Ехе какви ги има, што мислиш од голем мерак им слугува на сите? Сигурно низ нос и вадат што ја примиле назад. Сопствено родено дете пепељашка да го правиш и му набиваш вина што чува битие што трошка среќа и носи. Секој не е за родител, како и младине, ама ете...читаме.
Мене ова Сватот кога се јавил за кучето. А бе кој си ти мамлаз еден да ми се мешаш дома. Ако сакам мајмун ќе чувам.. ете ти ја ќерка ти и зет ти и носете се дома.
Место да ја заштитат ќерка им, они се вртат накај снаата. Не се свесни дека сите одат на старост и дека снаата сигурно нема да ѓи погледне на стари години ни па синот. Знаеме дека ќерка им ќе се врти околу нив. Епа некој му дал слобода и право да коментира така. Ја да сум ќе им ѓи соберам куферите им ќе ти доставам на сватот адресата. Нека ја мисли он кога се прави паметен.
Тоа е се изговор. И кучето е изговор и сватот да пререче прв е изговор. Вака се започнува, ти им даваш прст, тие земаат рака.
Не ги наоѓаме. Си одиме под кирија и заедно си печалиме за свое на пример. Сигурно нема бешика да си расипам, да не можам да стигнам на ред во веце од 100 души во 13 квадрати. Осамостојување се викало.
Ама види за едниов со бременава, а другиов средношколецот пак таа што го гледа и тој без право на глас. Оди фати им го крајот.
А зошто ги нарекуваш примитивци.И братот и сестрата имаат по една соба.Како таа нема ништо?Мислам треба да се намали со навреди за луѓе кои не ги познавате
Многу ми е интересно како праат и глеат деца во ДЕТСКАТА БЕ. Во нивната детска, не во на децата. Ахахаха, ќе си пукнам.
Епа дека не ќе им стига во нивната детска, ај да ја присвојат и детската на дада. Несозреани за живот, не па за деца гледање. Ама тоа старите, сто стапа по грб...
После во детската и со децата на децата може да си живеат. И сестрата во нејзината. Никој шајка да не фати, четка да не удри, што останало од дедо, прадедо-тоа.
По нив најмногу. Не знам како си седат мирни и си дигат раменици покрај овие проблеми. Или шта буде нек буде.
По можност останатиов дел под рента, ретро стил испод 400 евра јок. Тоа се, што ќе му ја мислат, они ги родиле и сега улицата нек ги расте, мири, кара.