Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.231
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Многу лош совет и размислување од твоја страна Папи ... можеби ние не сме почуствувале нешто слично,не сме имале судбина како на девојката и мислиме дека се така лесно може да се надмине.Лесно е да се каже но тешко е да се надмине.Да надминеш безизлезна ситуација е премногу тешко.
    Треба многу труд самодоверба,пријатели,луѓе кои ќе застанат позади тебе...
    На девојката и е премногу тешко и тоа е очигледно,немора до толку да ја обвинуваш и ти затоа што верувај со тоа ни малку не помагаш!
     
  2. Blissful

    Blissful Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    @frose22 претпоставувам дека се уште не си се јавила на телефонот којшто ти го дадов. тоа е така затоашто оваа варијанта - искажување на твоите емоции на форумов е поприфатлива. тоа е во ред, но ајде пробај да пишуваш дневник. пишувај за своите случувања, за своите емоции - какви и да се тие. потоа размислувај за истото, анализирај и те молам секогаш размислувај на тоа дека ќе направиш чекор за промена кон подобро. тебе ти треба директен разговор со психолог пред којшто ќе ги вентилираш сите емоции и којшто ќе "копа" во тебе за да си дојдеш до одредени одговори. те молам јави се и отворено разговарај за се.
     
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Не сакав да ја обвинам, сакав да и' укажам дека ако таа сака да биде среќна ќе биде. Мислиш не сум била во "безизлезна" ситуација? Мислиш мене не ми зборувале луѓето дека нема да успеам во нешто? Сум размислувала за самоубиство и тоа ради личност која "ме натажила", но сфатив дека сум си потребна, дека околината нема право да влијае на мене и јас нема да дозволам да влијае врз мене. Зошто да бидам тажна кога можам да ја гледам светлината и да одам по неа, а не да го гледам мракот и да ја трескам главата од него?
     
  4. frose22

    frose22 Нов член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Како да се јавам кажи ми? Татко ми ќе збесне буквално и не знам што би направил, а и мајка ми многу ќе се налути, не сакам да ја повредувам.
    А инаку кај психолог сигурно ќе одам. Идев порано, после секој разговор имав надеж дека ќе се смени нешто на подобро.
    Јас не сакам многу, не барам многу. Среќно семејство, еден пријател, мир доволно е. Најтрагично ми е што луѓето погрешно мислат за мене. Пример брат ми вели дека не ми е гајле за него, ама јас си знам како ми беше кога беше болен и се тресев над него и кога касно ќе беше а не беше дојден како плачев и мислев на најлошото. Кога другите велат дека не сум дружељубива, зарем јас не сакам да се дружам? Кога татко ми ќе рече ти не почитуваш родители, јас не само што ги почитувам и толкку многу ги сакам и покрај се што ми направил во животов. Татко ми е го сакам и покрај се.Кога бившиот ќе ми речеше ти мене не ме сакаш, како не го сакам бре? Само Господ го знае колку го сакам. Го сакав безусловно, правев се за да биде најсреќен, колку пати и да беше тој крив преќутував, колку пати правев нешто за него а не го сакав тоа и на крај ми рече ти мене не ме сакаш една друга ме сака.. Не знам зошто луѓево мислат погрешно за мене...
    Се обидов да не го слушам татко ми, ама премногу сум емотивна и тоа ми е мана, се си ставам при срце и лесно се расплакувам.
     
  5. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    едно е да ти зборат луѓето дека нема да успееш во нешто а друго е да растеш во растурено семејство, несреќно, каде си психички и физички малтретиран и каде што не си осетил љубов и поддршка од никого во моментот кога растеш и кога треба тој што ти е родител да те бодри и да те насочи кон правилен пат во животот. Тоа не е нешто што се пребродува преку ноќ, а и девојчето не е борбен карактер. Така да ако неможеш да и помогнеш немој да и одмагаш и да ја обвинуваш.
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. frose22

    frose22 Нов член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Луѓе стварно ме изненадивте што наидов на толку разбирање и подршка многу сум ви благодарна.
     
