Не видов ваква тема, па си реков да отворам Дефинитивно најупотребуваната декоративна козметика. Какви сенки користите, каква боја...мрсни, во прав, камени....
Во прав е, но делува како мрсна. Не се собира, ниту растура. прекрасна е едноставно Avon Precision Glimmer Баш белава нијанса ја користам постојано.
И јас би ја пофалила сенкава, баш е фина и не се собира на капаците Задоволна сум и од Гош, сенките во прав, имаат сличен квалитет со овие од Авон За вечерно и секојдневно излегување ги користам Victoria's secret и Costal палетите и сум презадоволна
Jaс сум ептен задоволна од сенките на Аура, единечните Имаат супер нијанси, и мат и седефасти, траат, не се собираат на средина на капакот, а и не се ич скапи Исто и сенките на Гош се убави. Од Авон имам една палета, таа што е со 8 мислам бои, не е лоша, речиси ми се истрошени Е, да, имам едни земјени-бронзени нијанси од Vollare cosmetics, абер немам чии се, од кај се , ги зедов еднаш заради боите, и искрено, не зажалив, прекрасно стојат а беа 90 денари 4 бои. Не можам да најдам сликичка да ги постирам.
Гош ми се најдобри многу убави нијанси има FBI леле колку ги имаш купено овие што се како цела палета(на првата слика) и од каде плссс кажи ми оти се преубави
обично си ги користам сенките од руби роусе ефтини се имат широка палета на нијанси долготрајни се и содржат светкави честички многу време ги користам и задоволна сум,имам користено и од голден роусе оние што се мат нијансите потоа катрин арли имав и авон ама некако суви ми се имам од деби козметикс се нанeсуваат со сув и влажен апликатор и од артдеко поединечните мали сенки што се.еве моментално оваа палета ја користам под сенките има и три руменила со складни бои
Нарачани ми се од Амазон, ама не директно во Македонија туку од странство.....19 долари се а сум презадоволна од нив
Ги користам единечните сенки на Аура. За нивната ефтина цена не очекував некој голем квалитет, но пријатно се изненадив. Оваа е палетата на бои. А сенките изгледаат вака.
Батерфлај ги немам пробано, но баш поради твоите пофални зборови за нив ќе ги пробам Се сеќавам дека мајка ми користеше вакви пред некоја година, но кој да се шминка со сенки тогаш
оваа палета на сенки некој да не ја има или ја видел некаде од руби роусе e слична како таа од предходниот пост сега ја видов на интернет сите бои ги има
Јас ги користам овие на Flormar и многу сум задоволна, а и не се скапи 220 ден се 4 бои ги купувам од Unique има разни комбинации. Има и еден светкав молив за очи најубав е,презадоволна сум
Не сум ограничена на некоја колекција,имам различни.Последно што ја купив беше тегет боја од Флормар.Во глобала задоволна сум од сите иако не се од некои позната колекци.не користам многу често али ги имам повеќе
Од сите сенки што ги имам користено најмногу ми се допаднаа едни што беа како полумрсни ама суви Требаше само малку да се нанесе со четкичката за да се познава убаво. А и не беа скапи, одеа комплет 4 сенки за 120 ден. Сега барав ги нема
Сива, Црна, бела и понекогас маслинесто - кафеава.... друга боја не би ставила. Црната со комбинација ја ставам за вецерни излегувања а за денски или за на работа не ставам или ретко се случува кремаста да ставам за да ги истакнам очите
Мене ми се најдобри сенките на Менхетен Исто така добри се и тие на Гош ама почесто ги користам Менхетен! Ги имам црна, бела, кремаста и кафејава, си ги мешам и си добивам нијанси кои ми одговарат!
имам ваква од Ревлон и многу ми се допаѓа, користам и од орифлејм задоволна сум,а во последно време од една продавница во чаршија на големо е,ама може и кој сака да си купи и по едно парче , купувам козметика како руж во топчиња,пудра во прав и сенки за смешни цени,а мн се изненадив од квалитетот.
Овие сенки од авон ги коритам и најубави се,многу долготрајни,полумрсни се и нежни се не се нападни баш какви што сакам,ги купив околу 250 ден на попуст
Avon Aura star dust Golden Rose professional Seventeen silky shadow 284 и 286 тхе бест сенките кои ги имам во куфер и од кои сум задоволна, но најмногу од Севентин и Аура, изненадена сум од нивниот квалитет и пристојни цени.
Од сите сенки за очи кои ги имам пробано ( не се баш многу хаха) Најзадоволна сум од сенките на Seventeen, преубави се!!!! Ги имам само овие нијанси и едвај чекам да си купам нови Поубава кафена боја од последната немам видено!!!! 238 Rosy Peach 251 Star Shine 284 Hot Cocoa Исто така прилично сум задоволна од Avon Precision Glimmer и тие се единствените Авон сенки кои ми се допаѓаат. Во однос на нивните палети, имам една од нивните 8 во 1 палети и воопшто не сум заоволна ( за џабе фрлени парите) И една од овие палети, повторно многу разочарана Не знам дали е само до мене, но дефинитивно очекував повеќе И имам еденкуп сенки кои нема воопшто да ги спомнувам, затоа што не заслужиле хехехе