Скрининг

Дискусија во 'Бременост' започната од Nina. 1992, 11 јануари 2017.

  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.728
    Допаѓања:
    17.691
    Димчев можеби е најдобар, но тоа што го прочитав за неговиот однос со пациентите ме предомисли.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    14.349
    Пол:
    Женски
    Јас само тука прочитав лош однос од сите други само пофални зборови, не ми треба не знам каков однос туку да ми каже дали е добро бебето или не и чао пријатно он ако ти каже дека е добро значи стварно е добро и обратно, и сестра ми беше кај него баш добар однос имал .. тоа што е он искрен и не ги обиколува работите треба рака да му се даде.
     
    На Алек***, TarantulaA, Razvigorec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.728
    Допаѓања:
    17.691
    Не барам ни јас не знам каков однос, да ме пичитува како пациент и да не ме навреди секако.
    Јас сум прилично емотивна и многу лошо ми влијаат тешки зборови, општо. Не сакам дополнителни стресови сега во бременост:f:
    Верувам дека Петрова во Ремедика е стручна на негово ниво.
     
    На zverkica и Сара Лав им се допаѓа ова.
  4. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    14.349
    Пол:
    Женски
    Не би кажала според споредувањата на дипломите ама секако секој со свој избор. Оној ден бев на депилација и девојката што ме депилира е бремена и била на скрининг на ГАК во Скопје каде ја извадиле од памет не знам кој толлку стручен доктор ставен на таква позиција за скрининзи и кажал дека на бебето бубрезите не и се добри за да она доживее не знам каков стрес и да отиде на приватно за да се докаже дека бебето е супер .. Оваа го пишав за мајките што планираат да одат на ГАК прво да размислат дали сакаат стрес да доживуваат .. или да се на чисто за 5000 ден.
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.728
    Допаѓања:
    17.691
    Има стручни доктори и на ГАК како што е Тофоски, а има и нестручни и на приватно.
    5000 денари не ти гарантираат дека нема да доживееш стрес и дека 100% точно ќе ти кажат.
    Нема врска, јас сметам дека и Петрова е стручна, само позитивни мислења сум слушнала за нејзе. Секој си има право на избор кај кој доктор ќе оди, јас кажав зошто не би сакала кај Димчев.
     
    На TarantulaA, Anaroz1, marijamarkoska и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Sunshine*baby

    Sunshine*baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно Петрова, јас бев кај неа минатата недела, не објаснува многу ако не поставуваш прашања, но затоа пак извештајот што го напиша, пишува се до детал во него. Е сега кај мене бидејки откри проблем на срценцето (сосема мал дефект на ВСД) мораше да ми соопшти, ама толку убаво ми објасни дека тоа е шум на срце и ме смири со факти кои ми ги образложи, што јас не ни помислив да барам второ мислење. Решив потполно да и верувам.
     
    На MilaSs12, Anaksunamoon, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    2.574
    Пол:
    Женски
    Нема да тагирам никого, ќе кажам само мое искуство. Околу мене Димчев им има одма кажано на тие со некаков проблем, до тетива на нога. Читав овде дека не е зборлив. Јас кај него поминав супер, беше расположен, се ми објасни, ми покажа, сосема сум задоволна. Но дека извештајот е скуден, да. Сите сме различни, секој каде смета и сака ќе отиде. Битно е да се види се, ако има нешто да се забележи. Гак не знам дали Тофоски прави скрининзи, тој е одличен. Јас лично од ГАК од скрининзи не сум задоволна.
     
    На Razvigorec, juice_, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    99.176
    Што не би кажала девојче? Кои дипломи, кои споредувања?
    Ти ли дојде ред да одлучуваш за стручноста на Петрова или било кој друг лекар?
     
  9. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    990
    Го препорачувам д-р Димчев, Систина. Јас имам супер искуство.
     
    На SnezanaPet и Razvigorec им се допаѓа ова.
  10. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.968
    Пол:
    Женски
    Јас бев на ГАК кај др Ана, пројдов супер.
     
  11. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    14.349
    Пол:
    Женски
    Не одлучувам јас за никоја стручност освен за онаа што имам слушнато лошо можам да си одлучам сама за себе и за било кој друг доктор можам да одлучувам кога ги давам моите пари! Отвори и прочитај п тогаш ми реплицирај на таков груб начин.
     
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    99.176
    Па како да сакаш да одлучуваш, препрочитај си го коментарот.
    За себе ќе си одлучиш да, ама другите не можеш да ги убедуваш кој е стручен, а кој не е.

