Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    27.075
    Не за секого е битно дали ќе има на кого да го предаде богатството. Исто така, можеби никогаш нема да имаш богатство за предавање, не си помалку човек поради тоа. Сосема други теми, како и да е.
     
    На CameliaMiller, JasBee11 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    43.189
    Пол:
    Женски
    Многу е грдо за жена што има родено дете да речете дека се коти како зајак
     
    На anggell, eliesaab, Peperutce6 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    27.075
    Грдо е, ама не сè што некој ќе каже значи дека е вистина.
     
  4. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Не си помалку човек и ако родиш дете во заедница.
     
    На Moon&me, eliesaab, DarkStormm и 2 други им се допаѓа ова.
  5. winnie02

    winnie02 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    2.345
    Пол:
    Женски
    Исто така е грдо да се ствара дете без да се размислува на повеќе фактори. Ќе уживаме, шетаме и журкаме во младоста бесцелно за после да ги кривиме сите што не ни дале нешто гратис?
    Еден што сакал, а да не створил не познавам, макар и на минималец, ако се насочи кон тоа ќе најде чаре.
     
    На LibreGirl, Gosh, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    27.075
    Не си по дифолт.
    Сè е индивидуално. Зависи од многу нешта. Не е секој случај ист. Само така кажано, ништо не значи.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.591
    Допаѓања:
    138.686
    Пол:
    Женски
    А, бе доста со тоа „ќе видиш кога“...
    Колку години сум овде и редовно читам членки чии ставови за некои нешта остануваат исти и покрај разните ситуации.
    Некои се поинаку воспитани од вас, дека мора да одберат опција поинаква од онаа која ја одбрале родителите. Некои од нас имаат жени во семејствата кои си страдаат/страдале во заедница, па на нас ни зборат да не се зезнеме како нив. Знам луѓе кои и со мали примања полека си создавале свое, па успеале и си формирале семејства. Не е невозможно.
    Тука можете да правите филмови дека ви е супер во заедница оти форумов е анонимен. Нема лесно да ви веруваме.
    Треба да се мисли.
    Едни нема да добијат место за живеење од мама и тато. Други ќе добијат, но под услов да го чуваат само за не дај Боже ситуации. Не да живеат таму со партнерите.
    Колку и да е фино семејството на мажот, има граница. И да не сакате, ради нешто ќе си засметате едни на други.
    Може да има и непредвидливи настани. На пример, силна временска непогода да ја сруши куќата.
    Што ќе правиш ако немаш друг имот на страна или ако немаш ни пари за ќирија, или ни помош од роднините?
    Ќе се сликаш на улица. Ако си со дете, тогаш е уште потешко.
    Или ако некој од семејството се повреди или разболи тешко, оф леле ќе ти е.
    Другите не се должни да мислат на твоето дете, туку ти како родител треба да си мислиш и да му обезбедиш. Не после кви, кви, донации...
     
    На Алек***, eliesaab, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    4.687
    Пол:
    Женски
    Нормално не, и не е во ред тоа што и се случило на членката со снаата.
    Затоа треба да си одлучи сама.Тука еден куп пишувања повеќе ја збнивме него што и помогнавме.
     
  9. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    15.046
    Пол:
    Женски
    Oh wait...чекаш години да се ситуираш и викаш,е сега дете ќе правиме...упс проблеми на патот,како што гледаме последниве години колку парови се борат со стерилитет,отидоа и годините и парите во таа борба...
    Често велиме од љубов не се живее,ама љубовта и пред се избор на добар партнер е најбитно од се,со љубов и разбирање се поместуваат планини.
    Животот мава шамари,тешки и жешки,посебно кога сме горделиви.
    Некој погоре пиша дека како родител на двајцава кога братот ќе ја удрел сестрата ќе го избркала синот со се партали....мхм секако,јас верувам дека во таа цела ситуација на родителите им е НАЈтешко!!!
     
