Некои луѓе сакаат секогаш да се во право, па макар тоа и да ги уништи. Сакаат секогаш да се најпаметни и да покажат дека се најпаметни дури и по цена и да повредат некои луѓе иако со тоа не придонесуваат за ништо, освен што си го хранат своето ЕГО, своите демони. Најчесто се жени и доаѓаат од патријахални семејства. Сепак имале среќа да растат во средина со добри луѓе, во спротивно одамна би биле уништени. Сепак чудно ми е како овие сезнајковци, завршуваат во моја близина, што бараат со мене, покрај мене? Кога се толку паметни зошто не се со останатите паметни сезнајковци?
Се заљубив во Боби Мојсовски Ааа, споулавив хаха... Тотално ме освои. По долго време решив да ги ѕирнам кандидатите од Х Фактор Адриа. Леле срце слатко Косе убооо А, не се ништо подолу и 9 control и Highway trio Ако ме слушни сестра ми дека сум ко некоја тинејџерка
Спремна сум се и едвај чекам. Само нека дојде денот и полетуваме. Знам дека ќе си поминеме најубаво знам, само незнам со кое срце ќе се вратиме.
Кога ќе те разбуди лош сон тако завни кошмар, скокаш од кревет не знаеш кај тераш, не знаеш дали си уште во сонот или во јаве. Набрзо ќе сфатиш дека си во ралност ама толку ти е глупо што сакаш да си се фрлиш од прозор. Па и надвор кога ќе видиш дека е облачно и секој момент пред врнење, готово крај. Сфаќаш дека цел ден ќе седиш избезумена и ќе пробуваш да учиш со последни сили пред испит.
Вчера бев на свадба кај другарка и можам да кажам дека така добро не сум си поминала со месеци нигде. Прво имавме свадбена фотосесија, заедно со уште неколку нејзини блиски луѓе во парк, на точаци. Открив дека можам да возам точак на штикли и во фустанче. Свадбата и беше во ресторан ама немаше никакви свадбени обичаи, немаше играње оро, имаше журка со Beta House и DJ Славе, не се сеќавам дека некогаш сум играла толку многу. И тоа во 12цм штикли, од 7 попладне, до 3 сабајле. Фино е кога правиш се како што ти сакаш, а не за да задоволуваш туѓи вкусови, особено на свадба. Имаше еден човек кој проба да нарача песна од бендот затоа што не му се допаѓаше музиката, го одбија. И еве сега се мислам, некој некаде има лоши слики од мене како играм. Ама подобро да играм катастрофално отколку очајно да седам на столче и да превртувам очи цела вечер.
Денес исчистив цела куќа плус балкон и ако на крај не ми се признае тоа се селам во Туркменистан. Брзо ми помина денот, да не речам одличен е па да видеме што ке се случува до крајот. Очекувам повик, дома место не ме фаќа.
Еве сум пак тука. Денес се видов со бившиот. рече дека сум се променила. На полошо. Рече да му се јавам кога ќе се променам на подобро. Неговите зборови допреа до мене. Ќе се променам на подобро ама тогаш ќе нема место за него во мојов живот. Туку до мене ќе биде некој кој нема да ме повредува и нема да бара да се менувам.
...На крајот од денот само се потсеќаме на шансите кои не сме ги искористиле. Затоа користете ја секоја шанса која ја имате,затоа што животот не дава секогаш втора шанса, понекогаш единстевениот избор кој го имате е сега или никогаш. На крајот на краиштата секогаш е подобро да се каете за нешто што сте го направиле отколку за нешто што не сте го направиле. ))
Деновиве ми беа хаос, цела се мрднав, сабајле си легнував на пладне станував.. Се пореметив само затоа што на некој му текнало да руши и буши кога јас имам испити. Фала многу. Единствено што ме спасуваше деновиве беше вежбањето. Убаво препотување и мир на душичкава. Е така, од сега цело време ќе си вежбам кога ќе ми биде нешто.
Остарев веќе за заглавување до 4 во недела и утредента одење на работа Ми излезе денот низ нос. А и не знам што ми текна ваква будалаштина да направам после толку години. Изгледа уште си бладам зошто ко вчера ми се гледа кога после излегување мавав еден туш и одев на полагање. Све ми беше рамно и подносливо. Спиење 3-4 саати - премија Студентски живот убав, све си напраил во 24 часа, а поим немаш како Заклучок на денот, многу преценување не е на арно
СДК ... човек кога има избор, тогаш не знае како да избере и што да избере. Хм, лет ит гоу! Животот веројатно ќе ме насочува и понатаму по која насока да се движам.
Сакам да кажам дека подосадно од денес никогаш не ми било! И одам сега да си ја гледам Збогум Румелија.
Јас не знам кое е задоволството да се истакнеш себеси со тоа што ќе го оцрнеш другиот. Абе ако те бива и ако си толку квалитетен истакни се со своите квалитети. Ама не пошто за ништо не те бива се обидуваш со ситни подбуцнувања да ме истурнеш. И не, нема да ме натераш да се спуштам на твое ниво. Времето ќе покаже кој колку вреди. Бидејќи ова е само почеток и не е само овој ден. а мене моето јас не би ми простило такво нешто. А исто и луѓе чиј што речник се сосои исклучиво од „ЈАС“. Се ќе излезе на површина без гајле, не се луѓето вчера родени, тепани волци се. Ова е иначе за срцката што ме смета за конкуренција и очигледно се подисплаши малку. Денес убав ден, среќен и се надевам еден од многуте. И еден поздрав до вас, ако не пишувам многу, многу ве читкам кога имам време.
По машко и по автобус не се трча, секогаш стигнуваат нови... Фраза која деновиве се почесто и почесто ја слушам, а и да не се правам светец преку кРукчето од светчето над главата ми е...Од каде ли да почнам, ајде вака... Замисли дека си во голема просторија, музичка лупа, пред тебе куп испиени-недопиени пијачки, околу тебе напијанети-полунапианети другарки, нокти 30 цм исфарбосани и талент развиен како афрички водовод на 28 години...пропуштив ли нешто? Ааааа да па дечкото, каде е тој зошто никаде не го сместив?... Ај прочитај го првиот ред од постот и постави прсте на глава, а за овие потешките во мозочето лупни во ѕид...просветле ли ? Е да токму тоа, таа фраза и тие што ви пикаат такви нешта во мозокот се сега среќни со кретенчина покрај нив, а каде сте вие ? Промашивте планета ли, на пуста ли сте, Марс ли е ова ? Ма немојте ајде бе, бидете оние позитивно набацани и смешкасто буцкасти чупчина, тие се тие за кого би дале се ние машките, оние што знаат да тркнат два-три чекори по автобусот и да го фатат, за тие што знаат да се борат за машкото, да го освојат, иако тој не е некоја си тврдина тешка за освојување, доволно е да се појавите насмеани, веќе сме ваши... Има нешто нејасно тука? А и што е ова по ѓаволите, побрзо и поефтино че купам крокодил, наместо блуза од lacoste...