Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Ниту би оправдувала ниту би осудувала. Секако дека самоубиството не е никакво решение, и покрај сите тешкотии кои можат да не снајдат во животот, треба да останеме и да се бориме, да имаме верба и надеж за подобро утре. Ако денес сме тажни не мора да значи дека утре нема да биде подобро. После дождот доаѓа сонце. Затоа треба да сме силни, да истраеме до крај.
    Од друга страна, понекогаш е многу тешко да се премине преку некои работи, тешко е да се помириме со тоа. Понекогаш доживуваме такви удари во животот што помислуваме дека нема зошто да продолжиме и се изгледа безнадежно.
    Неколку пати сум помислувала на самоубиство, кога сум имала кризни периоди. Но едноставно знам дека тоа не е решение. Помислувам и на моите, и на сите оние кои ми се блиски, каков удар би било тоа за нив. Има излез и решение за се, само треба да сме доволно истрајни. :)
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Секој човек кој што ќе изгуби некој што му значел ( зборувам за смрт) може да има суицидални идеи. Сите сме помислиле понекогаш дека не вреди нашиот живот и јас сум помислила кога ми било најтешко. Но најголем грев е да си го одземиме сами сопстевниот живот што ни го дарил Бог. Велат дека добрите луѓе Господ побрзо ги зема за да не му наштетат злобните, а нив ги остава да си ги поправат гревовите :)
     
  3. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    еве и јас за прв пат да се отворам на оваа тема..
    многу можеби ќе ме осудуваат,но јас неколку пати сум помислила на тоа и сум пробала да се самоубијам.
    некогаш се чувстувам безвредно,дека на никој не му сум потребна и дека никој нема ни да го почувстува моето отсуство.
    понекогаш не се чувстувам сакано и се прашувам зошто живеам,но не можам да го најдам одговорот.
     
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.541
    Пол:
    Женски
    Исто и јас...Порано многу често размислував за самоубиство |( ...Еднаш и се обидов..Ако не влезеше сестрами во собата можеби сега ќе ме немаше...Но сега за сега завршив со таквите мисли... :) Сега се обидувам да се радувам на секој миг од животот бидејќи тој е еден и единствен и нема репризи :|
    P.S.Можеби некој ќе ме осудува но тоа беше во раниот пубертет....(сеуште не летав со паметот :P ,не дека сега не летам,ама сепак за мои 15год доволно созреав за да ги тргнам тие мисли)....
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Јас не би имала храброст да го направам тоа, искрено.
    Колку и да сум во депресија, или разочарана, не би имала храброст. Дали дека животот ми е мил, или зашто незнам, ама знам, и сигурна сум дека не би имала храброст.

    Зашто да си го прекинам животот, до тука сум стигнала, не сум видела речиси ништо од светов, и да се убијам?
    Нонсенс.

    Колку и да е тешко, може да биде подобро ако ти сакаш. Е сега ако не се трудиш сам да успееш, и сам си се закопуваш тоа е друга работа. Има професионалци, и нивна работа е да ве извадат од тој период, депресија или било што.

    Само знам дека ако сакаш, се можеш да направиш, па и да стапнеш на месечината.


    Сума сумарум, не го оправдувам самоубиството.
    Ма да нели се вика твој избор .. ама зашто да го уништиш тоа што си го градел цел живот? Целата твоја персона, карактер, живот? Заради некој тежок период? Ретко кој немал такви денови..
     
  6. mace10

    mace10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Самоубиство ? Не го оправдувам, никако :devil: Колку и да си тажен, и да ти се руши светот, секогаш може да биде подобро.. За се во животот постои решение! Имај храброст да живееш, секој може да умре!
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    Дали сте помислиле на самоубиство? :o
    Што мислите за самоубиството? :x
    Дали ние самите сме тие што треба да одлучиме кога нашиот живот ќе заврши? :shake:

    Ме стра од самата помисла од смртта, не па ли да помислам на самоубиство. :o
     
  9. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    грев е да се помисли на такво нешто а не пак да се направи
    кој е тој повозвишен од бога да го одзема тоа што бог го дал
     
  10. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    343
    Имам еднаш пишано во темава. Сега ми се навратија болни спомени кога повторно ја видов. Беше многу тешко, за 3 месеци бев присилена до околностите да си го завршам детството. Проблеми, проблеми, тешко дека можев да се справам со се тоа. На левата рака сеуште имам лузни кога сакав да ја осетам болката, да видам колку ќе ме боли ако сечам во неа. Нека седат. Ме потсетуваат никогаш повеќе да не се вратам во таа состојба, ме потсетуваат дека сум преминала преку тоа, дека пораснав и сум позрела. Ме потсетуваат дека сум јака и дека можам да се соочам со проблемите, не да бегам од нив. Среќна сум што сум тука, и што не направив нешто непромислено. Мојот живот сега е на место. Среќна сум :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Many people would rather die than think; in fact, most do.

    На сите ни доваѓаат такви мрачни мисли и имаме периоди кога се ни е преку глава. Ама секогаш постои подобро утре, значи секогаш :)
     
  12. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    ретко кој нема помислено, некој во помали некој во поголеми размери. Ми се има десено 2 пати да посакам да го направам тоа, ама кога ќе помислам на тоа што ќе оставам зад себе и имам живот а да го упропастам џабе.. не фала.
     
