени, јас си купив 10 пара,, (8000 денари ????!!!) Алооо...со 8000 денари некој фамилија гледа !! Што го иритирате народот, незнам.. Нашле па зашле...аво земјава се збори за некоја си криза, за некои си низок стандард, за немање, за задолженост.... Или можеби важи она ,,није злато све што сија,,...може ке си купи гаќи за 8000 ама струјата не и е платена за два месеци па фрчат опомени Незнам...ај објаснете ми, Ве молам.
Деновите ми се се понапорни и понапорни.(за учење зборувам) Абее сум се фатила на оро,мора да се доигра. Вчера ко сум и седнала на биохемијата уште малку партал ќе ја направев Но ако,да поминат колоквиумите,празниците ќе си шетниме така на три дена до Паралија на журче. Имало некоја понуда преку Балкан фан три дена имало журки некои,како што ми кажа дечко ми ефтино било стварно. Ама додека да дојде тој 1ви мај, охооооооооооооо,има илјадници страни да се прочитаат Имајте убав ден! Оној кој има избор-избира!Оној кој нема принуден е на едно! Бај
И поминуваат месеци и години, и некако..како да престанал животот, затоа што живот ли е една монотона програма на секојдневие? Знаете, никогаш не е предоцна за ништо, за целосен пресврт, за комплетно нов живот. Ама ние сме си така мали, исплашени човечиња што ги голта времето или едноставно, јас не сум за големите нешта. Не е едноставниот живот толку...црн? Среќата во него е битна. А ако не сме среќни, зошто сме толку смотани да побараме повеќе? Пливање во плиткото, тоа е тоа. полека ги раширувам рацете и се впуштам
Утро... Навидум обично, поставено во редот на рутинските активности. Стрелките на часовникот означуваат почеток на новиот ден. Тишината се подготвува за брз и динамичен старт на градот. Сонцето се порешително се протнува меѓу облаците во обидот за превласт над облачноста. Малите жители на природата громогласно ја поздравуваат сончевата светлина со својата милозвучна химна уште в рани зори. Енергичен звук ми допира до сетилата со повик за добра организација во чекорите. Со трепкања во погледот ја следам хармоничната и неповторлива игра на птиците развлечена на синото платно. Ладниот воздух се уште се противи да и отстапи место на повисокита временска температура на термометарот. Некои се како луѓето, одлетуваат и колебливо се враќаат во јатото со намера да бидат дел од случувањата... Никаде и ништо без нив не е целосно. Ладниот воздух се уште се противи да и отстапи место на повисоката временска температура на термометарот, оставајќи водени траги на прозорецот. Секој бара причина за нешто и приговара за се што не е во домен на неговиот хир... Па и природата... Мирисот од свежа овошна напивка и вкусна храна ми пробива до длабочината на утробата за да ми го навести утринското мени во режија на некој извикан здрав начин на исхрана. И кога секојдневниот ритуал ќе заврши со првото кафе, па и единствено во текот на денот, како и многу други работи во мојот живот, ми причинува големо задоволство секоја испиена кофеинска голтка што има моќна инспиративна вибрација врз мислите. Ја сакам онаа дозирана умереност во секој аспект од опстојувањето што ме прави поразлична од останатите. Убаво е чувството кога тоа што го правам, другите го доживуваат на специфичен начин. Овој пат, сама ќе си го поставам прашањето што честопати ми го поставува сопругот. - Дали сум среќна? - Да! -Среќна сум!