Не знам која е таму, ама од таа во Козле сум задоволен. Нутела Малина им е најубава. Ама јас би ти препорачал да земеш во Делиција. Најдобри торти имаат во Ск. А исто добри се и во Мариели. Тие се битолска фирма.
Ја пробавме чоколадната од Мариели, пре топ торта, немаше толку шеќер како по други слаткарници што претеруваат, искрено баш се изненадив, имаш некој друг вкус да ми препорачаш?
За од Мариели само чоколадната ми е пробана. Тогаш кога купував продавачката по телефон ми ја препорача и отидов да земам. Топ е чоколадната и не е многу тешка за јадење како нутела малина од Канела. А од Делиција фејв ми е шварцвалд, а исто така добри се и ѕвездената и сахара. Ако одиш таму, купи еклери да видиш што е добар еклер. Сега ново им е еклер со крем од ф'стак. А и скоро се друго им е добро.
Мм јас обожавам ваква комбинација, ќе мора да пробам за ваков предлог добредојдена си да се вмешаш Одамна јас ги обожавам еклерите од Делиција, имам пишувано тука на форум а од овие со фстак немам пробано, ама затоа тортата со фстак ја пробав и одлична е, нов фаворит си имам, таа Симфонија
Супер се тортите, имаме пробано на два родендени - чоко малина и урма, превкусни беа. И декорациите им се врв.
Од Делиција мислам дека нема нешто што не ми се допаднало. Грчката торта, Киндер и најобичната чоколадна ми се врв . Ти ги препорачувам ако ги немаш пробано до сега. Нутела малина не ми текнува дали ја имав нарачано од кај нив или од Канела, ама памтам дека беше малку повеќе блага. Ма да ја сум ептен по благото, па не ми смета. За еден роденден имав нарачано и мафини со нутела и М&М бонбони, превкусни беа. Ако ги имаат уште, ти ги препорачувам и тие.
Јас од Делиција купувам уште пред мн години, поточно од Ченто, таму што им е слаткарницата, доста благи имам пробано од кај нив (сега поблиску ми е во Аеродром па од таму купувам) и трилече ми се допаѓа ептен, благарка сум и јас мада малку се разочарав од тортите, за мој вкус премн шеќер почнале да ставаат, затоа Симфонија како фаворит ми е, не е мн блага. Таа со малина и јас ја сакам. Се на се, јас ден без благо не поминувам освен кога ќе решам да правам пауза ама кратка пауза
Aх, таа пауза и кај мене многу кратко трае. Ама, како да одолееш да не пробаш, ај.. Ја па баш тие поблагите, чоколадните ги сакам. Нутела, чоколада, па и бела чоколада, ванила, бисквити, кокос, тие комбинации омилени ми се и дома најчесто такви си правиме. Трилече исто сакам и јас, ама од Делиција го немам пробано. Овошна не дека не би јадела, не наоѓам маани ја за благо, ретко тоа. Чизкејк сакам, пример. Ама вака, пре би нарачала чоколадна него овошна. Имаш некоја препорака за чоколадна или чоколада со ванила? Може и од друга слаткара, не мора строго Делиција. Симфонија не сум ја пробала мислам дека, ама штом е добра, може да се проба некад.
И јас одбирам чоколадни пред овошни, зборот ми беше општо по сите торти почнаа мн шеќер да ставаат. Кокос малку е да се каже дека обожавам Симфонија е со фстак, баш убаво се осеќа фстакот, да ја пробаш. Чоколадна во последно што сум пробала(баш погоре на темава пишував) од Мариели, таман блага, членка ми ја препорача и чоколадо со портокал, ќе мора таа да ја пробам. Од Зафир во Рамстор имам земено чоколадна, не беше лоша, интересна на вкус. Од овие имам нарачано преку Пакет, штета што не се поголеми сите се превкусни, посебно Профитеролот ммм Тоа би биле мои препораки засега
Сакам да нарачам торта од Делиција, па да ми препорачате со каков вкус да земам, да не е само овошна и премногу блага. Се мислам помеѓу симфонија, флорида или чоколадна
За првиот роденден на син ми нарачавме чоколадна, декорацијата беше врв. Мене на вкус не ми беше ништо посебно, беше тазе, ама ништо посебно иако другите гости ја испофалија
Шварцвалд е No. 1. Ама овошна е, но не целосно. 100% ќе ти се допадне. Тие 3 што ги пиша не сум ги пробал.