Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Не е точно. Тоа не го прават под дифолт слабаци, туку на таков чин се осудуваат претежно луѓе кои виделе голема мака во животот, и не гледајќи излез од целата ситуација се самоубиваат.
    Едноставно паѓаат во замката на животот од разно разни причини. Не зборам за тоа дали се самите виновни за тоа или не.
    Впрочем, ти зборуваш во свое име, првенствено како верник. А што е со оние кои не се религиозно настроени/атеисти?
    Вербата во Бог е индивидуална работа, и немој да мислиш дека оние кои се самоубиле, или се склони, не биле верници, или свесни за Божјата казна ако постои.
    Најчесто се и многу повеќе од свесни, но истворемено и очајни, немоќни да се справат со проблемот со кој се соочуваат.
    Кај тинејџерите ова е најзачестена појава, бидејќи мислат дека никој не ги разбира, па се сами препуштени на себе. За жал во многу случаи ова е и вистина. Во Македонија слабо има центри за советување на млади, а безизлезната состојба хара по земјава како луда.
    Така да ако ти живееш у некој совршен свет кој нема рушевини не мора да значи дека и другите живеат во истиот, или се чувствуваат добро исто толку како и ти. Ова тебе те земав само како пример..
     
  2. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Самоубиството отсекогаш кон себе го привлекувало вниманието на филозофи, теолози, социолози и лекари, а за да се помогне на личност која е во кризна состојба и способна да изврши самоубиство не се потребни многу длабоки познавања од областа на медицината или психологијата.

    Не сакам овој чин да го наречам храбар, што по дефиниција би ја претворила личноста во некаков вид на херој, но со сигурност ќе кажам дека самоубиството не е кукавички потег, а личноста кукавица. Самоубиството е коцка, т.е. вложување на својот живот во замена за непознатото. Ризик, а јас како што знам, кукавиците не ризикуваат, тие се плашат да го изгубат она што го имаат, какво и да е.
    Не сакам да бидам сфатена како - повели, измери си ја храброста и изврши самоубиство, не ги идеализирам и поддржувам самоубијците туку едноставно се обидувам да ја сфатам нивната психа и што стои зад нивниот обид, било тоа успешен или не, а вие што сеуште сметате дека самоубиството е знак на слабост и кукавички чин - помислете само колкава храброст е потребна за да посегнеш по својот живот.
    Позади секое самоубиство - стои убиство, а тоа е она што јас го барам, убиецот што стои позади самоубиецот.

    Еден добар психолог/психијатар (кој не форсира лекови) се обидува преку својата филозофска вештина во облик на дијалог низ разни прашања, одговори и многу, многу важната невербална комуникација (гестови, мимики, допир) да ја наведат личноста сама да дојде до заклучок, да го пронајдат изворот на проблемот и неговото решение. Еден добар психолог/психијатар не смее директно да ти даде совет бидејќи така ти навлегуваат во животот, треба со своите говорни способности кои најчесто се во вид на прашања (и на поставено прашање - одговараат со прашање) да ти помогнат и заедно да го најдете проблемот и неговото решение (пристапот е ист за личности со секакви проблеми, не само потенцијални самоубијци или личност која имала 1 неуспешен обид за самоубиство - многу тежок случај).

    Индикатори (директни или индиректни) би можеле да бидат повеќе фрази како: јас нема да ви пречам повеќе, животот ми нема смисла, никој и ништо не ме интересира, ги разочарав сите околу мене со својот неуспех итн итн итн... овие личности не се способни да направат проект за иднината (а тоа ќе го дознаете со ваше прашање за нивните планови), имаат необјаснив умор, промени во исхраната, промени во однесувањето како отсуства од работа, стрес, изолација од вообичаените дејности (спорт на пример или некоја друга активност, часови по виолина, хорско пеење итн..), занемарување на личната хигиена и облека т.е. надворешниот изглед, невообичаена агресивност и злоупотребување на алкохолот/дрога.
    Заедно, овие симптоми можат да натераат некој да помисли на самоубиство како варијатна за решавање на даден проблем, а при разговор со вакви личности не смеете да пројавите емоции како сте шокирани од нивните зборови, колку и да ви изгледаат банални проблемите за кои зборува или доколку навистина станува збор за нешто сериозно - треба да се воздржите од прикажување на било какви емоции.
    Да му покажете на човекот (ПОКАЖЕТЕ, а не само на збор) дека имате време за разговор и за него, да го насочите разговорот настрана од душевната болка, а не да целите во неа со вашите прашања (додека помине опасноста за самоубиство), при тоа време ќе ја срушите неговата бариера, ќе се запознаете со неговите проблеми и тогаш треба да го удрите таму каде највеќе го боли.
    Колку човек открива (кажува, раскажува) за својата загуба, за својата осаменост, страдањето и болката - толку повеќе емоциите се исфрлаат и губат контрола врз него. Кога ќе ја преминете емоционалната инвазија - тогаш во преден план доаѓа разумот, размислувањата и гледањето на ИЗБОР во животот.