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    искрено до сега немам помислено на такво нешто. имало моменти кога сум се чувствувала дека цел свет е против мене и сум сакала да ме снема на некој преиод да се одморам од се ама никогаш не сум помислила да направам таква глупост. секој од нас има некој што неизмерно го сака, без разлика колку сме лоши или добри, и не би сакала да ги повредам тие што ме сакаат.
    еден совет- никогаш не ги напуштајте оние на кои сте им најпотребни без оглед на се, што и да е ке помине ама ваква глупост тешко дека некој ке може да ја исправи или да ја пополни празнината и болката што вие ке ја оставите во душата на они кои би го дале животот за вас
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    КАКва психа е тоа бе да сакаш сам во дупка да влезиш кај шо е темно и ка шо ке те јадат црви. И да имам моменти на слабост во тој момент ке помислам

    :fubar: на Бога, тој ми го дал животот, која сум јас да си го одземам. Голем верник сум а самоубиството е забрането во христијанството
    :fubar: на лугето болни од неизлчливи болести, како се мачат со болеста, се борат за живот, не се предаваат а јас здрава права тука ке и изигравам ЏЕК САМОСЕК
    :fubar: на мајка ми и татко ми, најдобрите родители што постојат,кои веќе 22 години ме хранат, ме облекуваат, се прават за мене, на деновите кога од устата си делеа да ме прехранат, кога им ги украв последните пари од дома за да купам водка и да завршам на инфузија и кога позајмуваа пари за мојата инфузија, зар нивниот труд да го фрлам во бездна? :fubar:
    :fubar: на тешкото минато, сиромаштијата во која живеевме, болестите и моментите кога сите од семејството бевме во различна болница, го пребродивме тоа, еве сме сега сите заедно, здрави, срекни и богати.
    :fubar: на сите луѓе кои им значам, другарки, роднини, брат, дечко... колку сум им била потребна во некои моменти, кој сега ке ги теши, кој ке се редува на нивните успеси, свадби и веселби. Не сакам мојата весела дружина да ја видам облечена во црно како плаче, наместо да се веселиме заедно некаде
    :fubar: на успесите од минатото а ги има многу, кога во најтешките моменти од животот победив на државен натпревар, кога успеав да го фатам најдобриот фраер у маало додека останатите девојки срекни беа ако го сретнат на улица,
    :fubar: на тие кои ме мразат, а знам оти има неколкумина, не им го правам ќејфот да се обесам
    :fubar: на иднината и на моите желби , љубопитна сум што ке се случи со мене, толку работи не сум испробала, сакам да дипломирам, да бидам прва во својата струка, да измислам лек за некоја болест, сакам да пробам секс со женско, да се омажам, да имам деца, внуци.

    Има уште милон причини ама овие најбитни се. ЗА да извршиш самоубиство треба да ти фали нешто во главата
     
    На lasthope и LadyNN им се допаѓа ова.
  15. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Не сум помислила, немам потреба, имам се што ми треба. Но го сфаќам самоубиството. Не можете да судите пошо не знаете колку лошо може еден човек да се чувствува и колку доле може да падне. Не знам, али мислам дека има болки кои што "подобро утре" не може да ги излечи.
     
  16. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Најискрено до сега никогаш во животот немам помислено на самоубиство.Едноставно не можам да се начудам на тие луѓе кои им доаѓаат вакви идеи или пак го остваруваат овој чин т.е. се самоубиваат.Животот е толку убав и има толку многу работи за кои што вреди да се живее.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    А што ке реши самоубиството?Бегање од проблемите во кои си западнал,и нив ги наследуваат фамилијата то ест најблиските па тогаш треба и тие да си посегнат по животот?Тоа само кукавиците можат да го направат незнаејки да се справат со тоа што е пред нив.Па ајде мислејки дека со самоубиството се ке решат. :fubar:
    Воопшто не го оправдувам самоубиството зошто колку и да е лошо секогаш има начин за излез од лоша ситуација.Децата во Африка секојдневно се бораат за живот и опстанок а некој кој што има се си посегнува по животот |(
     
  18. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Што е со луѓето кои што немаат најблиски ? Што немаат некој да им каже дека утре ќе биде подобро.. Што се малтретирани, тепани, злоставувани.. Што е со нив ? А и плус, некој што има СЕ не верувам дека би посегнал по својот живот. Воопшто не ги почитувам мислењата од типот дека само кукавиците би си го одземале животот.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    И ако немаат најблиски треба да си го одзедат животот?Не би рекла,тоа е мотивација плус да успее и сам ако треба.На братучетка ми се разведоа родителите, мајка и на едната страна на светот,татко и на другата а таа е оставена самата на себе и дали посегна по својот живот?Не,туку продолжи да се бори.
    За малтретираните,злоставуваните и тепаните пак не е решение да си го одзеде животот.Познавам илјадници кои се малтретирани ама сепак не посегнале по својот живот.И грешка си.Никој нема се.Некој нема здравје,некој срека,некој нема пари.Така да не држи многу ввода кажаното(барем според мене)ако се решаваа проблемите со самоубиство ајде да се отепаме сите :wasntme:
     
  20. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Маваш контрадикции девојко. Те цитирам:" ..а некој кој што има се си посегнува по животот ". Не можам да дискутирам сеа, треба да искачам, и така и вака не разбираш, не гледате вие подалеку од вашето размислување али добро ваш проблем. И да повторам, не го ПОДРЖУВАМ туку го СФАЌАМ самоубиството.