    Какви дипломи и какви споредби спомнуваш???
     
  13. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    14.349
    Пол:
    Женски
    Па не убедувам никој ниту пак сакам да.
    “Не би кажала според споредувањата на дипломите ама секако секој со свој избор” - Каде читаш убедување во реченицава цитирај ми ја плис !?
    Дипломи кои што ги прикажале за докторите ако не си прочитала не сум ти крива јас и нема потреба со такво понашање да си ме обраќаш има и друг начин на пишување. Толку од моето реплицирање. Поздрав!
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.084
    Допаѓања:
    328.617
    Пол:
    Женски
    Систина плати дебела парична оштета поради ‘стручноста’ на Димчев …Па сеа вие си знаете.
     
    На simoncelicius, Anaksunamoon и pamelche им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    99.176
    На колку дипломите им се само лист хартија, ама ти си знаеш ;)
     
  16. Secret.women

    Secret.women Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2020
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    1.532
    Пол:
    Женски
    Каква гаранција дава систина или било која приватна клиника дека со 5000ден е се во ред?
    Од лично искуство, прв скрининг бев во систина кај Гордана Петрова по препорака на моја блиска пријателка и читајќи од тука дека е стручна. Прво за во приватна болница со закажан термин се изначекав 1h за што да беше во државна ке ја избрукавме сите државна како немаат ред и не важат термините. Влегов КАЈ докторката ме виде ( целиот преглед од влез кај неа до излез не траеше повеќе од 5 минути) ме виде ми кажа се е во ред, почна да ми кажува стручни термин и мерки што јас воопшто не разбрав и не сум должна да разбирам од таа област туку треба да ми објасни. Задоволна бев што од доктор слушнав се е во ред. Тоа ми се најбрзо потрошени 5000 ден што за мене не вредеше. Наспроти, исто од лично искуство, матичната ме прати на ГАК за скрининг и приска. Влегов во минута точно на закажан термин. Се погоди д-р Ана, за мене престручна, прв пат слушнав за неа и прв пат ја видов. Ме гледаше можеби пола час. Се ми објасни детално, што гледа, што мери, зошто е битно. Само пофални зборови имам за докторката.
    Од овие мои 2 искуства за 2 скрининг не помислувам да одам на приватно.
     
    На Damjana5, S.o.F.i, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Барем платила и тоа е во ред. Оди на ГАК пробај тужи ги да видиме што ќе добиеш :) шипки само. Не за џабе само на државно влагаат наоружани.
     
  18. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Не ја уништувајте темата со непотребни споредби. Секако секој ќе си одлучи сам каде ќе оди. Двајцата се врвни доктори а ние лаици е смешно да правиме споредби на дипломи и стручност. Наше е да споделиме искуство, за следниот што не чита сам си извлече заклучок. Жив човек кој и да е може да погреши и сигурно грешки се случувале кај сите доктори во нивната кариера. Јас пролистав коментари и се одлучив за Петрова, Ремедика и лично сум задоволна.
    Со нетрпение го чекав прегледот, толку убав момент е. Одлучете си таму каде мислите дека ќе се осеќате убаво и удобно:)
     
    На elimkd, Damjana5, S.o.F.i и 5 други им се допаѓа ова.
  19. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    990
    Извини што реплирам, меѓутоа мислам дека не можеме да навлегуваме во стручност на доктор за кој знаеме дека е меѓу најдобрите…дали ако некоја болница не платила оштета, таму докторите се врв? јас пак имав лошо искуство со Котларова од Ремедика која не ја виде аномалијата, за која тројца доктори ми кажаа дека ја има, но тоа не значи дека не е стручна. Моја најдобра другарка пак има лошо искуство со Петрова од Ремедика… Доколку навлегуваме во стручност испаѓа дека никој не е стручен… А факт е дека секој има пропуст…И да, не сметам дека само на приватно се добри. Имам добро искуство и со Ливринова, ама до неа стигнав со седење и молење да ме прими зашто немаше време, а жената е врв… уште еднаш извини што реплицирам на твој пост, ама најсоодветен ми се виде…
     
    Последна измена: 19 октомври 2021
  20. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    1.843
    Пол:
    Женски
    За ова и јас имам слушнато, некаде пред 5 години, бев првпат бремена и кога ја слушнав случката од блиска особа-никогаш не ми паѓаше на памет да одам кај него. Таква фатална грешка да направи.. Од тогаш мислам дека решив за сѐ да барам 2 па и 3 мислења
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.