Подарокот нека е мало кутренце, најлојално другарче за бебенцето и се ќе ти е јасно како би било тоа. Кај нечовек, ако сака папата лично нека е око не вртам, а во твојава ситуација си опкружена не само со еден нечовек, туку со повеќе нелуѓе. Не си ставај трн во здрава нога, не паѓај на лигавење, чувај си ги раатот и мирот и во душа и во домот. Те викаат за да глумат пред народот функционална фамилија. Кога е бебе тоа не ни знае која си и што правиш, како ќе расте ќе видиш пројавува ли интерес за контакт. Ама дека се ќе оди преку нелуѓето, тешко. Не си ставај трн.
Вие што велите да ги избрише од животот, исто би постапиле како другите кои после родителите очи ќе си извадат за неплодна нива во наследство. Јас не викам да заборави или прости. Тоа самата треба да размисли дали е способна за такво нешто. Снаи и зетови се менуваат, но браќа и сестри не можеш туку така да ги отфрлиш. Бебето не знае дали тета ќе дојде. Но, ќе порасне и ќе праша некој ден за своите роднини. Што ќе му кажат, се испокаравме и сега не сака никогаш да те види, ради нас. Што е и реалноста. Колку нозе и да и се враќаат, со целосно право, еден саат, макар и пола саат може да посвети. Не ради братот и снаата, туку големината на својата душа, дури и покрај препреките, тета останала човек до крај. А ниедно извини нема мирот да ти го донесе, туку човештвото во тебе. Нека испадне поголем човек. Вака само се спушта на нивно ниво. Тоа е моето мислење. Од каприц, ќе газите по недолжна крв. И јас сум се карала, нема семејство што нема кавги, ама никогаш, повторувам никогаш не сум афектирала внуци. Тие се и мои деца. Што и да им треба, вратата за нив секогаш ми е отворена, без разлика на кого се друг ќе ја затворам.
Јас нема да те советувам оди или не оди, прави како што се чувствуваш. Ако патиш за внучето не гледам поента да не одиш. Оди види го на кратко и замини си. Останатите не ги рецкај пак. Ако немаш желба за одење не оди. Секако нема да заборавиш што се случувало претходно. За снаата не верувам да се кае ама на братот можеби му е криво. Понекогаш човек отпосле сфаќа што загубил. Што и да одлучиш твое си е. Одлучи тоа што мир ќе ти донесе.
И ова сакав да го допишам. Ако не оди, тие целосно ќе имаат право да ја искриват сликата за неа. Без разлика чива приказна била највистинита. Нивната страна би била ,,чесна", ќе му кажуваат, ние цело време тетка ти ја викавме, ама она не сакаше да те види. Значи индиректно самата ќе си создаде простор за манипулирање со реалноста. А ако оди на крштевки, родендени, никој не вика со опростување за нив, сликите, присутноста, ќе се доказ, дека тетката никогаш не го свртила грбот. Утреден може ќе нема на кој да се потпре и токму тука внучето ќе и даде рака. Не знаете кој ќе ви се најде во животот, некогаш и најголемиот душман може срцето да ви го отвори. Човечки е било што да згрешиш. Опростливо, зависи кој сака да живее со црна душа за навек, кој сака да живее во целосен мир. Не ради другиот, туку ради себе. И тоа често пати доцна се сфаќа. Толку.
" Црна душа", my ass. Ти ако те удри брат ти ќе простиш?? Ќе се понашаш како ништо да не било? После се чудиме колку фемициди имало, е па така се учиме - прости ова, прости она, од големината на својата душа, пак нека те тепаат после... Не ми се верува, самозаштита нула. Нејзе ја третираа како небитна, како непожелна, неприсутна и невредна, освен што им годеше да им помага со пари и со домашни работи. И сега оп-троп дојди да видат сите дека иако си иселена, ние си живееме. Ха ха, мислам,... Се' за пред народ... А после они дека ќе ја свртат сликата, секако може да ја свртат. Тоа е небитно. Битно е дека не ја почитуваа и дека сега треба да се почитува сама.
Јас би отишла само ради детето. А со нив нема шо да разговарам. Е од такви проблеми во моето семејство, недавање да се видат внуците децата, денеска никој со никој не збори и не ни знаеме кој ни е фамилија, па не дај боже утре други ден нашите деца може да влезат во некоја врска а нема да знаат оти се братучеди. Заради вакви работи, јас денеска сум сама, не си ја знам фамилијата. Децата нема шо да ја плаќаат грешката на родителите, оти ако ја снема членката од животот на ова детенце, утре други ден тоа детенце ќе се гледа попреку со нејзиното, нема да се сакаат уопште а и самите нема да знаат зошто.
