Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.325
    Допаѓања:
    205.970
    Пол:
    Женски
    Напротив, не се виновни родителите, ќе си бидам виновна јас за моите избори. Јас научив сама како не треба, не мораше никој да ме учи, секојдневие ми беше. И знаев дека тоа не го прифаќам, макар и по цена сама да останам.
    Татко ми на 79 сфаќа колку згрешил со некои одлуки во животот, ама џабе е сега.
     
    На H.VAGA, eliesaab, Panda00 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    3.622
    Пол:
    Женски
    Ама на мајка ми советите не беа од искуство.
    Таа се скарала еднаш со дедо ми и татко ми не собрал ,само јас сум била родена.
    Кога би живеела во ваква средина можеби и јас не би се нафатила. Што викаш ќе сум видела веќе како не треба...
     
    На JasBee11, Gosh, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.430
    Допаѓања:
    17.391
    Повеќето од вас како да не живеат или не живееле во Македонија па опремување на спрат во куќа (за чие градење не учествувала само свекрвата) го гледаат како седмо светско чудо.

    Во голем дел од случаевите како и во мојата фамилија, работевме сите заедно, со брат ми сме немале нормално детство затоа што и ние работевме од мали по нивите со родителите и се што ќе се спечалеше одеше директ само за градење на куќата.

    И сега кој има ексклузивно право на куќата, само мајка ми како свекрва во истата?

    Нема право брат ми со жена му да го користи едниот спрат и да се чувствува како дома? Мајка ми е таа што пали и гаси и ровари низ секој ќош?

    Јас сум излегла од таа куќа и сум добила дел, сега имам право секој можен момент на снаата да и давам до знаење дека е "на туѓо"?

    Нејсе, истиот случај е и кај маж ми. Само што не ми е јасно зошто кога се вложуваат илјадници евра во опремување на спратовите кои биле карабини тогаш не се бунат свекрвите. Најдобро, сопри ги тогаш, докажи дека ти и само ти како шеф у кучи имаш право на куќава. И оттогаш како оставивме, така остана куќата, ниту една шајка немаат заковано во истата, чекаат на нас. Па и свекорот се јавува кажува каде какви понуди за фасади имало и по која цена. Прави си ја ти фасадата, зошто се јавуваш на син ти кога тој нема право на куќата.

    Е сега наместо за фасада, син му си ги искористи парите за учество за купување на сопствен стан. Нека им зјае сега куќата недоправена. Додека се живи нема да ја видат средена до крај.

    А од друга страна, свеки плачеше, колнеше, паѓаше во кома болна кога им соопштивме дека ќе се селиме во странство, оти нели ќе немало кој да "ја гледа".

    Фала му на Бога што ми се створи прилика за излезам од таму за најкраток можен рок, што веќе осум години не морам да ги гледам секој ден. А тоа што е направено со наша мака е наше и ќе остане наше па макар се посрале врз се. Јас можам да прежалам сè што е таму ама тие од мене нема никогаш да имаат никаква почит ниту ќе ги сметам некогаш како фамилија.

    И баба ми и дедо ми исти беа, покрај куќа моите цел живот мораа да работат за нова куќа да градат. Ете ги, два метра под земја и двајцата. Куќа не си ја зедоа со нив. Сега стои празна, во неа само стаорци се бркаат. Ама битно, докажаа дека е само нивна.
     
    Последна измена: 22 февруари 2026
    На H.VAGA, M.B., eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.101
    Допаѓања:
    276.997
    Какви приказни има, секогаш сум била за живеење посебно макар по цена на ускратување на многу работи, сега сум 1000% убедена во истото.
    Посебно откако живеам скроз сама некои 4 и нешто години, ничија домашна драма (ни на моите) не ме допира.
    Ако им е за здравје 24/7 сум на располагање и тие на мене, за сè останато сите сме возрасни и сами си ги гледаме своите проблеми. Тешко е кога нема кој мене да ми помогне во х ситуации, или што со тие пари можам да одам на патување, АМА мирот нема цена.

    И сега допрва да треба да трпам нечии родители, браќа и сестри, да се занимавам со нивни сфаќања, желби, ми влегла, ми излегла, мислела вака или онака... не. Едноставно, не.
    Ни спрат ни брат, deal breaker е за мене at this point било какво живеење во заедници и слично.
    А домашар сум, сакам фамилија, ама за драмиве немам сила, ни желба.
     
