Луѓе зошто го игнорирате Кајмаковски? Ко да не е Евровизија, никој не се замара, браво, промените почнуваат. Се попедерчил скрос, а првпат кога го слушав си реков машала мажиште. Оно, лигле. Со тинејџерски фотки, селфија, ко мало дете. Ни песната не сум ја слушнала, до толку ме одбива.
Сакав нешто да кажам, ама по толку пишување се изнервирав што од мобилен кога кликаш блиску е делот "испрати одговор" па по сто илјадити пат пратив некомплетен одговор.... па го избришав. Не му било судено денес. Душата ќе ја отворам друг ден. И без тоа денес има некако горчлив вкус, а без причина голема. Или пак сто помали. Кој знае? Јас? Не.
Мислам дека ја напнав малку во СДК Ама ми лежи на срце да пишувам за овој ден Па ова е денот за кој на големо се раскажува. Ова е денот кога мајка ми со големи маки за кои често знае да ми раскажува ме донела на овој свет. За овој ден татко ми славел и се опивал цели два дена А кога чичо ми дознал бидејќи бил на терен ја фрлил капата од среќа. Ова е денот за кој како помала знаев да ги замарам сите дури една недела порано Ова е денот кога на сите им викам да пазат на обетките, затоа што сите ме тегнат за ушите. На овој ден се родила магарицата ColoursOfTheRainbow До сега пред да ги изгаснам свеќите знаев да си посакам се што ми недостасува Сега посакувам само да заврши ова досадно срање и да ми почне животот. Повелете кој сака на торта
Во оние моменти кога некој ќе ве понижи толку многу што ќе почувствувате дека сте го допреле дното или ќе ќе се помирите со тоа и ќе останете таму или ќе сфатите дека заслужувате повеќе. Денес ја напуштив работата и не сакаше ни да ме исплати. Знам дека намерно одолговлекува за инат. Не сакам некој да си игра со мене, ниту да ме понижува, ниту пак да не прави муабет за глупавиот однос затоа што тој бил газда. Понекогаш колку сте добри и фер со луѓето, толку се побезобразни и бесчувствителни. Муабетот не ти требаат пари, затоа се буниш е глуп ако некој отишол некаде да работи, особено ако платата е мизерна. И така, ги извадив пак книгите, ќе спремам испити. Редно е да се опаметам и стегнам.
Среќен роденденнннннн СДК дека денов ми е фул со обврски. Среќа пола и повеќе од работниот ден веќе помина. Вечер сум на матура кај братучетка на дечко ми и знаејќи дека сите роднини негови ќе бидат таму, мора да изгледам најубаво
Прв ден од годинава имаме летни температури, а тој веќе ми вика: Еј, а да си идеме јас и ти некаде на викенд, да пливаме, да се разладиме? Ај викам прво обнови си го пасошот, ти истекува во јуни. Мрази лето, него човек може да го прати на Алјаска и таму ќе ужива. Филозофијата му е - Кога е зима можам да се облечам за да не ми е ладно, кога е лето и гол да се соблечам ми е жешко и спарно Туку, додека не почнеш да работиш со луѓе, не можеш да го разбереш она „секакви има". Ама баш секакви! Периодов во контакт сум со еден куп луѓе, сите со различни приказни, некои ти се жалат, некои се дрски и безобразни и покрај тоа што јас сум коректна спрема нив, некои се неписмени и милион пати да им кажеш нешто не разбираат, а некои се буквално човек да се крсти. Среќа јас сум трпелива, може и затоа што сум млада, па имам нерви. Само уште да не си ставам сѐ при срце... Ама тешко ми паѓа кога некој ќе ме навреди, ќе ми плесне нешто во лице, а јас само сум се обидела да му помогнам. Има многу луѓе што не ти го ценат времето и трудот.
Колку повеќе поминувам низ бутици,толку повеќе болка си задавам во душава. Толку прекрасни парчина,а толку малку пари. Сега кога ги имам посакуваните килограми кога немам ни стомаче,кога можам да си најдам се што ќе посакам,јас сум финансиски нај бахата. Ми доаѓа да се вратам во прва година на факс,и да фатам услов барем за една примитивна стипендија. Сега е веќе касно. Грев е да се пожалам дека немам,ама жена како жена,секогаш ќе и фали парче облека,парче чевли,малку ова,малку она.
Цитирам дел од пост кој го сретнав денес на FB: I kolku da bevme so ve zasega vas,nie bevme dobrovolno,bez zakani I pritisoci I dali ke ja postignime nasata cel ke kazi vremeto. Mislete mu ja vie sto utre ke ve vleckaat kako stoka na sila so zakani I pritisoci I koj nema da odi ke leta od rabota. CAO, PRIJATNO! Алал да му е!!!
Kolku prekrasna nedela! Koga e tuka, leta vremeto.Baknezi, pregratki, drzenje za race.Srekna sum sto te pronajdov tebe,mojot princ od bajkite
Сакам да кажам дека максимално сум незадоволна од себе, од своите постапки и избори. Ужасно ми е и немам сила да променам нешто. А можеби и не сакам. Можеби вака ми е полесно, да си плачам во собава. Ама што ќе ми реши тоа? Ништо. Ништо нема да реши. Ама ќе си плачам. И ќе си ја трескам главата додека не ми здосади... Сакам само да играм шах. Имам толку многу работа, а јас сакам само шах да играм...
Седиш над една книгаааа....е таа книга е учебник.Учебник по биолоџи.И јас сакам-не сакам морам биолошки да се образовам...арно ама ко го отворив тоа учебнико страниците си се раскинале и летаа на сите страни...а до некни арен беше...Бог да чува и да брани!И тоа не е се!30 страни за учење..а тестот,то ест наставното ливче беше наставно ливченце а не лист бре.Така склопено како за двојка да одговарам,а учев и ништо не сфатив,ама среќа имав лесни прашања...ама овие протести-мотести,телевизии,училиште,се главата ми ја пукнаа...Значи ми се смачи од свет на мобилни телефони,на телевизии,на компјутери...сакам со мозокот во лер и да лежам на некоја ливада и така се зелено.Нека ме јадат и крлежи...ама ако...кога се работи за мене...ама ако Иначе убаво е да се смееш....да...убаво Бидете ми поздравени
Го молам Бога секој ден за нас. Можеме да успееме заедно! Само се да биде во ред. Ништо друго не сакам. Јас и ти. Совршени , споени во едно. Иднина. Толку.
Некој слави матура, цело село ечи музика...ако де, нека им е со среќа, ама баш со среќа :/ Јас? Хуух така се држам за некое сосема мало парче мир во себе, го стискам силно зашто... не знам што би се случило со мене ако го изгубам. Па се смеам, а ми се плаче, ама ако почнам да плачам нема да има крај. Навистина е неверојатно тешко да се излезе од мрачност во душата. Па ми велат стрплива си, не знам.. само повторувам не се замарам, и ги листам како лоши програми по тв, следно следно следно... гаси. До кога? Среќа, хах...
Збориш за љубомора а тебе прва те изеде баш она.Дигнатиот нос и глава не носат добро,можеш да се сопнеш и да паднеш.И што и да пишам и што и да кажам на истото ќе пишеш и на истото ќе глумиш.Знаеш некогаш и пауза од глумата ти треба.Ама не се секирај,јас лошо не ти мислам.Баш напротив...жалам што си слепа на добрата рака која би ти рекла извини и да не е крива Денес луѓево се повеќе само брзаат некаде,мислат нешто,прават нешто...а ништо нема на крајот.Аман уживајте си луѓе