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.231
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Добри луѓе секогаш и секаде постојат само потруди се малку повеќе за да ги пронајдеш.
    Исправи се колку и да е тешко,биди силна и верувај во онаа што го посакуваш.
    А јас ти посакувам што подобро да најдеш мир околу тебе и да имаш убав живот :*
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Ни јас не бев борбен карактер се' додека еден од родителите заврши во болница, се' додека личноста со која споделував буквално се' ја немаше до мене, а дури до ден денес чувам се' во себе, буквално ништо никому не кажувам. Не се раѓа човек со "борбен карактер", карактерот се гради со искуствата кои ги доживеал. Поентата е да се остане на нозе, не да се тажи. Дури и тоа најлошото што на човек му се случува, е она што прави човек да биде посилен. Мал милион пати се случило родител да ме плукне и каже дека во ништо нема да успеам. Околина не подразбирам луѓето околу моето семејство, туку луѓето околу мене.
     
  9. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да разбереш нешто што не си го доживеала...јас можам да пишувам тука до утре сабајле и пак ке биде за џабе.
    Поентата е да му подадеш рака на човек што стои на ивица, а не да го туркаш надоле!
    Ти го направи второто. На човек кој што се изјасни дека сака да се самоубие и има проблем кој што очигледно ти не го разбираш му рече дека е тој виновен за тоа.
    Јас сум го осетила на моја кожа сето тоа што го кажа девојчето и многу многу повеќе, вклучувајќи го и тоа со болниците и смртта што ти ги спомнуваш, и сеуште животот не ми е совршен ама јас сум борец никогаш не се откажувам.
    Да ми се појави пред очи некоја глупача (со муабетот кој што ти и го кажа на девојчето) која што на мојата мака во последниве години ќе ми рече дека ЈАС сум виновна што животот бил суров со мене и сеуште е, има да и удрам таков ќотек што жртвите на семејно насилство за цел живот немаат добиено па да ме памти за цел живот и згора на тоа ќе и ги повторам нејзините реченици нели дека ТАА е виновна што тоа и се десило!
     
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Не знам што толку виде во мојот пост што ја "туркало" само и' кажав дека ако таа сака да биде среќна, ќе биде. Ако ти неќеш да ме разбереш, следниот пост на темава ќе ти биде изигнориран од моја страна.
     
  11. Blissful

    Blissful Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    @frose22, мобилен е бројот којшто ти го дадов и бесплатно е. би можела да излезеш од дома и да се јавиш, така ќе бидеш сигурна дека ќе имаш приватност.
    на тој телефон ќе добиеш првична емотивна помош и поддршка, а понатака секако дека би требала да продолжиш на лице-во-лице средби со психолог. Луѓето на СОС линијата ќе те упатат и на такви средби.
    Поентата е ти да се охрабриш, да си ја вратиш самодовербата, да се зајакнеш психолошки и да бидеш максимално свесна за чекорите кои ги правиш во животот. Биди максимално претпазлива во изборот на твојот дечко. Ако веќе решиш да бидеш со некого, внимавај тој да ти ја дава својата поддршка, а не да ја злоупотребува твојата (моментална) ранливост. Биди храбра, девојче! Жената има многу поголема моќ одошто е свесна за тоа. Само треба некој да и ја разбуди, верувај ми.
     
    На kjukli, <3 pleza4e <3 и presiosaP им се допаѓа ова.
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Па ти изгледа не сакаш да разбереш дека депресијата не е нешто што сам го избираш, и што сам можеш да го победиш. Додека не почувствуваш такво нешто не можеш да донесуваш такви заклучоци затоа што е многу непристојно.
    И јас сакам да бидам среќна ама ме спречуваат мал милион број работи што не се во моја контрола.
     
