Не без серклаж издржав до 31+5 дена, од 28ма бев во болница на Пин на Гак. Па ми е во мисла, ама и тоа е операција незнам дали лапроскопски ја прават, мн тешко пројдов со царскиот.
Лапароскопски е, јас кога бев на интервенција за вагинален или цервикален серклаж, девојчето до мене планираше бременост па заради историја со грлото на матката си стави абдоменален. Тој мислам дека го вадат и на самиот пораѓај кога го вадат и бебето, некои го оставаат и за наредна бременост такада претпоставувам дека е нешто што повеќе држи и помага. Е сега делот со лежењето веќе го имаш искусено, предизвик е, ама доколку се друго тече како што треба наградата на крајот е најубавото нешто
Да само читав дека може да влијае во процесот на забременување природно. И јас не сум више баш во години, еве 32ипол, за година ипол ќе сум 34 додека чекам да помине некој период од царскиот. Морам да се распрашам ако се решам да останам бремена, за да не поминувам низ истата голгота.
Јас сум 38 Мада подобро е на помлада возраст. Да ми беше овој памет претходно.. Второто ќе го родев многу порано (првото на 31на го добив, а за второ поминав 2 годишна голгота)
Еве кај мене повторно сум со скратено грло од старт( втора бременост). Си лежам цело време 16 недела ми беше околу 28мл. Сега сум 21ва недела и не знам како е ситуација неделава сум на контрола па ќе видиме... многу тешко го поминувам периодов мислам цело време ...