    Јас сакам да ги видам сите нешта во твојата глава, да го анализирам твојот начин на размислување, да навлезам во твојата психа за да ти помогнам, а многу лесно можам и да ти наштетам бидејќи добар психолог/психијатар би можел да биде манипулатор, но за да бидеш добар манипулатор едноставно мора да бидеш одличен психолог и познавач на човековата психа.

    Тука ќе го земам за пример психолошкиот профил на бомбаш самоубиец, неговите идеали и мотиви, настрана манипулацијата и да претпоставам дека станува збор за лично негов идеал, а дефиниција за зборот идеал не е нешто за кое се вика “јас верувам така и така треба да биде“ туку нешто за кое си спремен да го дадеш својот живот. Еден бомбаш верува дека ќе го ладат девици, негов идеал е да му служи на Алах и он живее за денот кога ќе се разнесе (како навалиле, нивниот Алах треба да распише тендер за девици).
    Да не бидам погрешно разбрана, не го коментирам или оправдувам терористичкиот напад на самоубиец како чин туку пишувам од психолошка гледна точка за неговиот идеал и ја барам позадината на неговата одлука.
    Значи, зборот идеал е тежок збор за кој не гинат будали, затоа што гинат за нешто во кое веруваат и ги води низ животот, додека останатите живеат мртви.

    Да не бидам брутална со камиказите, друг позитивен пример во кој имаме еден вид на самоубиство за идеали е смртта на Марија Кири која умре од озраченост, во остварување на своите идеали - таа (не)свесно се самоубива на некој начин.

    Истиот начин на размислување е кај сите самоубијци и затоа ги наведов овие 2примера, и оние со депресии и проблеми, и оние кои умираат за идеали веруваат дека нивните одлуки и постапки се оние вистинските, а човек кој (мисли дека) прави нешто добро првенствено за себеси, не е себичен. Што треба, да не се слуша себеси и да ве праша вас дали со неговите постапки е себичен? Да мисли на другите повеќе отколку на себе?

    Вие што се дрзнувате да кажете дека самоубиството е себичен чин и ги осудувате тие луѓе, за промена - пробајте со вашите способности да ги разубедите од нивните намери, погледнете околу вас и помогнете им на оние кои најчесто ги игнорирате, а на кои им е потребна вашата помош, па ајде, за разлика од нив - покажете ја вашата (не)себичност на дело...

    П.С. Lilit, јас би сакала да ја прочитам студијата која ја спомна за погрешните толкувања за тоа како доаѓа до самоубиство, ако ја имаш при рака и не ти е проблем, би сакала да приложиш тука или да ми ја пратиш?
     