    На Tulip023, LiquidLuna, SummerGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    3.622
    Пол:
    Женски
    @mKdevojce нема шо да пражалуваш ,се освен ѕидовите е подвижно...
    Ние така влеговме во дебата со мм за селење.
    Ама сме вложиле,абе човече јас забегана сум не го искорнав ламинатов еве.
    Ама така ништо нема да и остане кај ќе готви со што ќе пере... еми сеа јас ли да му ја мислам ?
     
    Последна измена: 22 февруари 2026
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.430
    Допаѓања:
    17.391
    Не е толку едноставно да убедиш маж да го направи тоа кога до вчера плаќал кредит за истото, само поради тоа што сестра му нема осет и памет барем како десетгодишно дете.
     
    На Трагедијаупмм и JasBee11 им се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.898
    Допаѓања:
    189.885
    Ете гледаш
    Само секое школо се плаќа
    Однеси си ги стварите во новиот атан и готово
     
    На DragonFly22, JasBee11 и ♡ Izolde ♡ им се допаѓа ова.
  8. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.592
    Пол:
    Женски
    Епа кој тука греши маж ти што тебе ти е маж или сестра му што тебе не ти е ништо?
    Никој не смета дека нејзиното однесување е правилно ама апсурдно е да имаш очекување од сестра на мажот наместо од маж ти.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    3.622
    Пол:
    Женски
    Па еве од искуство ти кажувам одговорот беше тој
    Цитирам : без ништо ќе остане.
     
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.716
    Допаѓања:
    19.768
    Скроз се согласувам. Кој немал такви родители што едвај чекале да ги омажат ќерките, пошто ако останат немажени "што ќе кажат роднините и комшиите". Битно да се омажи и роди, да обезбеди мажот кај да живеат а они со рацете у џеб. Ќе те форсира, мајка ќе ти збори ќе си речеш така треба посебно млада девојка во 20тите и после истите ќе коментираат како сме се разведувале од аздис. А кога бараш помош сама си бирала.
    Катастрофа. Фала богу па следниве генерации не се такви веќе.
    И сам да бирал и да згрешил, бар грб нема никогаш да му свртам
     
    На SummerGirl, Dentina, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.430
    Допаѓања:
    17.391
    Да. Ако ние си земеме се, ќе треба да се вратат на шпорет на дрва да се греат. Ама пак печка за парно 3500 еур вредна и тешка неколку тони, не се мести лесно во стан. Плус цевки, радијатори нема да одговараат. Кујната исто така не одговара. Така да, не ни останува ништо друго освен да прежалиме се и да оставиме нек се посе*ат врз се.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    3.622
    Пол:
    Женски
    Не сме ,пошо од мака сме се опаметиле.
    Уствари зависи и од луѓето некои ќе си останат со тој ум.
    Шо викаш и да згреши што секако барем еднаш ќе се случи во животот небитно околу што ќе гледам да им помогнам а не грб да вртам.



    И реков еднаш шо советуваш за заедници ко ни 3 м немаш живеено... пошо најјакиот совет и е не земај на срце чувај нерви ќе ти требаат...
    Ами па ете така татко ти сакаше ,ако не сакаше и јас ќе живеев шо ќе праев... (facepalm)
     
    На kozuf, Milkiway и JasBee11 им се допаѓа ова.
  13. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    4.983
    Пол:
    Женски
    Истово и го пишав уште вчера.

    @mKdevojce баш оти и да не живееме во Македонија, некогаш сме живееле, а и да имаме негативни искуства од живот во заедница, позитивни или никакви искуства имаме наши луѓе со секакви искуства.
    Имаме разум, јасно ни е се.
    Советот ти го кажав, можеш да го примениш и да си раат, а раатот и мирот немаат цена која е превисока да ја платиш.
    Можеш и ништо да не направиш и ова да си трае и трае додека еден ден не ти пукне филмот.
    Ама и тогаш џабе ти е се.
    Овие се невоспитани суштества како им чини така ќе си прават и да ради вакви дигање кат со ваши пари на нивни имотен лист е меч со две оштрици.
    Еве ради што.
    Биди среќна што 8 год. не делиш ист кров со нив.
    Е како што физички ги множиш со нула преземи си мерки и психички помножи ги со огромна 0.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.