Сметам дека да им било за што ќе кажеле комшиите, немало ни да дојде до караници. Штетата е направена и нема назад. Никој не напиша да отиде и да им каже простете ми. Не знам како површно си го сфаќаш тоа. Туку да прости за себе, на себе и тие околу себе само за да има каков таков однос со внучето. Пак ќе повторам, формата на чинот на простување не опфаќа само вербален збор, туку за себе, да биде присутна во битните моменти на внучето, затоа што ќе се кае. Многу ќе се кае. Не денес, но за 20 години, кога ќе се отуѓат целосно први братучеди. И третиов брат некогаш ќе се жени и ќе има фамилија, нема да си идат по родендени на децата, ќе прави третиот по два родендена. Тогаш истото ќе ја советувате, не иди и тоа внуче да си го гледаш, пошто брат ти ќе биде таму. И едново ќе му дава поклони, другово како од марс паднато, ќе се прашува зошто мене тетка ми не ме сака. Мислам или не гледате трезвено или пишувате без некаква емпатија за недолжни деца.
Според мене, одговорноста за негување на односите во семејството е на двете страни (на сите поточно, што се вклучени во семејството) Затоа мислам дека не гледам површно, туку гледам дека другата страна не прави ништо за да го поправи односот. Не гледам каење, ниту уважување на нејзината личност, туку чекор за навидум задржување на семејните односи. Секако, нејзино си е дали ќе оди или не. А за фамилии што спомна адидас, за твојата не знам ама сигурна сум дека има фамилии во кои подобро е да не се одржуваат односи.
Ами кај беа до сеа братот снаата па и нејзините? Запамтите од такви луѓе едина работа правилна е да немате контакт Инаку цел живот ке бидете повредени понижени разочарани
Уф која емотивна манипулација. Не е внучето криво, оди за него, ама за 20 години внучето ќе мисли ти си лошата. Значи ти твојата страна ја знаеш. ОНИ се тие што избрале ти да не сакаш нормален однос со нив и внучето, ОНИ се тие што не сакале фамилија, не сакале сестра и золва и ќерка. Значи они. Не ти. Како овие болеснициве што ти викаат не пријавувај ако те нападне чувано куче, ќе го успијат, греота е. Газдата што чува агресивно куче веќе му ја одредил одамна судбината него. Така и тука. Они одлучиле дека ти не си нивна фамилија. Брат не се наоѓал на улица. Океј, ете сестрата ја избркаа на улица. Не оди, сериозно. Крај крајова оди ако сакаш да си ја погазиш гордоста. Нека мисли внучето лошо за тебе. Ќе боли, ама ти е гајле. Душата ќе ти е мирна дека ти од твоја страна не си згрешила
Не ми е јасно што искрено романтизирате? Се обидувате да минимизиратe нечија траума со приказни за внуци и идни деца како ќе се дружеле 2026-та е, редно е луѓето да престанат да градат маскирани односи врз токсични корени and call it a family
Она не треба да му прости на брат и и снашката, ама детенцето не е ништо криво па за да не го гледа или да се има со него. Јас имам први братучеди со кои нити сум се запознала нити ме познаваат, може и не знаат дека имаат прва братучедка а и да знаат, незнаат како изгледам, и се ова ради нашиве родители шо се испотепале на времето. И шо ми се криви мене децата, ништо не ми згрешиле. Ми згрешил чичко ми и него нема ни да му прпстам ни да му заборавам, но не неговите деца. Баш би сакала да се имаме, ама ете од такви работи, отуѓени сме и ќе се поминуваме како странци по улицата а нема ни да знаеме зошто. Да можеле нашите родители да размислат малку, ај они шо се карале и шо не се сакале, да не го стават тоа истото и во децата. Децата не се виновни за ништо, ама кај нас таков ни е менталитетот, ни својата крв не си ја сакаме, ако некој нешто ни згреши, ќе му ја замрзиме и семката и поколението и комшиите и се.
Членката и да сака да изгради здрав однос со внукот, мислите дека еден ден родителите нема да му ја наполнат главата на детето за тетка му? Такви луѓе не се менуваат, можат само провидно да глумат. И не може да и правите victim blaming на членката кога не е таа крива за тоа што се запрашува дали да оди на крштевката на внукот. Колку и да е жално да не можеш да имаш контакт со детето, нели внуче е, не е криво за ништо, ама сепак никој не е вреден за да ве гази, малтретира, наведува на самоубиство, макар била и родена мајка. Прекинувајте контакт, токсични особи и лажна фамилија не ви треба во животот, а подобро ќе биде и за децата така наместо глумење и лигавење неколку саати по родендени и крштевки.