    На nevermet18 и Valerin им се допаѓа ова.
  3. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Што се не ми се случило, толκу многу лоши нешта и толκу многу безизлезни ситуации, но ништо од тоа не може да биде пρичина за да си го одземам животот. Κолκу само пати сум помислила деκа ќе биде подобρо да ме нема на овој свет. И мојот свет воопшто не е совρшен κаκо што ти замислуваш деκа го имам, полн е со ρушевини и не му посаκувам на ниκој да го има... Си го пρочитала мојот пост и си видела деκа не го одобρувам самоубиството, но κаде виде деκа мојот живот е лесен и убав!? Неможеш да знаеш јас под κаκви оκолности и со κого и κаκо живеам. Баρем јас можам да најдам "пρичина" за да се самоубијам, но зошто κога утρешниот ден може да донесе многу поубави нешта. Јас живеам зошто свесна сум деκа κолκу и да е тешκа мојата ситуација сигуρно неκаде се κρие неκој излез од неа. Дуρи и да нема ниκаκви шанси за да се најде излез, останува во мене само неκоја надеж за таа ситуација, и пρодолувам да живеам за најмалото паρче сρеќа што го имам и со помислата деκа целиот живот е пρед мене за тρκалото да се свρти κон добρата стρана, да се случуваат подобρи нешта од сегашните, потκρепувајκи се со најблисκите и најсаκаните κои што ми останале. Само се тρудам да гледам κон подобρо и пооптимистичκи. Многу добρо знам деκа тоа го пρават луѓе κои имале голема маκа во животот, сигуρно не го пρават тоа од чиста миρа или им се досадил животот, ама поκρај сета маκа и тежоκ живот тρеба да се собеρе сила за да се застане на нозе! Не смее да се пρедадеме! Сум била во тешκа депρесија и сум била на ρабот од самоубиствои многу добρо знам κаκво е тоа чувство! Сигуρно не сум го доживеала тоа зошто животот ми бил убав. Само сум била доволно цвρста и не сум дозволила ѓаволот да ме натеρа да се доκρајчам!

    Се извинувам за долгиот пост, само не ми беше сеедно неκој да ми суди иаκо не знае κаκов е мојот живот.
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Не знам зошто само го толкувате самоубиството од тој психолошки профил, кога самоубиство извршуваат и како резултат на неподнесувњето на физичка болка, поради некоја болест, може и единствените што заслужуваат оправдуање за актот.
    Но, според мене до каде ти е судено, до таму, а не самиот да си одлучиш.
    [​IMG]
     
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Иако ти се обратив тебе, реков дека те земам само како пример, а не дека имам навистина увид во твојот живот и знам како ти е, или во најмала рака те осудувам.
    Иначе, во ред е се, те разбирам што сакаш да кажеш.
    Но, не сите успеваат да се опорават, логично, бидејќи сите размислуваме на различен начин, и не секој поседува идентична психичка силина за да се справи со проблемите кои надоаѓаат.
    Фактот што ти си даваш надеж премногу долго дека работите ќе почнат кад - тад да се менуваат на подобро, и си спремна да живееш со тоа парче светлост, за некои и таа последна свеќа е догорена од разно разни причини, поради кои ете не успеале да се додржат на тлото.
    Поентата на постот ми беше твоето лично гледиште врз работите дека не може врз сите да влијае инспиративно.
    За тоа се бави психологијата, а нас ни преостанува само да расудуваме, ама не и да осудуваме.
    Офф топик - бог не го мешај во темата, па ни ѓаволот. Нивниот систем е многу по сложен отколку што можеш да замислиш. Нема да објаснувам зошто како, читни ја темата ''религија'' ќе ти се разјаснат некои работи. Особено, дека бог не е оној кој казнува.
     
  6. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Summerlover, јас лично напишав за самоубиство од психолошки профил како тип на самоубиства кои привлекуваат најголемо внимание и како случај каде треба и може да се помогне.

    Што да му кажеш на некој што сака да се убие, а е дојден до стадиум на Сида или крајна фаза на рак?
    Аман немој, не се секирај, ќе помине? Па нормално нема да помине и во таков случај нема што да се млати празна слама, тоа е одлука на болниот која секако дека ќе ја почитувам со оглед на околностите.
     
  7. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Valerin :)
    Мислам деκа се ρазбρавме и во пρаво си деκа сеκој не е доволно псиκичκи јаκ, и сеκој не ρазмислува κаκо мене. Има ρазлични луѓе со ρазлични κаρаκтеρи и сеκој ρазлично го доживува κρизниот пеρиод. Сеκој човеκ е пρиκазна за себе. За тоа си во пρаво.
    Е сега се извинувам за офф топиκ, саκам да се извинам бидејκи спомнав нешто што опфаќа делови од ρелигијата во пρвиот пост. Сепаκ ништо нема да изгубам дотолκу пρизнаам деκа сум згρешила бидејκи погρешно те ρазбρав во вρсκа со мене :).
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Во ред е, се разбравме. :)
     
