Јас само тука прочитав лош однос од сите други само пофални зборови, не ми треба не знам каков однос туку да ми каже дали е добро бебето или не и чао пријатно он ако ти каже дека е добро значи стварно е добро и обратно, и сестра ми беше кај него баш добар однос имал .. тоа што е он искрен и не ги обиколува работите треба рака да му се даде.
Не барам ни јас не знам каков однос, да ме пичитува како пациент и да не ме навреди секако. Јас сум прилично емотивна и многу лошо ми влијаат тешки зборови, општо. Не сакам дополнителни стресови сега во бременост Верувам дека Петрова во Ремедика е стручна на негово ниво.
Не би кажала според споредувањата на дипломите ама секако секој со свој избор. Оној ден бев на депилација и девојката што ме депилира е бремена и била на скрининг на ГАК во Скопје каде ја извадиле од памет не знам кој толлку стручен доктор ставен на таква позиција за скрининзи и кажал дека на бебето бубрезите не и се добри за да она доживее не знам каков стрес и да отиде на приватно за да се докаже дека бебето е супер .. Оваа го пишав за мајките што планираат да одат на ГАК прво да размислат дали сакаат стрес да доживуваат .. или да се на чисто за 5000 ден.
Има стручни доктори и на ГАК како што е Тофоски, а има и нестручни и на приватно. 5000 денари не ти гарантираат дека нема да доживееш стрес и дека 100% точно ќе ти кажат. Нема врска, јас сметам дека и Петрова е стручна, само позитивни мислења сум слушнала за нејзе. Секој си има право на избор кај кој доктор ќе оди, јас кажав зошто не би сакала кај Димчев.
Дефинитивно Петрова, јас бев кај неа минатата недела, не објаснува многу ако не поставуваш прашања, но затоа пак извештајот што го напиша, пишува се до детал во него. Е сега кај мене бидејки откри проблем на срценцето (сосема мал дефект на ВСД) мораше да ми соопшти, ама толку убаво ми објасни дека тоа е шум на срце и ме смири со факти кои ми ги образложи, што јас не ни помислив да барам второ мислење. Решив потполно да и верувам.
Нема да тагирам никого, ќе кажам само мое искуство. Околу мене Димчев им има одма кажано на тие со некаков проблем, до тетива на нога. Читав овде дека не е зборлив. Јас кај него поминав супер, беше расположен, се ми објасни, ми покажа, сосема сум задоволна. Но дека извештајот е скуден, да. Сите сме различни, секој каде смета и сака ќе отиде. Битно е да се види се, ако има нешто да се забележи. Гак не знам дали Тофоски прави скрининзи, тој е одличен. Јас лично од ГАК од скрининзи не сум задоволна.
Што не би кажала девојче? Кои дипломи, кои споредувања? Ти ли дојде ред да одлучуваш за стручноста на Петрова или било кој друг лекар?
Не одлучувам јас за никоја стручност освен за онаа што имам слушнато лошо можам да си одлучам сама за себе и за било кој друг доктор можам да одлучувам кога ги давам моите пари! Отвори и прочитај п тогаш ми реплицирај на таков груб начин.
Па како да сакаш да одлучуваш, препрочитај си го коментарот. За себе ќе си одлучиш да, ама другите не можеш да ги убедуваш кој е стручен, а кој не е. Какви дипломи и какви споредби спомнуваш???
Па не убедувам никој ниту пак сакам да. “Не би кажала според споредувањата на дипломите ама секако секој со свој избор” - Каде читаш убедување во реченицава цитирај ми ја плис !? Дипломи кои што ги прикажале за докторите ако не си прочитала не сум ти крива јас и нема потреба со такво понашање да си ме обраќаш има и друг начин на пишување. Толку од моето реплицирање. Поздрав!
Каква гаранција дава систина или било која приватна клиника дека со 5000ден е се во ред? Од лично искуство, прв скрининг бев во систина кај Гордана Петрова по препорака на моја блиска пријателка и читајќи од тука дека е стручна. Прво за во приватна болница со закажан термин се изначекав 1h за што да беше во државна ке ја избрукавме сите државна како немаат ред и не важат термините. Влегов КАЈ докторката ме виде ( целиот преглед од влез кај неа до излез не траеше повеќе од 5 минути) ме виде ми кажа се е во ред, почна да ми кажува стручни термин и мерки што јас воопшто не разбрав и не сум должна да разбирам од таа област туку треба да ми објасни. Задоволна бев што од доктор слушнав се е во ред. Тоа ми се најбрзо потрошени 5000 ден што за мене не вредеше. Наспроти, исто од лично искуство, матичната ме прати на ГАК за скрининг и приска. Влегов во минута точно на закажан термин. Се погоди д-р Ана, за мене престручна, прв пат слушнав за неа и прв пат ја видов. Ме гледаше можеби пола час. Се ми објасни детално, што гледа, што мери, зошто е битно. Само пофални зборови имам за докторката. Од овие мои 2 искуства за 2 скрининг не помислувам да одам на приватно.
Барем платила и тоа е во ред. Оди на ГАК пробај тужи ги да видиме што ќе добиеш шипки само. Не за џабе само на државно влагаат наоружани.
Не ја уништувајте темата со непотребни споредби. Секако секој ќе си одлучи сам каде ќе оди. Двајцата се врвни доктори а ние лаици е смешно да правиме споредби на дипломи и стручност. Наше е да споделиме искуство, за следниот што не чита сам си извлече заклучок. Жив човек кој и да е може да погреши и сигурно грешки се случувале кај сите доктори во нивната кариера. Јас пролистав коментари и се одлучив за Петрова, Ремедика и лично сум задоволна. Со нетрпение го чекав прегледот, толку убав момент е. Одлучете си таму каде мислите дека ќе се осеќате убаво и удобно
Извини што реплирам, меѓутоа мислам дека не можеме да навлегуваме во стручност на доктор за кој знаеме дека е меѓу најдобрите…дали ако некоја болница не платила оштета, таму докторите се врв? јас пак имав лошо искуство со Котларова од Ремедика која не ја виде аномалијата, за која тројца доктори ми кажаа дека ја има, но тоа не значи дека не е стручна. Моја најдобра другарка пак има лошо искуство со Петрова од Ремедика… Доколку навлегуваме во стручност испаѓа дека никој не е стручен… А факт е дека секој има пропуст…И да, не сметам дека само на приватно се добри. Имам добро искуство и со Ливринова, ама до неа стигнав со седење и молење да ме прими зашто немаше време, а жената е врв… уште еднаш извини што реплицирам на твој пост, ама најсоодветен ми се виде…
За ова и јас имам слушнато, некаде пред 5 години, бев првпат бремена и кога ја слушнав случката од блиска особа-никогаш не ми паѓаше на памет да одам кај него. Таква фатална грешка да направи.. Од тогаш мислам дека решив за сѐ да барам 2 па и 3 мислења