    На IRBBB, anggell, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  10. winnie02

    winnie02 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    2.345
    Пол:
    Женски
    Не чекаш, се градиш, развиваш и ствараш уште од средно, вештини, карактер, каква таква работа. Кога дошол бракот си правиш свое гнездо, колку се може, за кирија ваљда ќе покриеш, штом веќе имаш некоја работна етика и навика.

    Сите што после “не можеле да чекаат за да створат” поминаа младост шетајќи и кафе пиејќи. Ок на некој им се посреќи гратис дадено, ама ако играш на таа шанса може и ќе почекаш стварно и тебе да те покака птица со готов стан.
     
    На Gosh, CameliaMiller, JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    27.075
    Може и да земете кредит, двајцата да го отплаќате и да ви е израчунато дека отприлика ќе ви требаат 25 години од животот да го исплатите, и добро да ви оди една декада. И може да има и непредвидливи настани. На пример, силна временска непогода да ја сруши куќата.
    Што ќе правиш ако немаш друг имот на страна или ако немаш ни пари за ќирија, ќе прифатиш помош од роднините? На пример, да одиш да живееш под заедница?
    Ќе се сликаш на улица. Ако си со дете, тогаш е уште потешко.
    Или ако сопругот умре, оф леле ќе ти е.
    Другите не се должни да мислат на твоето дете, туку ти како родител треба да си мислиш и да му обезбедиш. Не после кви, кви, донации...
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.141
    Допаѓања:
    191.817
    Пол:
    Женски
    НЕ СИ ПОМАЛКУ МАЈКА.

    Аман со тоа требало да мислат. Вие дома им бевте и ги видовте дал мислеле ил што мислеле? Иначе и најголемите мислители не оствариле се по план. Само затоа што во моментот се во таква ситуација не значи дека не мислеле. Очигледно појма немате што се може да се издеси во животот, кога ќе се деси живот. Свесни сте дека сите ги немаат истите услови и опции од најрана возраст за развивање и создавање и дека за некој некои работи доаѓаат подоцна? Сериозно понижувате голема група жени, притоа сите ги знаеме условите во нашата земја кои не секогаш се на страната на жената.
    Да има и мал процент млади и лабилни што не мислат, ама дај не ги ставајте сите во иста група.

    Иначе под мој покрив родив 3 деца, никој не ми помогнал и никому не дужам ништо и пак сочувствувам со другите. Сериозно, знаете колку е грдо кога си во незавидна ситуација некој да ти дроби над глава требало да мислиш без ни да знае дали си мислел и какви се успатни работи те довеле до некоја ситуација?

    Иначе супер што се сте смислиле во животот и јас исто имам се смислено и за сеа ми е ок, ама свесна сум дека животот може да ми се преврти во секунда.
     
    На MeowMeow, LibreGirl, mama31 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.502
    Допаѓања:
    43.189
    Пол:
    Женски
    Многу е интересно тоа што се котат како зајаци го изјавуваат луѓе што немаат деца. Ај мош кога ќе се накотете и вие друго ќе размислувате
     
    На SummerGirl, IRBBB, anggell и 4 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.248
    Допаѓања:
    141.053
    Пол:
    Женски
    Е па тука е проблемот. Никој не вели да не се жени ни да не раѓа некој деца, туку да е свесен дека кога влегува во заедница она или он е дојден и не може да брка членови на фамилија.
     
    На SummerGirl и JasBee11 им се допаѓа ова.
  15. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    15.046
    Пол:
    Женски
    Па можеш да имаш дете и да одиш под кирија...кога според вас е "доволно" која е границата на "сигурноста"?
    Да не се разбереме погрешно не оправдувам кога двајца скроз незрели неодговорно случајно или намерно прават дете,туку на оние со поскромни услови што сакаат порано да основаат семејство.
     
    На JasBee11 и forumce им се допаѓа ова.
  16. winnie02

    winnie02 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    2.345
    Пол:
    Женски
    Или обратно, има мал процент што мислат, а повеќето лабават. Секој од неговата околина изгледа кажува. Живот се дешава, неспорно, и на тие што се трудат и на тие што лабават.

