Не знам која е таму, ама од таа во Козле сум задоволен. Нутела Малина им е најубава. Ама јас би ти препорачал да земеш во Делиција. Најдобри торти имаат во Ск. А исто добри се и во Мариели. Тие се битолска фирма.
Ја пробавме чоколадната од Мариели, пре топ торта, немаше толку шеќер како по други слаткарници што претеруваат, искрено баш се изненадив, имаш некој друг вкус да ми препорачаш?
За од Мариели само чоколадната ми е пробана. Тогаш кога купував продавачката по телефон ми ја препорача и отидов да земам. Топ е чоколадната и не е многу тешка за јадење како нутела малина од Канела. А од Делиција фејв ми е шварцвалд, а исто така добри се и ѕвездената и сахара. Ако одиш таму, купи еклери да видиш што е добар еклер. Сега ново им е еклер со крем од ф'стак. А и скоро се друго им е добро.
Мм јас обожавам ваква комбинација, ќе мора да пробам за ваков предлог добредојдена си да се вмешаш Одамна јас ги обожавам еклерите од Делиција, имам пишувано тука на форум а од овие со фстак немам пробано, ама затоа тортата со фстак ја пробав и одлична е, нов фаворит си имам, таа Симфонија