Знам колку ти е стресно, ама да знаеш дека навистина се' ќе биде во ред. Од она што го гледав во мноооогуте часови поминати во чекална во Плодност и слушање за најразлични проблеми, тој е еден од најдобрите и најбараните доктори. Ти ја пуштам цела среќа на свет!
Здраво. Мојата бременост се заврши во 24 г.н Сега за следната бременост ми предлагаат фа ставам абдоминален серклаж. Имате ли искуство со таков?
Здраво, еве јас сум со абдоминален серклаж. Успешно истерана бременост до крај и плус си стои за наредна ако планирам. Со скратено грло сум од конизација и кога правев лапароскопија за друго ме советуваа да го ставам, и не згрешив фала му на докторот што ме убеди. Ова уште пред да правам инвитро го ставив Ако си во можност не се мисли ич.
Здраво на сите! Од утре влегувам во 7ма недела, близначка бременост. Претходно сум со конизација и на преглед вчера ми измерија грло 2.1см. Исчитав половина тема, сфатив дека најпаметна опција е серклаж, подобро да се стави отколку да чекаме ако има потреба, па да биде касно. Читам абдоминален серклаж го кажувате како подобра опција од вагинален, прашањето ми е дали во секој случај се преферира абдоминален или...? До која недела се прави најкасно? Јас сакам и по препорака од доктор да правам генетски пренатален тест, а тој се прави најрано 10та недела. Со резултати чекање ќе стигнам до 12та. Прочитав, но не сфатив баш, зошто првично се прави тестот, па серклажот? Демек ако има проблем со еден од плодовите и одлуката е да се чисти, ќе биде проблем серклажот? Извинете на премногу прашања, многу сум збунета и исплашена. Воедно препорачајте доктор за серклаж на приватно.
Здраво, пишав и погоре јас сум со абдоминален, е сега мислам дека тој не се става во бременост зошто е лапароскопски или евентуално на почеток како што си ти, али незнам да ти кажам искуство за ставање во бременост и кој доктор го прави тоа, всушност абдоминален серклаж јас кога правев само 2-3 доктори го правеа, мене Димитров во ремедика сега е систина ми го ставаше, плодност знам дека стават исто. Ти го препорачувам Димитров стручњак е за хирушки интервенции од тој тип. Закажи си консултација па ќе видете. Баш ради конизацијата тој ме советуваше да ставам за да бидам по раат
По некоја логика да, би морале да го отстранат серклажот при евентуално чистење, па повторно да го ставаат. Ќе издржиш до 12та, само сигурно ти препорачале на такво скратување да лежиш повеќе. Во Плодност знам дека ставаат абдоминален и во тек на бременост, ако има потреба баш за таков серклаж. Не се преферира секогаш, ама тоа е на докторот да советува.
Девојки со серклаж што имате искуство, од која недела ви дозволија да се раздвижувате? Јас сум во среда на контрола, 31 недела сум, па се надевам на чудо да ми дозволат барем малку да излезам од дома. Веќе 2 месеци лежам и само низ дома се движам... Малку психата попушта
И јас сум исто како тебе 31 недела лежам скоро 2 месеца. Мене докторот ми рече дека можам да се движам низ дома умерено а за надвор да почекам барем до 34 недела
Низ дома само до тоалет, до кујна набрзина да си направам сок, кафе и да земам јадење кога сум сама дома. Ама веќе психата попушта
@kikiritkaTa @alex12 Докторите ви препорачаа цело време да лежите? И јас скоро направив серклаж, но не ми препорачаа лежење туку повеќе вардење, да не кревам тешко и слично. Јас мислев баш последните недели т.е. 8миот месец повеќе да лежам бидејќи повеќе ќе тежи, но ми е страв и за сега да не си направам беља.
Па да мила, препорачаа мирување. На првата контрола ми рекоа дека може 1 час во денот да испаднам надвор, но од страв не го правам тоа. Јадам во креветот веќе 2 месеци. Преголем страв имам во себе
Јас првата бременост 2 месеци ги поминав во кревет, но без серклаж. Сега за посигурно поради претходната историја направив серклаж. Но, се надевав барем на ограничено движење да не сум скроз врзана за кревет, но страв имам и јас огромен.
Тоа значи дека ако на претходната бременост си имала таков проблем, многу веројатно е и на следната да имаш?
Не мора да значи, но за жал се случува. Мојот матичен ме тешеше дека секоја бременост си е приказна за себе, но ете кај мене цервиксот беше 3цм уште во 16та недела. Ме прати кај специјалист кој ми објасни дека превентивен серклаж најчесто се прави врз основа на претходни бремености со загуба или предвремено родени. Гугл го нарекува инкомпетитивен цервикс, т.е. цервиксот ми е едноставно таков што не може да ја издржи тежината на бременоста.
Да, ама не е строго правило. Ако имало таков проблем обавезно се следи цервикс на секој преглед во наредна бременост. Мене првата ми беше со фанелинг и серклаж, а во втората бременост грлото се држи одлично засега... веќе сум 30та недела. Ама мора постојано да се следи.
Чисто информативно само. Не дека ќе се нафатам на уште едно.... во првата бременост имав гестациски дијабетес контролиран со диета само, со втората скратено грло од 25 недела плус дијабетес и боцкање инсулин. Затоа ме интересираше дали и на наредна бременост може да се крати цервикс.
Мене искрено многу ми беше страв за втора бременост. Кога веќе се случи, дај боже да ја истуркам, веќе нема шанси овие стресови уште еднаш.