Серклаж

Дискусија во 'Бременост' започната од Bela-30, 30 септември 2014.

  1. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    2.479
    Не знам колку е издржано ова со карлицата, мене во првата бременост ми се скрати нагло во 26та недела, касно беше за серклаж, а во втората бременост (со направен превентивен серклаж во 20та недела) почна да се крати во 31ва недела. Затоа според мене мора да се биде претпазлив независно од неделите.

    Стравот и неизвесноста ги имам поминато 2 пати, сум лежела еднаш 8 недели без серклаж и еднаш 7 недели со серклаж. Па затоа би рекла независно дали без или со серклаж, мирувањето многу значи, бидејќи нема притисок на грлото.
     
  2. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    1.212
    Пол:
    Женски
    Јас со првото не успеав ни со лежење, но имав бактерија, без серклаж издржавме до 22ра :( Оваа тема ми е особено простудирана, барајќи одговори. Тој е периодот кој статистички е најкритичен за цервикална инсуфициенција. Секако може да се јави и порано и подоцна.

    Да појаснам и јас затоа што очигледно не се изразив добро, при состојба на скратување/омекнување на цервикс, претходна историја на предвремено породување или индикации за истото, клучно е мирување без разлика дали со серклаж или без и без разлика на која недела.
    Прогестеронска терапија исто е многу битна и антибиотска доколку причинител е бактериска инфекција вагинално/цервикално или детектиран слаџ. Барајте жени втори, трети мислења, ако сте во ваква ситуација...
     
    На Isabel и Cloverrrr им се допаѓа ова.
  3. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    3.489
    Пол:
    Женски
    Дали после тоа остана пак трудна, и во која недела се породи?
    Негде прочитав коментар од тебе ама не се сеќавам точно.
     
  4. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    2.479
    Многу ми е жал што завршило така, да можеше никој да не доживува стресна бременост и губиток на бебе.
    Во мојот случај фала му на Господ двете бремености завршија добро, иако првото сепак ми е предвремено родено.
    Инаку и јас читав и медицински факти, и туѓи примери, што наши на форуми, што по странски форуми, но сепак на крајот на денот секој е приказна за себе. Имаше некои кои првата бременост имале проблем, втората најнормално ја поминале, но за жал кај мене не беше така.
    Затоа и јас сакам да ги советувам сите да се чуваат и да примаат терапија, ако треба да побараат и второ мислење.
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    3.489
    Пол:
    Женски
    Исто и кај мене не беше така.
    Секое кратење и омекнување на грло на матка 90% е ризик и за следна бременост.
    Кај мене 12 години е разликата од едно до друго породување.
    Првото во 24 недела отидов во хитна со 8 прсти отворена, сега со оваа бременост благодарение на брзата интервенција од докторите успеавме да ја спасиме и се породив во 29 недела со серклаж .
     
  6. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    2.479
    Кај мене се разлика 3.5 години. Првата бременост имав супер грло, во мајчината книшка пишуваше 5цм, за да ете се спушти нагло 26та недела до 1цм и немав ни опција за серклаж, само лежење до 34+4. А во втората бременост беше пократко од самиот старт на бременоста околу 3-3.5цм, 20та недела серклаж, грлото остана 3цм до 31 недела и тогаш исто се скрати на 1.5цм, но со лежење издржав до 37+4.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    1.212
    Пол:
    Женски
    Да Бокаче, моментално сум трудна, со серклаж, засега е се ок, во трет триместар сум. Максимално се штедам и не оставам ништо на случајност, будно следам се'. Со Господ напред во исчекување сум да си го дочекам живо и здраво виножитцето :sun:
     
    На Fenix05, bokace1, lilyen и 4 други им се допаѓа ова.