Серклаж

Дискусија во 'Бременост' започната од Bela-30, 30 септември 2014.

  1. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.464
    Матичниот ме упати кај Владимир Поповски. Само да испадне се добро :sweat:
     
    На Antebellum и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.129
    Пол:
    Женски
    Знам колку ти е стресно, ама да знаеш дека навистина се' ќе биде во ред.
    Од она што го гледав во мноооогуте часови поминати во чекална во Плодност и слушање за најразлични проблеми, тој е еден од најдобрите и најбараните доктори.
    Ти ја пуштам цела среќа на свет!
     
    На Isabel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.464
    Фала ти :inlove::inlove::inlove:
     
  4. _adi_5

    _adi_5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Здраво. Мојата бременост се заврши во 24 г.н
    Сега за следната бременост ми предлагаат фа ставам абдоминален серклаж. Имате ли искуство со таков?
     
  5. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    2.622
    Пол:
    Женски
    Здраво, еве јас сум со абдоминален серклаж.
    Успешно истерана бременост до крај и плус си стои за наредна ако планирам. Со скратено грло сум од конизација и кога правев лапароскопија за друго ме советуваа да го ставам, и не згрешив фала му на докторот што ме убеди. Ова уште пред да правам инвитро го ставив
    Ако си во можност не се мисли ич.
     
    На AlchinovaR1979, _adi_5 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите! Од утре влегувам во 7ма недела, близначка бременост. Претходно сум со конизација и на преглед вчера ми измерија грло 2.1см.
    Исчитав половина тема, сфатив дека најпаметна опција е серклаж, подобро да се стави отколку да чекаме ако има потреба, па да биде касно.
    Читам абдоминален серклаж го кажувате како подобра опција од вагинален, прашањето ми е дали во секој случај се преферира абдоминален или...? До која недела се прави најкасно?
    Јас сакам и по препорака од доктор да правам генетски пренатален тест, а тој се прави најрано 10та недела. Со резултати чекање ќе стигнам до 12та. Прочитав, но не сфатив баш, зошто првично се прави тестот, па серклажот? Демек ако има проблем со еден од плодовите и одлуката е да се чисти, ќе биде проблем серклажот?
    Извинете на премногу прашања, многу сум збунета и исплашена.
    Воедно препорачајте доктор за серклаж на приватно.
     
  7. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    2.622
    Пол:
    Женски
    Здраво, пишав и погоре јас сум со абдоминален, е сега мислам дека тој не се става во бременост зошто е лапароскопски или евентуално на почеток како што си ти, али незнам да ти кажам искуство за ставање во бременост и кој доктор го прави тоа, всушност абдоминален серклаж јас кога правев само 2-3 доктори го правеа, мене Димитров во ремедика сега е систина ми го ставаше, плодност знам дека стават исто. Ти го препорачувам Димитров стручњак е за хирушки интервенции од тој тип. Закажи си консултација па ќе видете.
    Баш ради конизацијата тој ме советуваше да ставам за да бидам по раат
     
    На Joanna28 и _adi_5 им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.129
    Пол:
    Женски
    По некоја логика да, би морале да го отстранат серклажот при евентуално чистење, па повторно да го ставаат. Ќе издржиш до 12та, само сигурно ти препорачале на такво скратување да лежиш повеќе.
    Во Плодност знам дека ставаат абдоминален и во тек на бременост, ако има потреба баш за таков серклаж. Не се преферира секогаш, ама тоа е на докторот да советува.
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Девојки со серклаж што имате искуство, од која недела ви дозволија да се раздвижувате?
    Јас сум во среда на контрола, 31 недела сум, па се надевам на чудо да ми дозволат барем малку да излезам од дома.
    Веќе 2 месеци лежам и само низ дома се движам... Малку психата попушта :)
     
  10. alex12

    alex12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2021
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    И јас сум исто како тебе 31 недела лежам скоро 2 месеца. Мене докторот ми рече дека можам да се движам низ дома умерено а за надвор да почекам барем до 34 недела
     
  11. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Низ дома само до тоалет, до кујна набрзина да си направам сок, кафе и да земам јадење кога сум сама дома. Ама веќе психата попушта :)
     
  12. alex12

    alex12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2021
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Знам, иста сум, ама ке издржеме уште малку:)
     
    На kikiritkaTa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.464
    @kikiritkaTa @alex12
    Докторите ви препорачаа цело време да лежите? И јас скоро направив серклаж, но не ми препорачаа лежење туку повеќе вардење, да не кревам тешко и слично. Јас мислев баш последните недели т.е. 8миот месец повеќе да лежам бидејќи повеќе ќе тежи, но ми е страв и за сега да не си направам беља.
     
  14. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Па да мила, препорачаа мирување. На првата контрола ми рекоа дека може 1 час во денот да испаднам надвор, но од страв не го правам тоа. Јадам во креветот веќе 2 месеци.
    Преголем страв имам во себе :)
     
    На Isabel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.464
    Јас првата бременост 2 месеци ги поминав во кревет, но без серклаж. Сега за посигурно поради претходната историја направив серклаж. Но, се надевав барем на ограничено движење да не сум скроз врзана за кревет, но страв имам и јас огромен.
     
  16. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.277
    Допаѓања:
    47.106
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека ако на претходната бременост си имала таков проблем, многу веројатно е и на следната да имаш?
     
  17. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.464
    Не мора да значи, но за жал се случува. Мојот матичен ме тешеше дека секоја бременост си е приказна за себе, но ете кај мене цервиксот беше 3цм уште во 16та недела. Ме прати кај специјалист кој ми објасни дека превентивен серклаж најчесто се прави врз основа на претходни бремености со загуба или предвремено родени.
    Гугл го нарекува инкомпетитивен цервикс, т.е. цервиксот ми е едноставно таков што не може да ја издржи тежината на бременоста.
     
    На Kasiopaja221 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.129
    Пол:
    Женски
    Да, ама не е строго правило. Ако имало таков проблем обавезно се следи цервикс на секој преглед во наредна бременост.
    Мене првата ми беше со фанелинг и серклаж, а во втората бременост грлото се држи одлично засега... веќе сум 30та недела. Ама мора постојано да се следи.
     
    На Kasiopaja221 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.277
    Допаѓања:
    47.106
    Пол:
    Женски
    Чисто информативно само. Не дека ќе се нафатам на уште едно.... во првата бременост имав гестациски дијабетес контролиран со диета само, со втората скратено грло од 25 недела плус дијабетес и боцкање инсулин. Затоа ме интересираше дали и на наредна бременост може да се крати цервикс.
     
    На Isabel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.464
    Мене искрено многу ми беше страв за втора бременост. Кога веќе се случи, дај боже да ја истуркам, веќе нема шанси овие стресови уште еднаш.
     
    На Kasiopaja221 му/ѝ се допаѓа ова.