Никој не ја тера да оди, нека не оди ако не сака. Може поклонче да пушти преку некој. Детенцето кога ќе порасне може да го поздравува во градот, да идат на јадење или било шо заедно, да му се јавува да му честита роденден или било шо. Немора уопште да ги погледне неговите родители. Ама тоа е моја перспектива како дете од таква дисфункционална фамилија. Имам 7 први братучеди, од кои со половина се неам ни запознато а со другата половина се запознав многу касно, кога бевме веќе отуѓени и не ме сметаа за нивна фамилија. Нашите шо се караа се караа, ете ги, остареа, кој умре кој не, останавме ние децата. И зошто сега јас седам сама без никој мој близок? Заради нив. Нити некој да ме праша како сум, нити да ми честита роденден, нити ми имаат честитено деца шо сум родила, не ни ги знаат. Пак ќе кажам, не зборам за старите - родителите туку за нас децата. Се може да помине и да се заборави а и да не се заборави - пак ќе помине, ама отуѓеноста меѓу децата - нема да помине. Ако е спремна членката на ова, нејзиното идно здравје боже, да нема контакт со братучеди, тогаш нема потреба нити да им се јавува нити да ги бара. Ама односот со внукот, она треба да го воспостави прва, па шо ќе биде понатаму нека биде. А ако не сака, не мора.
Извини, адидас ама ова ми е скроз нереално. Како бе ќе иде со внук/внука на јадење, а со неговите не си живее, или скроз нема контакт? Еве не мора да нема контакт, едноставно не се блиски. Ќе го киднапира? Ќе му упадне непоканета на роденден? Па и од другата страна да сум пак ми е ван памети тетка или вујна whatever,ќе ми го носи детето некаде без јас да знам, да дозволам?!? Во кој свет живеете, луѓе? Одговорноста за детето си е на родителите и тие му ја обликуваат иднината и односите, сакале или не. Како ќе гради однос, скришно ќе му пишува? Ќе му праќа честитки и поклони во mailbox? Ќе го поздравува во град, ок, и што? Значи, не сум за да се одродуваат луѓето безвезе, ама ситуацијата на членката не е тоа. И плус, далеку отидовте со последиците, а тоа што е пред нос го негирате - дека не ја почитуваат. Аман, заман, да си живееле идните генерации. Гледам процветавме од што прекрасно си живееме, со сплетки и ножеви во грб, а и со семејно насилство колку сакаш, се од "љубов"
Се слагам јас дека децата не се криви заради проблемите на родителите, тоа е точно. Меѓутоа според тоа што го има пишувано членката за тие двајца, мислам дека би го пикале носот константно во нејзината врска со детето, зошто тие му се родители и проблемот е во нив. Не и требаат главоболки повеќе. Тие сигурно би ја канеле за родендени и други дешавки колку да покажат слика пред народ дека се во добар однос, ама не верувам дека мајката би и дозволила да го однесе детето на ручек или да помине ден со него.
Па за вас ако е скроз нормално ова, за мене не е. Се гледа колку сакате и внуци и се, едвај чекате при првата кавга со некој трет, одма да ги отпишете од живите. Додуша и не ве кривам, така се научени скоро сите во Мк. Ако за вас ова е нормално тогаш јас потекнувам од најнормалната фамилија шо постои во Мк.
Ако си го сака внучето ќе се потруди околу него. Па сега понатаму не се знае, дали они ќе дозволат или не. И да не дозволат, внучето еден ден ќе порасне и само ќе сфати дека и покрај нивните несогласувања, тетка му била добра спрема него. Е сега, ако не се замара и за него, нека прекине контакт со сите најубаво и готово.
Искрено нормално е, пошо ко луѓе сме се оттуѓиле ние. Со моите најблиски роднини зборам за први братучеди, контакт одржувавме само коа бевме мали, потоа како влегоа у врска пошо постари од мене се, како стапија у брак, па и деца добија, контактот е сведен на 0. Само со едно од децата нивни колку толку иам контакт, ме знае детето, другиве веруј не ме познаваат. Нз Ск не е преголемо, а никад бе никад чоече еден неам сретнато, вајда и да се сретнеме се разминуваме у брзање, врска неам. И тоа шо немало некои кавги, ништо буквално, али ете едноставно ко шо реков се работи за оттуѓеност. Ни родендени не си честитаме, не ни знаат коа ми е, неам фб Членката нема шо да попушта, нека не се погазува себе, такви луѓе се бришат од животот. Детето не е криво, но ја да не сум не би идела. Секако ќе јадат гомна за неа, макар и најдобра да е, они ја мразат, што све не и' имаа напраено, нема да се сменат тие луѓе.