  9. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Навистина неможам да ги сватам девојките кои извршуваат самоубиство поради невозвратена љубо или поради тоа што ги изневерил партнерот и некои такви слични глупости.
    Добро, а што ќе постигнете со тоа, ќе ви биде доволно што ќе има грижа на совест? Навистина не ја гледам целта. Единствено можам некако да разберам да се самоубие мајка за прерано починатото чедо, се останато ми е надвор од умот.
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    162.876
    Неколку од нас се трудат да ви објаснат дека НЕ, не бил секој од нас некогаш во депресија и дека депресијата не се случува заради проблем.
    Депресијата е болест и сфатете го тоа! Болест за која треба медицинска помош и нема врска со слабост или себичност.

    Добро луѓе, како не го сфаќате ова?
    Болен е од рак, умре од рак, леле себичен е,како можел?
    Депресијата не е избор туку Е БОЛЕСТ.
    И да се чувствуваш депресивно и да бидеш болен од депресија не е исто! Замисли си го животот во состојба во која не чувствуваш никаква радост колку и да си успешен? Замисли си се како ти е мизерно, глупо и веќе видено? Како не се чувствуваш едноставно среќен со ништо.
    Депресијата не е чувство на очај, туку отсуство на позитивни емоции заради хемиска реакција во мозокот, дисбаланс на хормоните кои го регулираат расположението и низа физиолошки причини кои може да се случат и од траума.

    Сериозно луѓе... прегруба би била ако ве наречам некакви, до тогаш ве нарекувам игнорантни.
    Оу на темава фалеше и религиозен фанатик кој ќе збори за гревот и казната на Господ. Ако си запознаена со твојата вера би требала да знаеш дека господ не казнува и дека казната како таква се споменува во средниот век заради манипулација со луѓето.

    Сериозно дај престанете со тезите слаб карактер и стабилност, лабилност, препреки, воља. Не дај боже да се случи таква болест на некој ваш близок, па да видите како тоа не оди по избор и дека е исто како и секоја друга опасна болест.

    Можеби покрај другите работи, една од причините за интерес кон психологија, а потоа и кон генезата за причините за самоубиства беше самоубиството на човек кој живееше на неколку улици од нас. Секогаш ведар и насмеан, не го знаев многу и одеднаш почна да изгледа како дух... и секако се уби. Прво сите викаа дека е тешко болен од рак, но подоцна се дозна дека имал тешка депресија.

    Не знам кој е полабилен. Тие што сериозно се болни или овие кои имаат потреба да зборуваат за цврстина на карактер и глумење муда од лабуда.

    А да, и од ваквите изјави, луѓе кои веќе ги имаат тие суицидални мисли не се осмелуваат да се доверат некому и да побараат помош, тие и онака патат и од пониско мислење за себе си, па уште фалите вие да им речете дека се слабаци и лабилни. Па можда и некој од нив би се спасил кога не би постоеле луѓе кои се прават најхрабри, а имале само среќа што не им се случила ваква болест и ништо друго.
     
    На Dentina, sweet-cherry, DivineFM и 10 други им се допаѓа ова.
  12. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки

    Добро, се согласувам со тебе, депресијата е болест, ама нели може да се излечи тоа? Мислам постојат лица за тоа, зошто некој би се одлучил на самоубиство поради нешто кое може да се поправи? Мене тоа не ми е јасно, и самоубиството е лична одлука. Јас не ги укривувам тие што се болни од депресија иако како што кажа и самата, може да се излекува, пишав за какви зборувам, свесен сум дека постои ваква болест и сум бил сведок на истата (исто во комшиите, мајка на 2 деца беше болна од депресија и и требаа 1-2 години за жената да се врати таква каква што беше). А тие што ги наведив како групи на луѓе, реално гледано немаат никаква причина за таков чекор зашто не се ни болни ни ништо туку мислат дека се (односно како што кажа се чувствува депресивно а уствари не е депресија).
     
