Не без серклаж издржав до 31+5 дена, од 28ма бев во болница на Пин на Гак. Па ми е во мисла, ама и тоа е операција незнам дали лапроскопски ја прават, мн тешко пројдов со царскиот.
Лапароскопски е, јас кога бев на интервенција за вагинален или цервикален серклаж, девојчето до мене планираше бременост па заради историја со грлото на матката си стави абдоменален. Тој мислам дека го вадат и на самиот пораѓај кога го вадат и бебето, некои го оставаат и за наредна бременост такада претпоставувам дека е нешто што повеќе држи и помага. Е сега делот со лежењето веќе го имаш искусено, предизвик е, ама доколку се друго тече како што треба наградата на крајот е најубавото нешто
Да само читав дека може да влијае во процесот на забременување природно. И јас не сум више баш во години, еве 32ипол, за година ипол ќе сум 34 додека чекам да помине некој период од царскиот. Морам да се распрашам ако се решам да останам бремена, за да не поминувам низ истата голгота.
Јас сум 38 Мада подобро е на помлада возраст. Да ми беше овој памет претходно.. Второто ќе го родев многу порано (првото на 31на го добив, а за второ поминав 2 годишна голгота)
Еве кај мене повторно сум со скратено грло од старт( втора бременост). Си лежам цело време 16 недела ми беше околу 28мл. Сега сум 21ва недела и не знам како е ситуација неделава сум на контрола па ќе видиме... многу тешко го поминувам периодов мислам цело време ...
И јас се плашев многу, но сакав да има братче или сестриче и се решив за второ. Со првото и јас лежев без серклаж, а серклажот во втората бременост ми даде некоја сигурност, барем психички бев малку помирна.
Вулвоваги спреј против инфекции и орален пробиотик за вагинална микрофлора (Proven, biofeminn, women probiotic на Now).
Дечки update од мене, 25 недела +6 дена, грлото се, скратило на 1,5. Ми забранија бањање и туш, а телото нагоре цело при лежење (како обесено месо за сушење се осеќам во некој подрум во Словенија само уште да бев у Словенија). Се молам да стигнам бар до 28ма
Крвната слика е добра, немам леукоцити. За димери те превентивно клексан примам и аспирин (ова од прв ден). И брисеви ми се чисти. Немам контракции, имав слаба болка два дена ама ништо болно, далеку од контракции.
Јас имав лажни некои цело време, осеќав како се стврднува доле стомакот. Како балон и како потреба за мокрење кога имаме, не болка. Само кога лежев на грб го осеќав многу. Мали беа на цтг негде до 50-60-70 идеа. и беа на 20-30 минути. А што одлучија дека е причина? од што се крати кај тебе грлото?
Искрено не ми кажаа ништо од што може да е. Само ми рекоа дека е скратено и ми дадоа насока да лежам со перници и да не влагам под туш. Можеби и јас се исплашив и од збунетост не прашав, но што е тоа е, како ќе кажат така ќе правам.
Не примив. Го прашав докторот, ми кажа ќе ги одложи колку може повеќе. Не знам колку долго може да држи серклаж плус 1,5 цервикс, ама немам избор, само накосено лежење (скроз е незгодно со перници под мене што не знам дали повеќе штета ми праат што ме притискаат или корист што ме подигаат).
Рано е мн, ептен ако се отвориш недај боже па ќе дадат зреење. Иначе пред 28ма не практикуваат. Мирувај не се нервирај, мисли позитивно, секој ден поминат е плус. Подпрашај што мислат зошто се крати грлото, може треба антибиотик ако има слаѓ. Не се крати без причина грло кај првородка (од искуство еве што прашував за мене а бев на мн мислења, кај мене имаше некој слаѓ скриен) . Освен ако немало претходно абортуси, конизација, итн.
Ова ми е второ, едно родено во 41ва и пред две години имав еден спонтан (заврши со киретажа) и после тоа уште две хистероскопии. Конизации немам, ама самата матка е чепкана три пати во последниве 24 месеци.
Здраво јас сум 23недела на преглед цервиксот беше 2.2 ми рекоа строго мирување, перница под газ. Една меѓу нозе. Одвреме навреме при долго лежење кога ќе станам ми протекува воден исцедок како подмочана. Денес ќе го прашам докторот. Некој дали ви се има случено што може да е.
Јас имав додека користев вагинално утрогестан. Од кога почнав да го пијам се намали. Зголемен исцедок е нормално се додека не почне да пече, чеша и мириса.