    На kalimero1 и <3 pleza4e <3 им се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Ако таа сака да биде среќна, ќе биде.
    Аналогно на ова, ако таа сака да не биде малтретирана од страна на татко и‘, нема да биде малтретирана.
    Девојчево ама ич не сака да биде малтретирано од својот родител, ама родителот очигледно не ја прашува.

    Ова не е некоја тажна состојба од типот на „ми овена цвеќето, ми се скрши нокт, паѓам во депресија“. Секако дека за такви (јас ги одбрав најбаналните примери) банални работи сами сме криви дали ќе кукаме или ќе кренеме глава и ќе продолжиме понатаму.
    Ама во овој случај нејзината среќа не зависи само од неа. Таа може да одбере да биде среќна надвор од домот, каде родителот не е присутен, но на крај на денот мора да се врати дома.
    Велиш дека ја разбираш, а сум те читала во други теми (поправи ме ако грешам) дека татко ти ти бил најголема поддршка во развивање на твојата љубов кон уметноста. Е ај како е вашава ситуација слична?

    Знам дека немаше лоши намери, ама мораш некогаш да изброиш до десет пред да кажеш нешто некому. Верувам ќе научиш да го контролираш тоа со тек на време, годините ти се такви :)

    @frose22 Прими го моето сочувство за баба ти. Разбирам потполно како ти е. Јас, откако почина мојата, со месеци не можев скроз да се соземам. Памти ја по убави работи, не срами се да си се исплачеш секогаш кога имаш потреба од тоа и редовно спомнувај ја со насмевка на лицето.
    И послушај ја Блисфул.

    Патем, некој имаше пишано дека девојчево не е за на психијатар.
    Па никој не ни рече дека е за на психијатар. Сите и‘ советуваат да разговара со психолог.
     
    На SnowWhite8, Ketchup и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  14. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    6.403
    Пол:
    Женски
    @frose22 и јас се приклучувам овде. Навистина ми е жал за тебе , и за ова низ кое поминуваш. Знам дека ти е тежок период. Но животот не е секогаш сјаен. Мора да научиме да се бориме. Те советувам да посетиш психолог. Искажи се нему, најдобар совет ќе добиеш. Разговарајте само :)
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kalimero1

    kalimero1 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Размислувај позитивно се ќесе среди дружисе со твои врсници биди секогаш весела и насмеана самоубиството не е никакво решение
     
  16. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Хммм тема заснована на свои лични сфаќања и факт е дека ниедно може да не е најсоодветно и најрелевантно. Секој одлучува сам за себе, но не сметам дека човек кој се самоубил е слаб карактерно за да си наштетиш сам на себе треба да си карактерно јак, валда се тоа жути минути на исклучување на чувствата, свеста и слично. Не сум помислила никогаш на самоубиство, би испаднала невидена пи*ка у ткава ситуација. :lol: Себично е да им приуштиш на оние кои те сакаат и им значиш ваква работа, товарот од тој чин тие ќе останат да го носат.
     
  17. vol6ebni4ka

    vol6ebni4ka Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2015
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    19
    Понекогаш да пукни ѓаолот ме тера да помислам на вакви нешта кога имам проблеми било со мм било со стариве. Ама бог е поголем во мене и тој ме чува не ми дава гаволот да ме надитри.
     
  18. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    Дали сте помислиле на самоубиство? Не
    Што мислите за самоубиството? Мислам дека тие што сакаат да го извршат не се психички здрави.Имаат потреба од медицинска грижа
    Дали ние самите сме тие што треба да одлучиме кога нашиот живот ќе заврши? Да никој не смее тоа да ти го оспори
     
  19. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.373
    Пол:
    Женски
    nemam dosega nikogash pomisleno da se samoubijam,a za samoubistvoto nemam nikogash razmisluvano za toa dali e pravilno ili ne covek da si go odzemi zivotot koga toj ke smeta deka e vreme hm neznam....ama spored hristijanstvoto ne e za odobruvanje bidejki tie sto se samoubile pop ne gji pee.......
     
    На Petar80 и mariz им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.726
    Допаѓања:
    77.009
    Пол:
    Женски