    И сочувство треба да се процени кај се дава, не по дифолт кај секого, оти насочено кон погрешна личност, ја казнуваш реалната.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Свекрвата практично си го примила синот. Може секој од секаде да те исфрли. Ама извини што попрво верувам на фамилија отколку некој што не ме ни знае ни познава. Особено најблизок род.

    Нема везе, ти ќе си стоиш на твоето и е сосема во ред. Ама со тоа што коментираш и визуелизираш самиот чин на раѓање како котење е тоа не е во ред. Чувај мачки, кучки, стаорци, бубашваби што сакаш. Конкретно на мене, детево не ми е зајак, па да се котам.
     
    На SummerGirl и DarkStormm им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.519
    Допаѓања:
    29.236
    Пол:
    Женски
    Па животните прават потомство без да мислат дали е време и место.
    Така и братот и снаата.
    Неќела куче, 100 души на куп ама ајде ќе напрајме дете сега и овде па другите нека му ја мислат и нека се прилагодат.
    Дете средношколец и луѓе од 60 години ќе се будат у ниедно време од бебе што плаче, жити осетот.
     
    Последна измена: 10 јули 2026 во 18:14
    На Gosh, JasBee11 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  19. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.933
    Допаѓања:
    5.671
    Пол:
    Женски
    Јас не трпам ничии срања под никакви услови. Два месеци живеев во заедница и сфатив дека не е за мене. Не паднаа кавги, едноставно ми беше неудобно и имаше несогласувања.
    Ама си дадовме рок и се средивме да сме посебно. Ама сигурно немаше да одложам свадба и бебе оти ете не ми се живеело така. Кога најдов вистински партнер, со исти ставови и заеднички да се трудиме, немав потреба да чекам. И пари од небо не паѓаат. Ама ако не се омажев, ако не ми дојдеше јајцето на гз немаше нишѕо и да успеам да направам.
    Како викаат, немам пари да купам куќа, па почни да правиш куќа, ќе видиш дека ќе направиш и пари, ќе се трудиш за што побрзо да ја завршиш.
    Јас викав дека никогаш нема да земам кредит и да се заглавам, еве ме два кредита враќам.
    Правев многу избори во животот и се што сум се трудела да избегнам ме нашло како неизбежно сценарио. Конкретен пример е моето образование. Не го следев мојот сон, не студирав тоа што сакам за да не заглавам во одредена професија. Запишав целосно спротивен факултет, се разубедив на други соништа кои би ги остварила, ама една година откако го завршив излезе дека сепак морам да ја работам баш таа професија која од почеток се трудам да ја избегнам.
    И за се е така во животот. Кога ме карала баба ми да средувам оти "ќе ме вратат на третиот ден кога ќе се омажам" јас и викав дека ќе имам слугинки. Која иронија, сеа јас сум како три слугинки со два сина, работа и пропратни обврски.
    И јас си викав нема да раѓам пред 30-та и нема да се мажам. Ахам важи.
    Исто викав дека ќе живеам и работам во странство, и тоа е јака иронија. Сите на кои тоа им го зборував се сега таму во странството, јас сум овде.
     
    На Orchidea, Stressed Out, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  20. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.546
    Допаѓања:
    18.125
    Никој не вели дека е лошо да имаш свој стан пред да се омажиш и раѓаш деца, ама тоа не значи дека во Македонија за барем 80% од младите заедничкиот живот не почнал со живот на спрат кај родителите.

    Од искуство потврдувам дека живот под еден кров со свекрва е бљак ама тоа не значи дека имаш право да ги омаловажуваш и навредуваш оние што од х причини не го започнале заедничкиот живот и формирањето на семејство со претходно 100% спастрен живот.

    Патот до сопствен дом е борба која не е ни најмалку лесна, посебно во Македонија со 500 еур плата и 2500 еур цена за метар квадратен. Ете и сама си одговори, и мајка ти се котела под туѓ кров така да намали малку со осудите.
     
    На SummerGirl, Peperutce6, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.