    На 4rever.unique му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Гледај го тоа како нормална болест, што и е, и замисли дека некој е болен од рак... на мозок, страшно и језиво делува нели? Ама пред да стане сериозно и неизлечиво, него само го болело глава, па пиел апче, па го масирала жена му дома, па се дерел по шалтери во банка и слично. Кога конечно решил да оди на доктор, му рекле имаш уште две години живот ако ги пиеш апчињава, ама поише од тоа тешко.

    Епа исто е и со депресијата. Кога ќе стигне во напреден стадиум, човекот во дерпесија не може да стори ништо во врска со тоа, зашто болеста го зафатила умот. Самоубиството е крајниот стадиум.
     
    На DivineFM и omg92 им се допаѓа ова.
  14. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201

    Леле и јас сабајлево прочитав и се наежив. Греота за родителите :( и нека почива во мир
     
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Δ
    Е баш така капетане. Убаво го објасни индиректно исто така оној кризен момент кој јас го разбирам. Некогаш човек ни не знае до кое дно е паднат со оваа болест, и за жал некој не стигнува ниту да побара помош. Стигмата на оваа болест е во сите општества, а во вакви времиња коси. Точно ќе се согласам со тебе и дека не сите депресивни луѓе се со суицидни мисли, не зборуваат во смисла која е поентата, на сите ќе им е подобро без мене, туку едноставно се затвара, и турка. Затоа и реков порано овие луѓе не планираат да се убијат, не кмичат на интернет да бараат како да врзат вазол. Навикнат да живее со болеста секој ден не му е различен од секој ден како и на оној кој не е депресивен. Како може да му недостига нешто како радост кога изгубил концепт како тоа воопшто изгледа? И ете така, еден ден на крајот од денот, стои на платформата, доаѓа брз воз, му мине низ глава фак ит, и скока. Или, утре оди на лекар со докторе збунет сум, не ми е добро, синоќа ќе се фрлев под воз а не сум сигурен зошто.

    И пак, џабе им објаснувате на некои тука каква страшна болест е депресијата. Нив во глава им е друго. Нека пукаат `себични` куршуми само нека бидат живи и здрави.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    76.915
    Пол:
    Женски
    Devojceto se vika Aleksandra Kolarik, se drogirase devojceto :/ Izgleda pod dejstvo na droga se ima frleno. Sestra mi se utepa od placenje, ucese so nea osnovno i bea mnogu dobri drugarki. No od koga zabega, sestra mi se trgna od strav od nea :/
     
  17. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    не знам што да кажам...страшно :|
     
  18. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Колку само се согласувам со Лилит.
    Немам што да кажам,таа си кажа се.
    Депресијата не е избор,туку болест. :)
     
  19. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Lilit и Omni :bow: :bow: :bow:
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Оваа година бев сведок на две самоубиства на блиски лица - двајца моја возраст. И од она што го знам за нив е токму тоа што го споменаа и Лилит и Капетан. Дечкото, не изгледаше дека пати од депресија, беше активен, социјализиран, со големо друштво, со еден родител со кој имал супер однос. Се самоуби дома. Претходно никој немаше приметено дека е во депресија, но по начинот на самоубиство и по писмото кое го остави во кое и се извинува на мајка му но и пишува дека е многу болен, чувствува како телото му се распаѓа и нема сила за ништо, кажува дека го има планирано тоа подолг период и дека бил во тешка депресија.
    Другото самоубиство... Се ежам кога ќе помислам. Девојка без никаков видлив проблем во животот, убава фамилија, убава девојка... Едноставно се чувствуваше непожелна на овој свет, ништо не ја радуваше, таа во писмото напиша дека нема зошто да живее, не се гледа како мајка, нема желба да работи ништо (а финансиски гледано, не ни мораше да работи). Последните 2-3 години се затвори, не излегуваше. Ја носеа на сите најдобри психијатри, пиеше лекови. Ама, како што кажаа погоре, кога ќе дојдеш во таа последна фаза, ништо не помага. Се самоуби безболно, сама, надвор од дома. Никој не беше изненаден од постапката.
    Луѓе, сериозна болест е депресијата, и не гледа кого ќе погоди, ниту кога. Затоа, ако ништо друго, барем не ги осудувајте оние кои се решиле на таков чекор. Верувајте, дека да можеле и да знаеле поинаку ќе направеле поинаку.
     
    На Dentina и Valerin им се допаѓа ова.