Колку јас од тоа и да бегам, факт е дека во изминатата година повеќепати се фатив себе како размислувам да завршам со мојов живот. Зошто? Бидејќи мислам дека се најдувам во безизлезна ситуација, магичен круг кој не знам начин друг за да го прекинам освен - да не постојам. Зошто уште не сум извршила таков... чин? Оти ми е жал за моите. Оти длабоко во себе не мислам дека е начин. Оти сеуште успева да се разбуди некоја надеж, искра. Факт е и дека не знам уште колку време ќе ме држат истите причини. Контрадикторни чуства се. Од една страна чуствувам сила и порив светот в раце да го држам и превртам, а од друга чуствувам огромна кочница и неможност да си остварам ни еден сон. И второто веќе долго време победува на крај... И ете луѓе, ми се смачува. И не можам повеќе. И не сакам повеќе. Јеби га... Спојлер Без паника, немам храброст за такво нешто. Само си тежи. Ете, тоа е се...
@DAngel , не, ама сериозно размислувам да почнам со психотерапија некаде. Финансиската страна ми е слаба, па тоа е главната причина што ова сеуште чека. Свесна сум и јасно ми е дека разговор со психотерапевт ќе ми годи. Психологија студирав и кристално јасни ми се стварите. Фала за грижата.. Бидете без гајле
Многу си паметна, интелигентна и ДА можеш да го превртиш светот само пополека. Го кажувам ова зошто ги разбирам донекаде внатрешните конфликти со кои се соочуваш.. Најпрво седни во соба земи лист и запиши цели подостапни кои можеш да ги оствариш полесно за мозочето се насочи кон тоа дека ти можеш, ти правиш, ти успеваш.. понатаму ќе си усложнуваш сама.. Земи си капки валеријана и потсмири се малку.. некогаш момент е доволен за да пукнеш. Чашата се полни секој ден и ќе прелее од навидум небитна работа затоа е потребно да ги средуваме полека работите а не да ги заташкуваме. Не знам каков проблем имаш ама знам и верувам дека решение има а тоа сигурно не е зборот на с. Ти посакувам секое наредно утро да се успокојуваш и радуваш од срце.еден ни е тој живот, боли ама и вреден е ... Те гушкам. Знај има многу што те сакаат..ако ти затреба приватен разговор тука сум..
Знам дека посета на психолог е инвестиција, ама обрати се кај матичната и побарај упат кај некој психијатар кој би се посветил на тебе. Има многу што би се ангажирале и би се посветила на психотерапија или комбинација психотерапија со лекарства. Знам дека психијатар звучи страшно и непријатно, ама нема зошто.
Лично ги познавам психијатрите од мојот град како и дијагнозите по луѓе што ги даваат, и од таа причина не заминав кај ни еден од нив. Само апчиња не помагаат и тоа го знаеме сите. Можеби треба да се обратам кај психикатар во друг град...
@Tatjana95 А да ја зацврстиш вербата во Бога . Да одиш на литургија да зборуваш со духовен отец мислам дека тоа е најмокното што ке ти помогне во оваа ситуација.Обрати се на БОГ само тој ке те спаси верувај ми.
Верувам во Бог. Тоа е уште една од причините што ме држи. Еве, баш вечерва дискутирав на таа тема со другар што студира теологија и што е растен вонтој дух. Бог ми претставува голема надеж и цврстина оти длабоко верувам во постоењето и целта негова, а со тоа и дека моето постоење има цел и причина. Благодарам за советот... Самодовербата ми е мноооогу опадната. Затоа уште потешко ги доживувам проблемите. Планот што го кажа е практичен и уште вечерва ќе го почнам.. Пишувањето ми помага да се насочам и да си ги средам мислите.. Ти благодарам од срце..
Како што пишувањето помага така помага и читањето на книги...ти ја препорачувам книгата Моќта на потсвеста од Џозеф Марфи многу убава книга што ти ја подига самодовербата и ти дава сила и надеж дека можеш се да промениш ☺☺
Позната е книгата а јас толку многу пати сум ја одбегнала од причина што скоро секогаш ги избегнувам стварите што се премногу популарни.. Инаку одсекогаш читам и сакам да читам. Еве моментално нафрлена сум на Јунг и Фројд Покрај толку топла препорака, ќе морам да си ја земам и прочитам... Книги ми зацврстиле доверба и ми отвориле нови погледи и перспективи неброено многу пати до сега, па можда овс и ќе биде од помош.. Фала ти за грижата и советот
Јас не би можела да ја читам искрено, мислам дека би се чувствувала патетично покрај книги за самопомош Кај мене контраефект имаат
@Tatjana95 Покрај ,,Моќта на потсвеста" јас би ти ја препорачала и ,,Калуѓерот што го продаде своето ферари", позитивна, оптимистична книга, потребно е само концентрација при читање и размислување и применување на прочитаното во реалниот живот. Ништо не е сè така црно во животот како што ни изгледа.
Ќе се обидам да ја најдам.. Ете, кога веќе се препорачуваат книги, и јас би препорачала нешто - "Колиба" од Вилијам Пол Јанг... Книга што ќе ви ја донесе верата на тацна. Да ја сфатите суштината преку приказна и на поправилен начин.. П.С. не очекував олку совети и грижа, искрено.. Ме изненадивте фала ви на сите
И јас би сакала да заврши овој мој живот ама се плашам од самоубиство се плашам од такво нешто што ке ме чека на другиот свет,а искрено би сакала да умрам,овој свет нее за мене....тоа мие желба...
Не добиваш втора шанса животот не е флипер... овој свет и те како е за тебе.. ако не е во моментов направи да биде во иднина. Да е се така лесно нема да се осеќаме живи, мора и да боли некогаш да не потсети дека дишеме овде сме, сега и тука. Те поздравувам, се надевам дека брзо ќе го промениш мислењето.
@Tatjana95, мене лично не ми е при срце религијата, а ниту ваков тип книги - но, поддржувам и сфаќам кога помагаат кај некој друг. Те разбирам и за финансиската состојба, а и за тоа што не ти се оди кај било какви доктори кои само препишуваат лекови. Сепак, кога ќе бидеш во можност, обрати се кај стручно лице што навистина ќе ти обрне внимание. Од тоа што сум те читала, ми имаш оставено впечаток како добра личност, и доста емотивна. Знај дека вредиш Сѐ најдобро
Секој што ја има оваа помисла за самоубиство е личност со настанато пореметување, истиот треба да се соочи со неговата нарушена психа и да побара помош од било кого. Не се срамете, плашете или да се чуствувате понижено да побарате помош за било што доколку се чуствувате беспомошно. Не може да се предадете туку така. Животот е борба за нешто подобро. Со лесно никој не добива, на сите рози не ни цветаат, денес е добро утре е лошо. Најбитно барем според мене е човек да си постави цели пред себе и да се труди истите да ги оствари.
Верувај, како самодовербата ми е падната, и како лошо се чуствувам за себе, секоја поддршка и потврда од луѓето околу мене ми значи премногу. Секојдневно се запрашувам каква сум, дали вредам, дали стварно имам потенцијал, и кога некој ќе ми каже и потврди такво нешто, успевам колку толку да вратам верба во себе. Па, ти благодарам за поддршката и вниманието што го посвети Ти посакувам многу среќа и се најдобро...